Прашање за Христијанството III

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138

... штом се раѓа секоја година (Божиќ) и доаѓа Нова Година, така и Воскреснува секоја година!
Времето и природата имаат кружно движење, но човекот не треба да биде понесен од тоа движење.Толку не можете да го видите тој кружен тек во кој се вртите како во затворки двор?

Исус кажа .....Синот Човечки е господар и на саботата.

Господар на времето со својте промени од минути ,саати, денови до години и векови , не слуга.

Еве и апостол Павле ви го кажа уште појасно

8. Но тогаш, бидејќи Бога не Го познававте, им служевте на богови, кои по својата природа не се богови;
9. а сега, откако Го познавте Бога, или, подобро, откако Бог ве позна, како тоа пак да се враќате кон слабите и лоши стихии, на кои пак сакате одново да им служите?
10. Гледате на деновите, месеците, времињата и годините


Што сакате повеќе да прочитате , а да разберте дека тој што ве стави под јаремот на времето во кој сте си обележале празници и во круг си ги повторувате е истот кој ќе ве ослободи. Нели е кажано дека Исус е алфа и омега, почеток и крај?

Ако со него почнало да се мери времето со него и ќе заврши.? Но вистинско прашање е дали сте спремни да излезете од времето?

Затоа предходно кажав дека нема да ви се допадне тоа што ќе воскресне.Змија (синусоидно движење)... време, ново време.

А новото време веќе почна да "раѓа", а старото да се руши, а со него и празниците ќе паднат.

п.с. не прашувај ништо за кружно повторување членови кој слават празници за свој пророк, ништо нема да кажат бидејќи сте во исти кош.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.931
Поени од реакции
5.072
Зошто го чекате воскреснувањето секоја година?
Симболички само прослава како победа над смртта, ритуал кој што дава подлабока суштина на христијанската догма?
Воскресението не е догма.

Тоа е „празник над празниците„, ден кој циклично, секоја година, не‘ потсетува на доброволното жртвување, кое Синот Божји го изведе за сите нас, земјаќи ги сите човечки гревови на Свој грб, водено простувајќи ни ги, и преку таа последна крвна жртва, секој од нас е објектовно спасен.

Сега, секому од нас му преостанува да одлучи дали ќа је прифати таа Синовска жртва, ќе се преуми, ќе се покае и ќе се приклони кон Христа, или ќе продолжи да се валка во осветовните и гревовните вредности...
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Времето и природата имаат кружно движење, но човекот не треба да биде понесен од тоа движење.Толку не можете да го видите тој кружен тек во кој се вртите како во затворки двор?

Исус кажа .....Синот Човечки е господар и на саботата.

Господар на времето со својте промени од минути ,саати, денови до години и векови , не слуга.

Еве и апостол Павле ви го кажа уште појасно

8. Но тогаш, бидејќи Бога не Го познававте, им служевте на богови, кои по својата природа не се богови;
9. а сега, откако Го познавте Бога, или, подобро, откако Бог ве позна, како тоа пак да се враќате кон слабите и лоши стихии, на кои пак сакате одново да им служите?
10. Гледате на деновите, месеците, времињата и годините


Што сакате повеќе да прочитате , а да разберте дека тој што ве стави под јаремот на времето во кој сте си обележале празници и во круг си ги повторувате е истот кој ќе ве ослободи. Нели е кажано дека Исус е алфа и омега, почеток и крај?

Ако со него почнало да се мери времето со него и ќе заврши.? Но вистинско прашање е дали сте спремни да излезете од времето?

Затоа предходно кажав дека нема да ви се допадне тоа што ќе воскресне.Змија (синусоидно движење)... време, ново време.

А новото време веќе почна да "раѓа", а старото да се руши, а со него и празниците ќе паднат.

п.с. не прашувај ништо за кружно повторување членови кој слават празници за свој пророк, ништо нема да кажат бидејќи сте во исти кош.
@alf

– "Учитељу, много има закона међу људима, но има ли који лековит?
– Заиста, има свега два закона – одговори Свечовек. Један је пророчки, а други месијански. И осим та два других нити има нити ће имати.
– Учитељу, који је од та два лековит?
– Први привија рану, а други је лечи. Одговори Свечовек.
.
.
Први вели: посвети Господу Богу седми дан;
Други вели: посвети Господу Богу све да
не.
.
.
А ко седми дан посвећује Богу, док шест дана посвећује себи, шестоднев његов напуниће и седми дан, и Бог ће бити прогнан из његовог времена. А ти, испуниш ли шест радних дана мишљу о Богу и молитвом, лако ћеш и радосно празновати седми дан.
.
.
Лепрозни, први је закон дат, да научи људе не рушити живот, а други – да их научи зидати живот.
Лепрозни, први закон је служио, да веже месо и крв, а други, да одухови месо и крв.
Први закон писан је каменом по каменој табли, а други духом по месу и крви.
Пророчки закон, лепрозни, дат је, да би човек страховао од Бога, а месијански, – да би човек сарађивао са Богом.
Први, да би спречио болест, други, да би је излечио."

п.с.Знам дека Хепта ќе се лути затоа што само ставам цитати ама битно е поентирањето во стил на "закуцавање" во еН Би Еј и табла кршење...:coffee:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.158
Догма е. Целото христијанство е догма.
Постојано наметнување да се прифати грев во однос на божественото е догма.

Ако нема грев, ќе има потреба од христијанскиот концепт на спасител кој што треба да дојде пак?

П.С. Само во христијанската догма христијанинот се турка себе си и другите во огревовеност и валкани игри на Земјата, тоа не може мене да ми го наметне никој.
Тој што мисли дека е грешен и има наследен грев, ете му го христијанството или ислам и нека турка. Така јет нели?
Инаку ќе требаше цело човештво едни исти ритуали да прави и на ист начин обожува... Но не е така.
Автоматски споено мислење:

Убаво е цитатчето да е со линк до цел текст, да може кој сака да ја сфати подобро поентата, да биде закуцавање par excellence ...
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.931
Поени од реакции
5.072
Догма е. Целото христијанство е догма.
Постојано наметнување да се прифати грев во однос на божественото е догма.
Догма е објавена, проверена и црковно/соборно потврдена вистина од духовна природа.

Догмите се точно набројани (догма за Света Троица, догма за овоплотувањето Христово...) и се неодвоив дел од учењето од Црквата.

Само учење како целина, наречено „катихезис„, е непроменливо затоа што напросто е совршено, па она кое е совршено и спасоносно, нема потреба да се „прилагодува„ на овосветовните ветрови на променливоста, нетрајноста и пропадливоста.

Личниот осет и свесност за својата огревовеност не се наметнуваат, туку им се укажуваат на луѓето, се‘ додека некои од нив (од луѓето...) не стеткнат отвореност на своите духовни очи и увид во својата лична огревовеност.

Објективно се раѓаме огревовени и смртни, по наследениот принцип наречен „првороден грев„, а не оти така некој ни кажал...
Автоматски споено мислење:

Ако нема грев, ќе има потреба од христијанскиот концепт на спасител кој што треба да дојде пак?
Има грев и тој е очигледен. Сега, ш‘о прајме?...
Спасителот нема да дојде пак за да не‘ повика на покајание и спасение, туку ќе дојде пак за да ни суди праведно.
Христос умре еднаш, нема да умира два пати, оти веќе воскресна.
Автоматски споено мислење:

П.С. Само во христијанската догма христијанинот се турка себе си и другите во огревовеност и валкани игри на Земјата, тоа не може мене да ми го наметне никој.
Тој што мисли дека е грешен и има наследен грев, ете му го христијанството или ислам и нека турка. Така јет нели?
Инаку ќе требаше цело човештво едни исти ритуали да прави и на ист начин обожува... Но не е така.
А кој ти го наметнува христијанството, кога имаш слободен избор за приклонување и кон други религиозни учења?...
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.158
Не, нема грев. Тоа што ти си прифатил да имаш грев е твоја работа. Сеа шо прајме?
Ќе ми проповедаше дека сите се грешни?
Кој си ти да судиш за другите луѓе, за човештвото?

Ти го наметнуваш со ваков стил на говор самото христијанство, дека сите се под законот на христијанската догма.
Не, не сме.

На Земјата само вие христијаните имате наследен грев и ви треба спасител... Не може да велиш човекот е огревовен... Така велиш со скриена агенда дека другите се зло, веруваат во погрешни богови и идеали и имаат погрешна надеж...

Ќе велиш Христијанинот кој што верува во наследен грев бара покајание итн итн и потоа цепај со догма и истите фрази за покајание и слично...

Има разлика ако се говори така нели, да се изгуби апсолутноста дека православието е врвот од христијанските цркви и над другите религии...

Ти си тој што ќе проповедаш дека христијанството е апсолутна вистина за секој другиот не е вреден, грешен е, огревовен, удавен во зло?

Тоа мислиш е во ред, заради догма која без државата ќе беше ништо... Бидејќи наследи неправилно стари учења и премина во егзотерија...?
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.931
Поени од реакции
5.072
Не, нема грев. Тоа што ти си прифатил да имаш грев е твоја работа. Сеа шо прајме?
Ќе ми проповедаше дека сите се грешни?
Кој си ти да судиш за другите луѓе, за човештвото?
Да, има грев, исто како што има и Сонце и Месечина.
Неспособноста за увид во својата огревовнеост е и причина за омраза кон Христа, оти Он (Христос) ни укажа на нашата огревовеност.

Сега, можеме да се спасиме, исто како што можеме и да изгинеме-ствар укуса.

Да, сите сме грешни, со тоа што некои за тоа се свесни, а некои не се-нивен проблем.
Автоматски споено мислење:

Ти го наметнуваш со ваков стил на говор самото христијанство, дека сите се под законот на христијанската догма.
Не, не сме.
Не наменувам никому ништо, само сведочам за својот Бог и вера, како што е должност од сите верни во Христа...
Ако Бог не ни наметнува, почитувајќи на нашата слободна волја, не наметнувам ниту јас.
Автоматски споено мислење:

На Земјата само вие христијаните имате наследен грев и ви треба спасител... Не може да велиш човекот е огревовен... Така велиш со скриена агенда дека другите се зло, веруваат во погрешни богови и идеали и имаат погрешна надеж...
Да. човекот (како род) е огревовен па затоа Христос го повикува целиот род на спасение. Поканата Христова не е насочена само кон поедини народи, туку кон сите.

Но, мнозина се повикани, а малкумина се спасени...

Да, другите кои веруваат во своите богови се школски пример за идолатрија.
Автоматски споено мислење:

Ќе велиш Христијанинот кој што верува во наследен грев бара покајание итн итн и потоа цепај со догма и истите фрази за покајание и слично...
Христијанинот не бара покајание, туку се кае цел живот. Догмите се поткрепа за вистинитоста на неговиот религозен избор и живот.
Автоматски споено мислење:

Има разлика ако се говори така нели, да се изгуби апсолутноста дека православието е врвот од христијанските цркви и над другите религии...
Да, има разлика и таа е лесно воочлива.
Ниту една друга религија не јаде и не пие од својот Бог. Нту една друга религија нема посредник меѓу нивните богови и нивните религии. Ниту една друга религија не нуди единство меѓу нивните богови и нивните верници.
Автоматски споено мислење:

Ти си тој што ќе проповедаш дека христијанството е апсолутна вистина за секој другиот не е вреден, грешен е, огревовен, удавен во зло?
Да, зашто да не?...
Автоматски споено мислење:

Тоа мислиш е во ред, заради догма која без државата ќе беше ништо... Бидејќи наследи неправилно стари учења и премина во егзотерија...?
Верата Христова е наменета за сите и достапна за сите. Во неа нема ништо езотерично. Христос проповедаше јавно, пред присутни, не тајно, пред одбран изолиран круг од слушатели.
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Мудрувал писателот опиен од "виното" , а гледам и ти си се опил во спортки дух.Исус не ги учеше во спортски дух своите ученици , туку дека ќе бидат гонети , тепани и убивани заради неговото име.
Тоа многу кажува колку си промашил во своето верување.

Во контекст на текстот во кој има акцент за времињата.
Нема голема мудрост во зборовите , со постојано вртење за големото доближување до бог.
Демек ако работиш 6 дена за себе, а седмиот му го посветиш на бог , не е исто што и 6 дена да му ги посветиш на бог..духовност нула.

Седмиот ден како заповед се појавува во 10 божји заповеди кој иде вака..

4. Помни го денот саботен, за да го празнуваш. Шест дена работи, и сврши ги во нив сите работи свои; а седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог; тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни волот твој, ни ослето твое, ниту придојдениот, кој се наоѓа кај тебе. оти за шест дена ги создаде Господ небото и замјата, морето и се’ што е во нив; а во седмиот ден си отпочина: заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети.

Сега, потсети се во битие при создавањето, единствена забрана или опомена беше не јади од овошјето за познавањето на доброто и лошото, но откако згрешија и ги исфрли од рајот постави огнен столб кој се врти за да го чува влезот во рајот.

Тој огнен столб е времето, ставено како закон во 10 божји заповеди.

Колку време ќе му треба на човек или на човештвото да ги надмине законите, да ги скрши оковите и помине преку огнениот столб(времето) да вкуси вторпат од плодот и да влезе во вечноста?

1000год, 2000год, ...колку свети саботи треба да поминат?

Така кажа бог кога го стави столбот, да не случано се вратат и вкусат од плодот, па да ЖИВЕАТ ВЕЧНО.

А во вечноста мислиш постои време со промени?Постои сабота, свет 7ми ден?

И сега, врати се на текстот со кој спортски закуца и прочитај како писателот ви го затега јаремот на вратот не помислувајќи да ве ослободи.
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.931
Поени од реакции
5.072
И сега, врати се на текстот со кој спортски закуца и прочитај како писателот ви го затега јаремот на вратот не помислувајќи да ве ослободи.
Како треба да „изгледа„ ослободувањето?...И ослободување од што, од кого, кога, како, каде, зашто?...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.158
Да Ве потсетам само бидејќи некако се заборавивме!

@alf @PROROKOT @Лаик и останати знајни и незнајни!

Ако сакате да направите дискусија коментирајте во соодветна тема, ако ја нема - отворете тема поврзана со она за што сакате да дискутирате!

1. Се поставува прашање од било кого, без разлика на верата (Но наведете дали се однесува за Католик, Православен или Протестант(адвентисти, баптисти, евангелисти итн))
2. Прашањето се одговара само од Христијански верник, пожелно од некој кој стварно знае да одговори, дозволено е и повеќе одговори но само од верници од Христијанството, кои ако мислат дека првичниот одговор не е во ред односно не е потполн и сакаат да дообразложат/дополнат.

После добиениот одговор може само да побарате и дообјаснување ако нешто не ви е јасно но конкретно посочете за кој дел од одговорот .. друго ништо!

Ако некое прашање мислите опфаќа поголема дискусија, ако сакате да дебатирате тогаш отварате или отварам тема за истото, оваа тема значи ќе биде стрикно Прашање-Одговор, кратко и јасно без спамови, без километарски цитати и со свои зборови.

Ригорозни санкции за непочитување на правилата на темава ! (во превод секој офтопик минимум 3 казнени поени, што би значело со 3+ офтопика = бан 1 недела), континуирано спамање, тролање, офтопичарење = бан од тема доживотно. :)
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Како треба да „изгледа„ ослободувањето?...И ослободување од што, од кого, кога, како, каде, зашто?...
Пробај со без временски интервал во умот да расудуваш, можеби ќе осознаеш ново преумување.
Автоматски споено мислење:

Да Ве потсетам само бидејќи некако се заборавивме!

@alf @PROROKOT @Лаик и останати знајни и незнајни!

Ако сакате да направите дискусија коментирајте во соодветна тема, ако ја нема - отворете тема поврзана со она за што сакате да дискутирате!
Премести ги коментарите во друга тема.

Веќе постирав.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.168
Поени од реакции
10.156
Книга Мудрост Соломонова

13. Бог не ја создал смртта и не ѝ се радува на пропаста на живите;
Не ја создал, ама знаел дека ке ја има.
А на што се радува Бог? Не се радува на пропаста на живите, но од друга страна ти вели, ако не живееш спрема моите закони, нема да имаш вечен живот, ке гориш у пеколот, ке те чека божји суд итд итд....замрсени работи колку сакаш во ова библијата.
Убаво Алах рекол(можеби некој од неговите посаланици, незнам) дека најдобар верник е оној што најмногу мисли на смртта и најдобро се спрема за неа да ја дочека.
Можеби овие стихови се за тебе најубави, но мене ми се тотално збунувачки.
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Не ја создал, ама знаел дека ке ја има.
А на што се радува Бог? Не се радува на пропаста на живите, но од друга страна ти вели, ако не живееш спрема моите закони, нема да имаш вечен живот, ке гориш у пеколот, ке те чека божји суд итд итд....замрсени работи колку сакаш во ова библијата.
Убаво Алах рекол(можеби некој од неговите посаланици, незнам) дека најдобар верник е оној што најмногу мисли на смртта и најдобро се спрема за неа да ја дочека.
Можеби овие стихови се за тебе најубави, но мене ми се тотално збунувачки.
За каква смрт се зборува и за каква смрт ти зборуваш?
Тргни од твоето постоење , раѓање , давање име и живеење на тоа име.
За тоа се зборува во стихот, секој човек роден на земјата се развива во склоп на културата и традицијата,она кое не го создал бог туку човек.
Умира се она што создал човек.

Дадени се човечки особини како радост,да биде поблиску до читателот во разбирањето.
Мисли на смртта од она кое го создал човекот и закопај го,за да се роди еден поинаков.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.158
Не знам како да ви објаснам дека тука не се дискутира!!!!

Одговара оној што се чувстува христијанин, припадник на христијанството - другите, тишина.
И тука прашувате она што мислите дека не го знаете и друг може да ви одговори или за да го заглавите оној што е христијанин да не може да одговори. :)

Секогаш погледнете ги ваквите теми од самиот почеток...

Ете какви се правилата на игра на вакви осетливи теми:

1. Се поставува прашање од било кого, без разлика на верата (Но наведете дали се однесува за Католик, Православен или Протестант(адвентисти, баптисти, евангелисти итн))
2. Прашањето се одговара само од Христијански верник, пожелно од некој кој стварно знае да одговори, дозволено е и повеќе одговори но само од верници од Христијанството, кои ако мислат дека првичниот одговор не е во ред односно не е потполн и сакаат да дообразложат/дополнат.

После добиениот одговор може само да побарате и дообјаснување ако нешто не ви е јасно но конкретно посочете за кој дел од одговорот .. друго ништо!

Ако некое прашање мислите опфаќа поголема дискусија, ако сакате да дебатирате тогаш отварате или отварам тема за истото, оваа тема значи ќе биде стрикно Прашање-Одговор, кратко и јасно без спамови, без километарски цитати и со свои зборови.

Ригорозни санкции за непочитување на правилата на темава ! (во превод секој офтопик минимум 3 казнени поени, што би значело со 3+ офтопика = бан 1 недела), континуирано спамање, тролање, офтопичарење = бан од тема доживотно. :)
Ping @pozdrav eden topol, @alf
 

Kajgana Shop

На врв Bottom