Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Не ја создал, ама знаел дека ке ја има.
А на што се радува Бог? Не се радува на пропаста на живите, но од друга страна ти вели, ако не живееш спрема моите закони, нема да имаш вечен живот, ке гориш у пеколот, ке те чека божји суд итд итд....замрсени работи колку сакаш во ова библијата.
Убаво Алах рекол(можеби некој од неговите посаланици, незнам) дека најдобар верник е оној што најмногу мисли на смртта и најдобро се спрема за неа да ја дочека.
Можеби овие стихови се за тебе најубави, но мене ми се тотално збунувачки.
Во христијанството смртта е победена. Тоа е поентата на христијанството, Исус ја победи смртта, таа повеќе не е страшна.... имаш опција за вечен живот покрај Бога и опција за вечни маки, па бирај по твоја слободна воља...
 
Фала на одговорот, но убаво би било кога би го знаеле некако тој вечен живот, бидејќи живееме во еден таков хаос, во едно непредвидливо време, кога секоја будала може да му текне да те упука или прегази со кола.
За да бирам од тие две опции, треба да ја запознам и втората, поред оваа првава како што велиш, живот во вечни маки( кои се сега па тие вечни маки)?
 
Последно уредено:
Фала на одговорот, но убаво би било кога би го знаеле некако тој вечен живот,кога живееме во еден таков хаос, непредвидливо време, кога секоја може ако му текне да те упука или прегази со кола.
За да бирам од тие две опции, треба да ја запознам и втората, поред оваа првава како што велиш, живот во вечни маки( кои се сега па тие вечни маки)?
Христијанинот не се плаши од смртта, за него таа е златна порта. Така да ако некој те упуца или прегази со кола, ти како христијанин смрт нема да вкусиш туку низ таа златна порта ке преминеш кај твојот небесен татко... А дали некој ке те убие или ке завршиш на друг начин, тоа е ирелевантно, сигурно е дека еден ден ке завршиш со овој земен живот, тоа е едино сигурно. Дали сега додека пишуваме или после десетици години, секако дека ке завршиме со овој живот кој воопшто нема смисла и да се живее ако нема надеж за вечност... Која е смислата на животот земен ако? Остај пари и уживанција, еве земи го најубавото нешто што го имаш во животот, децата. Која е смислата да ги раѓаме и одгледуваме ако знаеме дека уште од раѓање чекорат кон смртта, тие како и секој друг жив створ на земјава се смртни? Ете како мајка го раѓаш и прв пат го држеш во раце а свесна си дека еден ден и тоа дете ке има гроб како и секој друг што се родил овде... Христијанството го дава решението со кое животот добива смисла...
 
Во ред е душо тоа, но кој е тој вечен живот, како изгледа, што ке правиме...Јас уживам додека ги гушкам моите деца, уживам во убавините на природата, во дружеењето со други луѓе идр..но, ете,повторно прашувам, можеби звучи глупо и досадно...но кој е тој вечен живот, барем малку описно некој нека ни каже?
 
Вечниот живот подразбира:
1. Второто Христово доаѓање.
2. Општото воскресение.
3. Пресоздавањето на Светов/Вселената.
4. Страшниот Христов Суд, кога Он ќе им суди на сечија душа и на сечие тело, после кој праведните ќе го населат небескиот Ерусалим, а неправедните ќе го населат пеколот.
5. Телото човечко ќе стане фино и продуховено, подвижно, без материјални ограничувања.
6. Праведните ќе продолжат да битисуваат во бесконечниот осми ден, ден без вечер, во близината Христова.
7. Праведните нема да се мажат, женат, множат, боледуваат, плачат, стареат и умираат, туку ќе бидат слични на англеската природа.
8. Праведните ќе ја арчат вечноста во бесконечното нивно осличнување со Христа Спасителот.
9. Не сите праведници ќе ја уживаат близината Божја, туку тоа ќе зависи од нивната лична/поединечна праведност, која ја постигнале уште во овосветовниот живот.
10. Убавините од вечноста се онакви какви окото не ги видело, увото не ги слушнало, умот и зборот не ги опишале...
 
Последно уредено:
Е ова најмногу ме збунува :confused:

Немај гајле, ги збунува и оние праведници кои Бог ги удостои да го видат Рајот па враќајќи се на Земјава, и тие не можеа да го опишат она кое го видоа и слушнаа (во Рајот)....
 
Здраво дали некој бил на Света гора, и ако може да ми каже дали се носи нешто има ли некој обичај.
 
Зшто има неколко цркфе започнати и такој стоиф сс године, никој не ги пипа,ураснати сс траву,запуштени, мислиш некој древен мајански храм у Јукатан е.Зшто не се допраиф скроз? Што нема ли се паре у МПЦ?
Или па некој ритуал е да стои полузапочната цркфа сс године,да прими сфетост,да сташе, да се дигне како леб пред да се пече!?
 
Parva be, ne se stanbeni zgradi u skopje pa za 1 mesec da se izgradat :D
 
Здраво дали некој бил на Света гора, и ако може да ми каже дали се носи нешто има ли некој обичај.

Најдобро би било да прашаш по нашето свештенство по црквите, или уште подобро по манастирите, оти свештениците и монасите имаат поголема можност за посета на светогорските манастири отколку мирјаните.
 
Ќе може во порака некој да ми пише, ако има тука свештеник или некој што има поголемо знаење во верата ми треба совет.
 
@liberij и @PROROKOT - мислам дека може да ги контактираш во приватна порака, ако не е прашањето јавно за на форум.
Тие се православни христијани, ако ти е прашањето за тоа - пишувај им...
 
Фала ви многу па сакам во порака да се изразам поубаво.
 
Исто така и @Лаик може да го контактираш - може и тој да ти одговори во врска со православното христијанство.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom