Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Точно до некаде, Канонските закони на црквата се менувале со годините, последната промена се случила во 1960тите кога папата им дал одобрение на засебните цркви да одлучуваат за постот, но и Православната црква прави доста одстапки, правилното Православно постење не вклучувало јадење воопшто, туку само пиење вода и чекање на мракот за да се јаде(слично како Исламскиот ифтар). Ова го прават сега само за строгиот пост, правите верници како за Велики петок, Крстовден итн. Исто така потењето во Среда е реткост. Додека Канонските закони во Западните цркви се многу остри и не смеат да се прекршуваат, кај нас постењето е прашање на избор. Така да постењето во петок и среда е задолжително за секој Католик од 14 години (пред 1966 беше од 7 години), а постењето за Големиот Пост е задолжително за секој од возраст 18 до 60 години, што е исправно пошто постарите имаат поголеми здравствени проблеми. Во православието ретко кој од децата пости.

Во православието, начинот на постење веќе е одреден, уште во текот од првиот милениум, кога е одредено/дефинирано и самото учење (катихизис) од Црквата па затоа тоа учење не трпи промени и модернизации од наведените причини.

Децата до 7г. не постат, до 10г. учат постепено да постат и почнуваат да се исповедаат. Во среда и преток се пости уште во најраните времиња од Црквата. Постот е начин на битисување а не само можност за слободен избор. Одлуката за постење секако дека е слободно волна, а постењето постепено се увежбува, од полесно кон построго. Постот може да се олабави, зависно од здравствената состјба и возраста.

За мирјаните одредени се 3 дневни оброци, за монасите 2. Не е јаде од полноќ до 5.00ч. наутро. Кој е јак на верата и кој има можност, може да го практикува и тримирот на почетокот од Великиот пост.

Да не наведувам искуства од Светители кои јаделе леб и вода еднаш неделно...
 
... ги читам на вести, напишале „Честит Велигден кој го слави по новиот Грегоријански календар“!
се прашувам дали тоа е точно кажано?
...доколку православните ќе го прифатат новото сметање по Грегоријанскиот календар откажувајќи се од стариот Јулијанскиот календар како се уште е моментално, дали тоа значи дека каталоичкиот Велигден по ден ќе се изедначи со православниот Велигден и ќе се слави во ист ден, за другите празници ќе се поклопат исти ден, прашувам конкретно за Велигден!
 
Можеш да видиш дела дел од православните помесни Цркви (грчка, бугарска, романска...) го прифатија грегоријанскиот каледнар пред повеќе децении, затоа што ѓоамити бил астрономски поточен од јулијанскиот.

Да, ако сите православни помесни Цркви го прифатат грегоријанскиот календар, тоа по автоматизам значи совпаѓање на православниот Великден со римо-католичкиот.

И тоа не е се‘!

Прифаќањето на грегоријанскиот календар е само еден степен во приближувањето на римо-католицизмот со православието, што во крајна инстанца ќе значи и прифаќање на православните Цркви на предимството од Папрата римски, што значи дека Папата (било кој по име...) ќе им биде „шеф сале„ не само на римо-католиците, туку и на православните.

Последните дејанија од патр. Кирил и Папата Фрањо, односно нивните зачестени контакти и посети на „трета земја„ водат токму во тој правец.
 
Реално гледано датумите во Грегоријанскиот и Јулијанскиот календар се точни, Божиќ одсекогаш бил на 24ти декември, а Ѓурговден на 23 април по било кој календар, и нашите предци го славеле тогаш. Но проблемот настанал кога државата го превземала Грегоријанскиот календар, а црквата не. Кога и државата ќе го користи Јулијанскиот ќе ги славиме празниците на истата дата. Но тоа нема да се случи, па затоа се оди на обратната варијанта црквата да го прифати Грегоријанскиот календар и да ни се вратат старите датуми на празниците.
 
Да, беше, Е, и ќе биде Син Божји истовремено и Син човечки.

Синовството Христово не ја намалува Неговата божествена природа, пренесена од Отецот на Синот, но и на Светиот Дух. Колку што Отецот е Господ и Бог, толку се и Синот и Духот Свет.

Читни го симболот од верата, во кој во пар реченици е сублимирано целото црковно и верско учење.
 
ама ова е апстрактно толкување. логички, историски исус е господ himself или човек зачнат од семето на господ/светиот дух
 
ама ова е апстрактно толкување. логички, историски исус е господ himself или човек зачнат од семето на господ/светиот дух

Нема тука ништо апстрактно.

Христос е овоплотениот Син Божји, Кој преку Мајката Божја Богородица, зачнат безгрешно од Светиот Дух, прима на Себе и човечко тело/човечка природа па истовремено станува и Бог и Човек, односно Богочовек. Така „материјализиран„, Синот Божји, Исус Христос, упаѓа во човековата историја и го повикува целиот човечки род на спасение и на вечен, бесконечен нетрулежен живот во Неговата близина...во Царството Небесно, во безвечерниот неделен ден.
 
@alf дали би сакал да напишеш нешто за обичајот, кој ете се надевам дека вечер и јас, како и секоја година пред Велигден, да поминам под специјално украсената маса пред олтарот, која го симболизира гробот на Исус Христос.
Има ли некои правила, кој смее или не да помине под масата?
 
Не знаете што обожавате.
Остајте ја таа змија , никогаш името да не и го спомнувате.
Видете како ви го завртила кругот на времето, од година на година да го прославувате неговото раѓање, распнување и воскреснување и пак истото во круг.

Нели кажа дека само телото да го јадете и неговата крв да ја пиете во негов спомен?Тоа правете, инаку нема да излезете од кругот на времето.
 
Ваууууу ....Алф душо :confused:

Значи ти вечерва на полноќ нема да се кршиш со фарбани јајца :(
 
Ваууууу ....Алф душо :confused:

Значи ти вечерва на полноќ нема да се кршиш со фарбани јајца :(
Немој да се собирате таму каде што е смртта, за да ја прославите победата на неа, зошто нема да ви се допадне тоа што ќе воскресне.
 
Немој да се собирате таму каде што е смртта, за да ја прославите победата на неа, зошто нема да ви се допадне тоа што ќе воскресне.
Имам чувство дека некој ти го украл профилот:confused:..
Каде го чекаш ти Исусовото воскресение?
 
Имам чувство дека некој ти го украл профилот:confused:..
Каде го чекаш ти Исусовото воскресение?
Зошто го чекате воскреснувањето секоја година?
Симболички само прослава како победа над смртта, ритуал кој што дава подлабока суштина на христијанската догма?
 
Зошто го чекате воскреснувањето секоја година?
Симболички само прослава како победа над смртта, ритуал кој што дава подлабока суштина на христијанската догма?

... штом се раѓа секоја година (Божиќ) и доаѓа Нова Година, така и Воскреснува секоја година!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom