FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
@Shawn Spencer имаш дојава за редоследот на државите или сосема рандом си лајкнуваш листа на најдобри летонски филмови и у вочлист си ставаш грчка зорба? :misticen:
Дојави ли се дојави,
Новинарски среќи големи, хахах :LOL:

Летонските филмови ги лајкнав пошто типката Летонка ми ја имаше лајкнато мојата листа на македонски филмови, која што ти Џони ја немаш лајкнато. Пезевенк еден. :D

Само Злате и Гранде ја имаат лајкнато македонскава листа, а 100 души ме следат, срамота.

Патем девојката има напишано за секој филм каде може да се изгледа и назначено дали има англиски титл. Боља листа немам видено досега на ЛБ. И ќе биде доста корисна кога Летонија ќе се најде на мени, а кога ќе биде појма немам.

А Зорба ми излезе дека некој го гледал, па го ставив на листа. Инаку мислам американска продукција е.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Golden Nunchakas (2007) /Zlatne čaklje/
Некој пиша добра комедија е, па реков тој ќе го изгледам од Црна Гора. Ама освен бајковитата приказна што веднаш е раскажана за измислената држава и принцеза што личи на интересна, филмот е глуп.

А, да, најинтересен дел ми беше:
- Со што се храните вие овде?
- Со историја, главно.

2/10, заради трудот да снимат филм :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Детектив @Filip Telford , ladies and gentlemen!
Дојави ли се дојави,
Новинарски среќи големи, хахах :LOL:

Летонските филмови ги лајкнав пошто типката Летонка ми ја имаше лајкнато мојата листа на македонски филмови, која што ти Џони ја немаш лајкнато. Пезевенк еден. :D

Само Злате и Гранде ја имаат лајкнато македонскава листа, а 100 души ме следат, срамота.

Патем девојката има напишано за секој филм каде може да се изгледа и назначено дали има англиски титл. Боља листа немам видено досега на ЛБ. И ќе биде доста корисна кога Летонија ќе се најде на мени, а кога ќе биде појма немам.

А Зорба ми излезе дека некој го гледал, па го ставив на листа. Инаку мислам американска продукција е.
Приметив сумњиво, одма изреагирав.
Абе добро е тоа да си се спремаме за следните предизвици, и јас чат пат си разгледувам што има на понудата за други држави ама не сакам да го знам редоследот.

Многу брзо ти беа активностиве, си викам овој знае нешто.
Ете ти лајк, одвај најдов кај се лајкнува. 12 филма сум изгледал од сите 300 и нешто.

Треба да си ги сменам оценкиве на нашиве филмови.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.109
22. Dan četrnaesti / Fourteenth Day (1960)

1650568615006.png

Моето патешествие низ малата Црна Гора завршува со овој филм, првенец на режисерот Здравко Велимировиќ, kind-of романтична драма со доза на критика кон тогашното општество, која имала премиера на Кан. Еден од тие филмовите за кои Шон ми кажа дека постојат, од Ловќен студиото. Првиот половина час и повеќе навистина ме купи филмов, и ми беше интересн, ама како се редеа, нижеа приказните, некако ме изгуби на сред пат и почнав едвај да чекам да заврши. Ги следи приказните на четворица затвореници кои се пуштени по 14 дена надвор од затвор, кои можат да ги поминат со нивните дома. Четирите приказни иако поврзани преку ликовите, се засебни и освен онака што гледаш како им поминуваат тие 14 дена, нема некоја друга длабочина во приказната. Не е лош филмот, ама може и до мене и мојата концентрација беше, па затоа не можам да го оценам повеќе од 6/10.

Ми остана Igla ispod praga и после ова неизгледан. Само за него ми е криво, се останато што сакав да гледам од Црна Гора - гледав. Реков, утре попладне одиме во поголема држава, но исто на Балканот, со поголема и позначајна кинематографија, со познати актери и режисери, а богами и филмови. Па се надевам и на поголем интерес. Јас заминувам од Подгорица!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.109
Црна Гора ја посетија 8 патници, гледаа вкупно 15 филма и им дадоа средна оценка 5,21, што е најслабо рангирана држава до сега. Или поединечно:

1. @Zlatikevichius - 4 филма, просек 5,00
2. @Keyser - 3 филма, просек 5,66
2. @Filip Telford - 3 филма, просек 5,00
3. @Shawn Spencer , @Shutmanga , @Mark Renton , @Violetova и @zmija1 - по 1 филм, просек 5,25

@devilko , @Dumbledore , @The Cooler King , @grande-juve , @moongoses , @Corvus и @Imperatorot - останаа кој во Норвешка, кој на хрватското приморје, кој во Баку. Да видиме дали грчките плажи или грчките филмови ќе бидат доволно привлечни за нив. Се надевам.


Greece.jpg

ГРЦИЈА 22.04-28.04.2022

Грција има долга и богата филмска историја, со многу интернационални успеси. Два филма на грчки режисери (Коста-Гаврас и Теодорос Ангелопулос) имаат освоено Златна палма во Кан:

1. „Missing“ (1982) (ова е американски филм, да не се разбереме погрешно)
2. „Eternity and a Day“ (1998) (и ова е копродукција со грчко учество)

Вкупно 5 грчки филма имаат освоено номинација за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје:

1. „Ilektra“ / „Electra“ (1962) - Михаел Какојанис
2. „Ta Kokkina fanaria“ / „The Red Lanterns“ (1963) - Василис Георгиадис
3. „To homa vaftike kokkino“ / „Blood on the Land“ (1965) - Василис Георгијадис
4. „Iphigenia“ (1977) - Михаел Какојанис
5. „Kynodontas“ / „Dogtooth“ (2009) - Јоргос Лантимос

Ниту еден од нив нема освоено Оскар, сепак.

Првиот грчки филм е филмот „Golfo“ (1915) на Костас Бачаторис. Во 1912 е основана првата филмска компанија (Атина филм). Иако корените на грчкото кино датираат уште од раните 1900-ти, првите зрели филмови се од 1920-тите, од после грчко-турската војна. Филмовите од овој период се најчесто емоционални мелодрами со многу фолклорни елементи во нив. Филмот „Daphnis and Chloe“ (1931) се смета за првиот европски филм во кој има сцени со голи актери. По грчката граѓанска војна режисерите како Григорис Григориу и Стелиос Татасопулос, инспирирани од италијанскиот неореализам создаваат филмови во кои глумат непрофесионални актери. Во педесетите и шеесетите години грчката кинематографија го доживува својот процут и златно доба, почнувајќи со филмот „Stella“ (1955) на Михаел Какојанис. Филмот

6. „Poté tin Kyriakí“ / „Never on Sunday“ (1960)

бил номиниран во 5 категории за Оскар (но не и за најдобар странски филм) и освоил Оскар за најдобра музика. Главната актерка во филмот, Мелина Меркури освоила награда за најдобра актерка во Кан. Во 1960 година е за прв пат одржан филмскиот фестивал во Солун. Во 1964 година, филмот на Какојанис

7. „Alexis Zorbas“ / „Zorba the Greek“ (1964)

освоил 3 Оскари: за најдобра споредна женска улога - Лила Кедрова, за најдобра кинематографија, и најдобра уметничка режија и сценографија (по ново: production design). Бил номиниран уште во 4 категории меѓу кои и за најдобар филм (!!!) и режија, како и главна машка улога за Ентони Квин. Но секако - не и за најдобар странски.

Во 1969 година уште еден филм на Коста-Гаврас (но повторно не грчки) е номиниран за Оскар за најдобар странски филм и најдобар филм, но како претставник на Алжир (дури и го освојува Оскарот за најдобар странски филм за Алжир):

8. „Z“ (1969)

Цензурата на грчката хунта од 1967 (диктаторски режим кој владеел во Грција од 1967 до 1974) предизвикала пад на грчкото кино. По ре-обновувањето на демократијата во Грција, повторно процветува кинематографијата, а водечки режисер од тој период е Тео Ангелопулос, чии филмови имале невиден интернационален успех и го прават до денес можеби најуспешниот и најпознатиот грчки режисер до денес. Во 1990-тите младите грчки режисери прават доста поекспериментални филмови, се до неодамнешниот успех на филмови од режисерите Јоргос Лантимос, Панос Кутрас и Атина Цангари чии филмови се познати под името „Грчки чуден бран“.

Има уште многу да се пишува за успесите на грчките филмови, кого го интересира, подетално може да отвори на Википедија: https://en.wikipedia.org/wiki/Cinema_of_Greece

Еве некои листи на филмови, за инспирација:
A Guide to Greek Cinema - најголемата листа на Letterboxd со грчки филмови, тука има скоро се грчко снимено до сега.
Greek submissions for the Academy Award for Best International Feature Film
“Greece” is the word: The Essential Collection of Greek Cinema
The Best 70 Greek Movies
Welcome to Greece
Cinema 100 - Greece
Sixties Greece - листа со грчки филмови од 60-тите
Greece - Cinema around the World
Greek films

Од тоа што гледам од листите, јас до сега сум гледал само 3-4 грчки филмови, па така не можам да ви дадам којзнае каква препорака, но верувам дека нема да ви биде тешко да најдете филм сами.

απολαμβάνω
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Не ми прават нешто ептен ќејф тие црногорски плажи, многу камења и балканци има. Грчките поокеј се горе-доле јер песок и морето е топло, верувам ќе наминам неделава натаму, и времево ќе се разубави.

Сепак, со нетрпение ги чекам летовите за Италија, Франција и Шпанија да ги потрошам залихите што ги собирав изминативе години на екстерни дискови и вочлисти.

Го фаќам првиот воз од мојата втора татковина Хрватска кон јужниот сосед.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Грчки филм може и не сум гледала (Зорба ако не се смета), ама од оваа категорија на филмови чие дејство се одвива во Грција, многу сигурно и вие сте изгледале:

Се важеа и вакви филмови, нели? :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Само еден грчки имам гледано - Her Job (2019) што беше еден од номинираните за ЛУКС наградата што ја доделува Европскиот парламент, али не ми се свиѓаше, па нема препораки од мене овој пат.

Ќе се гледа ваљда нешто од Ангелопулос со неговите 3-4 часовни одисеи, мада судејќи по хејтот што го имам кон народов, тешко да ми се свиѓа некој филм.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.466
Поени од реакции
3.605
Кога сме кај грчки филмови да го препорачам Suntan. Филм кој со некои сцени визуелно најдобро го има претставено чувството на осаменост, изолираност и неприпаѓање во средината.

Се работи за нереализиран доктор кој доаѓа да работи во едно мало градче. Мирното место станува живо во летото и тука се разврзува приказната. Крајот е тапа и малку го упропастува филмот, затоа и има послаба оценка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom