Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    744

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.654
Поени од реакции
59.640
Нешто што ме интересира ако може некој на темава да објасни: русите бомбардираат градови како Мариупол во кои живее голем број на руско и проруско население. Дали пред да почнат со нападите имаше евакуација на население или удрија и по своите?

Иронично е што источниот дел на Украина кој важеше за проруски е разрушен до непрепознатливост. Нели во тој дел проруските кандидати добиваа гласови на избори? Која е логиката да се разруши оној дел од државата во кој постоеше проруски сентимент?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.382
Поени од реакции
18.525

Изглеа нема многу проруски сентимент после настаните од 2014. Прочитав едно интересно објаснување, голем дел од про-руска или украинска поделба е генерациска. Пројдени се 8 години, војната во Донбас си го има напраено своето.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.654
Поени од реакции
59.640
Гледав еден проруски документарец на Оливер Стоун, кој покажуваше мапа на Украина со гласањето пред Мајдан, според која секаде во источниот дел победил прорускиот кандидат. Сега тој дел го срамнија со земја. Ајде проруското население, но што е со руското кое живее таму? Апсурно делува целата ситуација.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.845
Поени од реакции
12.101

Па тоа е и целта на военава операција, тие делови да станат независни проруски републики кои ќе живеат под диктат од Москва и ќе служат како фантом зона помеѓу западна про-ЕУ/Нато Украина и Русија.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Нешто што ме интересира ако може некој на темава да објасни: русите бомбардираат градови како Мариупол во кои живее голем број на руско и проруско население. Дали пред да почнат со нападите имаше евакуација на население или удрија и по своите?

Иронично е што источниот дел на Украина кој важеше за проруски е разрушен до непрепознатливост. Нели во тој дел проруските кандидати добиваа гласови на избори? Која е логиката да се разруши оној дел од државата во кој постоеше проруски сентимент?
Русите цело време инсистираат на хуманитарни коридори и евакуација на населението ама украинците не дозволуваат.
Во Мариупол се водеше битка куќа по куќа, зграда по зграда, нема дом што не е уништен. АЗОВци намерно се кријат позади цивили и ги користат како жив штит затоа што знаат дека сепаристите нема да гранатираат свои луѓе. Имаш сведоштва од жители на Мариупол каде што кажуваат дека украинците намерно поставувале опрема и тенкови во населени места до цивили и од тука пукале на ДНР. Еден дедо пред чија куќа се воделе битки вика на 100 украински напади, дали 5 од ДНР имало во спротива. Дури му било чудно што толку трпеливи биле сепаристите.

Разгледај го каналов и слушни ги интервјуата што ги прави со жителите на Мариупол.
Изглеа нема многу проруски сентимент после настаните од 2014. Прочитав едно интересно објаснување, голем дел од про-руска или украинска поделба е генерациска. Пројдени се 8 години, војната во Донбас си го има напраено своето.
После 2014 се зголемува анти-украинскиот сентимент кај луѓето од Донбас и југот, омразата е голема.
Меѓутоа, многумина му се лути на Путин/Русија бидејќи ги оставија на цедило 8 години и тек сега (касно) реагираат.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.885
Поени од реакции
36.939
Гледав еден проруски документарец на Оливер Стоун, кој покажуваше мапа на Украина со гласањето пред Мајдан, според која секаде во источниот дел победил прорускиот кандидат. Сега тој дел го срамнија со земја. Ајде проруското население, но што е со руското кое живее таму? Апсурно делува целата ситуација.
Не знам колку лошо гледаат Русите на нив зашто во Мариупол Украинската армија не е баш омилена.

Инаку веќе кога Русите влагаат со војска мислам дека не ги интересира многу мислењето на населението. Ова ќе биде Русија или вазална руска држава па ако ти чини остани, ако не, широко ти поле.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.724
Поени од реакции
25.144
Голема количина на оружје ќе се растури по места кај што не треба да биде на долг рок. Еден куп криминалци низ Европа уште користат југословенско оружје, а ова во Украина е многу поголема количина што е раздадена по цивилно население.

Немој да се чудите ако во иднина исламистички терористички напади низ Европа се извршуваат со Џавелини или Nlaws или со украинско автоматско оружје.

da ne pocnat da pagaat izraelski avioni nad evropa...
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Нешто што ме интересира ако може некој на темава да објасни: русите бомбардираат градови како Мариупол во кои живее голем број на руско и проруско население. Дали пред да почнат со нападите имаше евакуација на население или удрија и по своите?

Иронично е што источниот дел на Украина кој важеше за проруски е разрушен до непрепознатливост. Нели во тој дел проруските кандидати добиваа гласови на избори? Која е логиката да се разруши оној дел од државата во кој постоеше проруски сентимент?
Илјадници загинати цивили има во Мариупол, има снимки каде насекаде по улици лежат загинати мажи, жени, стари, којзнае уште колку има во рушевините.

Русите гранатираа ракетираа неселективно, атомска бомба не фрлија, но така личи градот.

Мариупол бил мешан град, тоа се гледа и од изборите во 2019 кога опозицијата (про руска) доби голем број гласови во првиот круг.

Целта на Путин не е никаква денацификација, туку истребување на украинскиот народ.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.489
Поени од реакции
13.710

Ај кажи нешто за НАТО бомбардирањето на Србија, болници, градинки, возови... Го оправдуваш ли?

Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.472
Поени од реакции
8.200
Илјадници загинати цивили има во Мариупол, има снимки каде насекаде по улици лежат загинати мажи, жени, стари, којзнае уште колку има во рушевините.

Русите гранатираа ракетираа неселективно, атомска бомба не фрлија, но така личи градот.

Мариупол бил мешан град, тоа се гледа и од изборите во 2019 кога опозицијата (про руска) доби голем број гласови во првиот круг.

Целта на Путин не е никаква денацификација, туку истребување на украинскиот народ.
Kaj si be drugar???
Epten mi faleshe!!!!

Fala bogu dobar si, i imas odlicni informacii kako i sekogas!!! :zver:
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.198
Поени од реакции
5.418
Целта на Путин не е никаква денацификација, туку истребување на украинскиот народ.
Во листата со цели кои Русија сака да ги постигне, не се сеќавам дека стои и ставката дека Русите треба да ги истребат Украинците, а такво неште нема, гледано по воените дејанија кои Русите ги спроведуваат.

Ако знаеш нешто кое ние не го знаеме, дај сподели...да видиме од кај знаеш што навистина сакаат Путин и РФ.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.641
Поени од реакции
9.256
Илјадници загинати цивили има во Мариупол, има снимки каде насекаде по улици лежат загинати мажи, жени, стари, којзнае уште колку има во рушевините.

Русите гранатираа ракетираа неселективно, атомска бомба не фрлија, но така личи градот.

Мариупол бил мешан град, тоа се гледа и од изборите во 2019 кога опозицијата (про руска) доби голем број гласови во првиот круг.

Целта на Путин не е никаква денацификација, туку истребување на украинскиот народ.
Oва го виде или тогаш беше в подрум?

1650481841553.png

Член од
6 февруари 2022
Мислења
1.069
Поени од реакции
4.124
❗ China says demand for Russian goods in China is growing sharply, China is ready to guarantee uninterrupted supplies of Russian products to its market in priority mode. The Chinese ambassador also announced: "I would like to note that the embassy is ready to provide all kinds of assistance to Russian entrepreneurs, our partners — in establishing contacts and cooperation with Chinese businesses/entrepreneurs, as well as with Chinese regions and with any interested organizations,"
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.683
Поени од реакции
5.315
Ова на крај ќе испадне и добар тренинг на рускава армија. Огромно искуство на десетици илјади војници во вистинска битка, а не тренинг при вежби.
Употреба на нови стратегии, оружја, синхронизирање, работење на слабостите и грешките што ги прикажаа сега кога помалце е битно.
Градење на нови структури внатре во армијата, се виде колку се најпотребни оние извидувачки екипи со дронови. На тоа поле беа прилично слаби, последниве недели гледаме некој напредок.
И нормално фокус на високопрецизните бомби, кои ја вршат најдобрата работа засега. Од оние со долг домет како Калибар, до оние Краснопол пуцани од артилеријата со домет од пар километри наведувани ласерски со дрон кон метите.
Со тие ги збришаа од мапа украинците и нивната техника.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom