Видиш не беше тешко. Кога си свесен дека ЕУ плаќа висока цена, зашто ги поддржуваш глупостите и ги иритираш Русите? Секој кој живее на Европскиот континент и сака да живее понормално, треба да е против мерките кои државите и ги воведуваат на Русија. Значи според твојата математика и ЕУ ќе настрада, па ќе си купам долари
Кога некој е многу посилен од тебе, безцелно е да му се спротивставуваш на намерите. Ем ќе си ги оствари намерите, ем ќе те осакати.
ЕУ без УК и нејзината воена моќ е послаба дури и од Украина. Зависи од Руските природни ресурси, па како мислиш ќе успеат да се спротивстават...
Од каде сега ова ЕУ немале избор и во однос на што немаат избор? Русија сигурно
нема да продолжи до Берлин, ниту има намера, ниту има потреба. Ситуацијава е конфликт меѓу Русија и Украина. Украина не испочитува договори, за неутралност и Минск, па цената ќе си ја плати за тоа. Кој и дал право на ЕУ да се меша, или тебе или мене да им кажуваме на Русите што треба и како треба? Самиот Руски и Украински народ треба да си одлучи. Украинците го одбраа Зелениот за да ја оправи државата, он ја сјеба. Русите се навикнати Цар да имаат, па ете Путин си го држат, јбг нивен избор.
Ако ЕУ државите продолжат со долевање бензин, тогаш значи самите намерно бараат да има војна од поголеми размери, а целта која е за такво нешто, за последиците на сите ни е јасно.
Супер, Украинците ќе се топовско месо. Кое ќесе ЕУ да го одврзе кога се во долгови до гуша? Кој ќе го плати оружјето што го праќаат за Украина, произведено од парите на даночниците?
Ај за изолација ок, може да се употреби, не ми се свиѓа како се однесуваш со комшиите, па ќе те изолираме, ама што ќе постигнеш? Повторно самите ќе страдаат, а зашто, кога нема опасност дека Русите ќе продолжат до Брисел... Со децении саделе тикви со Путин, сега наеднаш Путин е лошиот, а со ништо не им наштетил,
напротив си добиваа евтини природни ресурси, на товар на самите Руси. Истата фора ко со Гадафи.
Не е проблем да си навијач, ама кога знаеш дека многу висока цена ќе платиш, за кој К си спремен да ја платиш таа цена, кога никаква корист нема да имаш

. Твоево однесување е исто како да не почитуваш некаков договор што си го потпишал со Урко или некој друг троа посилен од тебе, да му се чаталиш, тој ти влепува шамар, ти продолжуваш да го провоцираш, во смисла, само толку ли, таа ли ти е силата, итн итн се додека не те нокаутира. Знам дека не си до толку ненормален, ама во темава така делуваш.
За научниците, како и во секоја област, си има чесни и морални професионалци, само треба да знаеш да ги разликуваш од нечесните, алчните, непрофесионалните и неморалните.