Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
10 август 2013
Мислења
541
Поени од реакции
929
Препорачајте место кај што може да се купи ауспуци со добар издув?
 
Член од
1 мај 2019
Мислења
26
Поени од реакции
31
Денес на компјутер овие грешки ги покажа. Има некој идеја што значат кодовиве? Некој совет ? Или предложете добар мајстор каде да ја носам. Станува збор за Renault Megane 3 2011 1.5 110кс дизел
 

Attachments

Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Денес на компјутер овие грешки ги покажа. Има некој идеја што значат кодовиве? Некој совет ? Или предложете добар мајстор каде да ја носам. Станува збор за Renault Megane 3 2011 1.5 110кс дизел
Изгуглај ги кодовите, така најбрзо ќе дознаеш што и како. За форд имам табела ама за Меган немам уште.

Ако на некој му треба дијагностика за форд нека се јави имам Forscan
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.878
Поени од реакции
6.936
Дали би имало зијан при промена на масло, околу 1.2 литри да се искористи тоа што останало од новото од претходни менувања (2018 и 2020)? Чувано во оригинална амбалажа на темно во визба. Инаку и на двете туби пишува произведено 2017та.
Станува збор за 1.6 хди 110кс (пежо 207, 2008).
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
1.2 литри масло ти се макс 500 денари...за толку не вреди ризикот, сепак отворени се тубите.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Toa maslo stoelo iljadnici godini pod zemja vie se sekirate za 2 godini, koja logika deka se rasipuva maslo ?:pos:
Може фабрички затворено пакување не, доколку не било на сонце. Ама отворено може да оксидира и да дојде до ситуација кај што ќе се искреираат киселини во истото што може да придонесе до лоши ефекти по моторот. За 500 денари реално не вреди ризикот, боље да го искористи за подмачкување на некои ситници, пример ланец од точак него у кола да го стави
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
351
Поени од реакции
203
Дали би имало зијан при промена на масло, околу 1.2 литри да се искористи тоа што останало од новото од претходни менувања (2018 и 2020)? Чувано во оригинална амбалажа на темно во визба. Инаку и на двете туби пишува произведено 2017та.
Станува збор за 1.6 хди 110кс (пежо 207, 2008).
Да го употребиш без двоумење.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
8.407
Оригинал Брембо продукти дали (и каде) има во Македонија знае некој?
Во Македонија брембо можно е да биде и производ на воздухопловната академија со седиште во Арачиново.

Иначе јас и оригинал не би купил. Тоа ти е исто ко да очекуваш италијанската војска да ја окупира грција во втората светска војна. Сигурно ќе заврши работа.
 
Член од
16 август 2015
Мислења
237
Поени од реакции
288
moze vo pp da mi pise nekoj sho sigurno ima podobri poznavanja vo koli od mene :vozbud: tnx odnapred ! ps. sakam da kupam kola i imam milion prasanja i nejasnotii
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.754
Дали е дозволено ставање на фолии за затемнување на шофершајбна + возачко и совозачко стакло?

Знам дека на задните е дозволено.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.638
Поени од реакции
42.182
Дали е дозволено ставање на фолии за затемнување на шофершајбна + возачко и совозачко стакло?

Знам дека на задните е дозволено.
до 30% мислам напред е дозволено, али со оглед дека фабричкото затемнување е скоро толку, што и да ставиш ќе испадне потемно него дозволеното и нема да поминеш на атест. На шофершајбна па ич не смееш.
 
Член од
9 февруари 2022
Мислења
9
Поени од реакции
4
до 30% мислам напред е дозволено, али со оглед дека фабричкото затемнување е скоро толку, што и да ставиш ќе испадне потемно него дозволеното и нема да поминеш на атест. На шофершајбна па ич не смееш.
– 75% за ветробранското стакло и
– 70% за предните бочни стакла (кај возачот и совозачот – пред „B” носачите).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom