Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    748
Член од
14 август 2006
Мислења
45.487
Поени од реакции
84.951
Има причина зошто руските куртони по светов сакаат да ја минимизираат улогата на бродот Москва и да престани за тоа да се зборува. :D
Еве ти знаеш и објасни. Баш ме интересира, како тоа конкретно, потопувањето на Москва е многу битна работа за војнава (надвор од пропагандна вредност, која несомнено ја има)?

Моментално се предаваат или едноставно гинат остатокот од 15-20.000 трупи во Азовстал и Азовмаш. Кога би ги знаел потенцијалите на Украина, би се исплашил од тој губиток.
Повеќето овде (и од едната и од другат страна) не сфаќаат што е за Украина губитокот на овие трупи.

Оној Бугаринон барем кажа дека мисли оти десантот на Одеса е невозможен без бродот.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.496
Поени од реакции
18.518
Еве ти знаеш и објасни. Баш ме интересира, како тоа конкретно, потопувањето на Москва е многу битна работа за војнава (надвор од пропагандна вредност, која несомнено ја има)?

Моментално се предаваат или едноставно гинат остатокот од 15-20.000 трупи во Азовстал и Азовмаш. Кога би ги знаел потенцијалите на Украина, би се исплашил од тој губиток.
Повеќето овде (и од едната и од другат страна) не сфаќаат што е за Украина губитокот на овие трупи.

Оној Бугаринон барем кажа дека мисли оти десантот на Одеса е невозможен без бродот.
Прво од кај знаеш колку трупи има? Мене ми се чини дека русите својата неспособност ја проектираат преку цифрите за непријателот.

Второ при напад за секој 1 загинат од бранителите, гинат 3 од тие што напаѓаат. Па, ако е вистина бројката ти пресметај колку се загубите на русите.

Трето во врска број 2, на секој загинат идат по 3 ранети, кои се неспособни повеќе за војна.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.905
Поени од реакции
36.975
Веќе почнале одредени единици од Мариупол да ги префрлуваат на други боишта. Вчера Русите го заземале местото Старомлинивка и продолжиле да притискаат на север од местото Велика Новосилка. Во второво место украинците имале поголема база за сервис и одржување на воени возила. Местава се северно од Мариупол со што русиве изгледа почнуваат да го зголемуваат притисокот на од југот на Донбас.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.487
Поени од реакции
84.951
Прво од кај знаеш колку трупи има? Мене ми се чини дека русите својата неспособност ја проектираат преку цифрите за непријателот.
Украинците велат 15.000, Русите велат 20.000.
Надвор од тоа, не можам да знам.
Второ при напад за секој 1 загинат од бранителите, гинат 3 од тие што напаѓаат. Па, ако е вистина бројката ти пресметај колку се загубите на русите.
Ти мислиш дека тоа е некакво правило?
Не е и можеби не си сфатил нешто околу воените доктрини.

Во средновековни воени услови (читај - пред барут), мораш да имаш 3:1 сооднос, ако сакаш успешно да напаѓаш. Во модерни услови (читај - после барут), треба да имаш 5:1, за да се надеваш на успешен исход.

Колку кои ќе погинат, скроз зависи од локалните услови и никој нигде не кажува, волку или онолку ќе ти погинат.


Трето во врска број 2, на секој загинат идат по 3 ранети, кои се неспособни повеќе за војна.
Ова дека губитоците се - за секој погинат, уште тројца , не сум го слушнал до сега.
Значи на секој погинат имаш уште четири пати по толку губитоци?
Губиток е секој војник изваден од строј, што не може да се врати таму (дур трае војната секако). Тука влегуваат тешко ранети, што не можат да се вратат, заробени и убиени/починати.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.362
Поени од реакции
26.389
Еве ти знаеш и објасни. Баш ме интересира, како тоа конкретно, потопувањето на Москва е многу битна работа за војнава (надвор од пропагандна вредност, која несомнено ја има)?
Наредните две недели се клучни, да ги издржиме нив, и после се ќе биде се поинаку.

Почни да ја читаш темата за ковид од почеток и го имаш истиот наратив. Москва е битна затоа што се убедени дека војната ќе трае 2 месеци, и губитникот ќе биде тој што изгубил поскапа техника.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
1.902
Не ги мешам, ти ја гледаш денешната реалност, јас ти кажувам од каде почнало. Значи пред да почне војната тие 20К во Мариопол се дел од трупите во Донбас или тогаш околу 110К. Не се одвоени. Русите со своето напредување на Југот ги одвоија. Тие 110К војска во Донбас се околу 2/3 од ефективната војска на Украина. Другото е све територијална одбрана и резервен состав. Кога зборам за одвлекување на вниманието на север, зборам за тие 110К како целина.

Значи тие 15К или 20К во Мариопол се дел од таа целина од 110К војска кога почна нападот на Русија. А зошто се стационирале баш во Мариопол, според мене е бидејќи очекувале директен напад од море. И секогаш им била отворена можност да се повлечат кон главнината. Меѓутоа Русите не напаѓаа од море, туку само ги пресекоа од главнината. Таму всушност ДНР ги даде најголемите жртви. Во меѓувреме сите се спремаа за напад на Киев (прати го наративот) како „главна цел“ на Путин, згора на тоа и Русите и пуштија патка со десетици километри колони кои се движат накај Киев и кои наводно снемале бензин (на 100тина километри од Руска граница?!?!? ), за да преку ноќ колоните едноставно исчезнат.

Буквално на северот сите градови и места каде што има и најмал отпор се заобиколени, освен Чернобил и околу аеродромот. На почетокот на операцијата гледавме како искусна армија попут Русија прави наизглед стратешки грешки, како на пример пенетрира во територија и после ги напушта возилата. И додека фокусот беше во Киев, на истокот и на југот се спремаше терен за ова што се дешава сега и буквално се спои Крим со Донбас. Во моментот кога го уништија ПВО-то буквално се повлекоа од север пошто практично веќе е и невозможно да им се прати посериозна помош на трупите во Донбас, било тоа да е храна, или пак оружје и муниција.

Дури и трапавоста што ја прикажаа Русите во првите денови на операцијата верувам дека е во склоп на нивната стратегија на обмана. Е сега се дешаваат работи попут Москва, но еднаш кажав, пак ќе речам уште еднаш. После Русија, Украина има најразвиена ракетна технологија во светот.

Нема шанса Русите да биле погрешно информирани и да си мислеле дека одма ќе ги слечат гаќите Украинците (а од друга страна спремаат офанзива на Крим, ДНР и ЛНР). Таа приказна може ќе ја верував ако зборевме за интервенција во Јужно Афричка република. Русија ја има Украина практично во двор, со 10 милиони проруси внатре во неа. Така да многу добро знаеле што и како да очекуваат. Дури и трупањето сили на север (пред почетокот на војната) служело за обмана.


Според мене, све на све, освен на Твитер, во реалноста све си тече според очекувањата. Дури и ми се чини цела таа пропаганда на Твитер и иде во прилог на Русија, пошто колку подолго трае отпорот на Украинците, толку повеќе ќе ќари Русија од цела оваа ситуација. Првин беше Донбас и Крим, сега е и Керсон, ако продолжи отпорот најверојатно ќе биде и Харков, Одеса, Николаев, Днепропетровск, Житомир и така натака.

Реално после Донбас, што ќе ги спречи Русите да се истоварат и во Лвов?
Одлично анализирано од почеток до крај :bravobe:
Автоматски споено мислење:

Ти овие глупостите што ги пишеш, ги преиспитуваш некогаш? Гледаш некаде населението во окупираните места да ги подржува русите, да се мобилизира и слично?

Заробени војници и цивили кажувале така, и сигурно е така, има 2 видеа на телеграм. Воен заробеник може да ти каже дека е и марсовец.

Со кој дискутирам и јас.
Хахахахха епа ај да не слушаме што кажуваат цивилите (ослободени, не заробени), ај не заробена војска, генерали, команданти, ај не руски официјални соопштенија, ај не странски известувачи (Патрик Л. на пр.), ај на свои очи да не веруваме на снимки, слики и видеа...

Ај тебе ќе те слушаме и тие што го смислија "духот на Киев", клипчиња од видео игри и што постхумно доделија ордени на војниците од Змиски остров, а тие живи здрави најадени напиени кај русите на гости :lolzz: :lolzz: :lolzz: .

Да ве немаше ќе требаше да ве измислиме. Национално богатство сте, пример за како не се користи ниедна мозочна ќелија. Медицински феномен - живее а нема мозок :pos:.
 
Последно уредено:

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.650
Поени од реакции
22.384
Големите загуби за Русија секако не мора да значат победа и со огромни загуби можна е. Сепак негативните аспекти се што после војната ќе останат доста оскубани исто така секој уништен тенк или паднат брод носи жртви со себе а и дома огромните загуби нема да ги радува луѓето (иако тоа е најмал проблем). Тоа што се брукаат пред светот е мање више.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Razlikata e sto rusite se nsuceni so kalta da ziveat.

A ovi germacive se svileni i neznaat da ziveat so "Oskudacja"
Велите дека со Путин им тргнало на русите, а сега викаш биле навикнати во беда.

За разлика од Путин, германците ќе изнајдат решение за енергенсите.

И германците ќе се навикнат на нешто, али за во кал им оставаме на русите.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.491
Поени од реакции
23.473
Украина бара 50 милијарди долари од Г7 за да си го покрие дефицитот. Пред тоа Зеленски побара од ЕУ секој месец да му дава по 7 милијарди долари за да може да исплаќа плати и пензии.


 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.487
Поени од реакции
84.951
Големите загуби за Русија секако не мора да значат победа и со огромни загуби можна е. Сепак негативните аспекти се што после војната ќе останат доста оскубани исто така секој уништен тенк или паднат брод носи жртви со себе а и дома огромните загуби нема да ги радува луѓето (иако тоа е најмал проблем). Тоа што се брукаат пред светот е мање више.
Има еден тон последици сево ова. Огромен дел од нив ќе се појават после војната. Русија веројатно се надева на некаков нов свет, у кој нема зборот на Западот да биде закон.

На пример, Западот вика, океј е САД да го уништи Ирак, да гинат деца, жени... океј е С.А. да го напаѓа и уништува Јемен, или САД да отцепува територија од Србија и да ја напаѓа со проектили кои имаат осиромашен ураниум, едно 7-80 дена, али не е океј Русија кога го прави тоа. Тој наратив нема никаква здраворазумска логика, а сепак еден куп народ се преправа дека тоа не го приметува.
И ама баш никој, не се ни обидува да ја посочи разликата.
Зошто цел свет да трпи сега заради санкции, кога истово се случуваше повеќе пати до сега, а остаотокот од светот нормално живееше, за време на сите тие инвазии на Виетнам, Сомалија, Афганистан?

Големите материјални губитоци, се релевантни ако придонесуваат значително кон неостварување на целите на војната.
Автоматски споено мислење:

За разлика од Путин, германците ќе изнајдат решение за енергенсите.
Но, додека не најдат, нека си тече гасот, а еврата на твоите роднини и на Staufer ќе одат за руската специјална операција да може да тера.

Кога ќе изнајдат решение, тогаш ќе прекинат да даваат пари на Русите, за овие да не можат Украина да ја тепаат. До тогаш, ќе пишувате овде Германија, вака, Германија онака, дур купуваат Русите од Кина што им треба, со вашите евра.
Али барем Чајковски не се учи веќе у музичко школо, Европа забрани руски филмови и го тргна Јуриј Гагарин. Тоа би требало да донесе некои резултати на терен у Донбас, ваљда.
 
Последно уредено:

SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
Како сакаш, така мисли си.

Потопувањето на Москва е многу повеќе приказна за подигање на морал, отколку што има вистинско значење на терен.
Таков настан е и заробувањето на Козакганди (или како и да се викаше Енглезот), или убивањето генерали, или некои други настани, од една или друга страна.

Тоа се нешта за кои ќе се зборува, бидејќи се површно интригантни и regular joe полесно се поврзува лично со нив.

Од друга страна, regular joe поима нема колкаво значење, на пример, имаат гаѓањата на депоа со гориво, низ Украина, од страна на Русите.

Навивачите од една и друга страна, емотивно подтикнати во навивањето, ретко имаат објективен увид во ситуацијата.

Еве, вие навивачите за Украина, нигде не прочитав ништо да пишете за украинската артилерија, која најверојатно ги има нанесено најголемите губитоци кај Русите, ама затоа често се пишува за не толку битни настани и им се придава колосално значење (кое го немаат).
Редко изкажувам мислене по воени прашаниjа, пошто не сум упатен. На форомот е полно со експерти. Генерално е jасно дека руската страна е по мокна.
 
Член од
3 јули 2016
Мислења
200
Поени од реакции
620
Украина бара 50 милијарди долари од Г7 за да си го покрие дефицитот. Пред тоа Зеленски побара од ЕУ секој месец да му дава по 7 милијарди долари за да може да исплаќа плати и пензии.


I am once again asking for your financial support. Zelensky, ko sekoj balkanec sho ima rodnini na zapad misli parite na drvo rastat. Kakov klovn.

Teshko da dobiva pari bidejki evropskive zemji ke mora doma da krpat poradi poskapi ceni, poskapi energensi (freedom gas od USA), etc.

Krediti istio teshko da dobiva zoshto nemozhe da gi plakja. Isto zaradi neizvestnosta, nema da ima ni investicii zoshto nikoj neznae dali tie ke padnat vo ruski race. Najverojatno i ke izgubi pristap do pogolemite nuklearni centrali i ke mora da kupuva struja od Evropa.

Sekoj den razlicni raboti kazuva, nikakva konzistentnost.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.487
Поени од реакции
84.951
Редко изкажувам мислене по воени прашаниjа, пошто не сум упатен. На форомот е полно со експерти. Генерално е jасно дека руската страна е по мокна.
Не ми е тоа поентата и мислам дека Украина се држеше до сега подобро од очекуваното.
 

SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
Не ми е тоа поентата и мислам дека Украина се држеше до сега подобро од очекуваното.
Согласен. На почетокот мислев дека ке бидат брзо уништени и после ке има герилска борба и тероризам.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Украина бара 50 милијарди долари од Г7 за да си го покрие дефицитот. Пред тоа Зеленски побара од ЕУ секој месец да му дава по 7 милијарди долари за да може да исплаќа плати и пензии.


7 милијарди секој месец се реални. Еве Германциве стварно нека се капат еднаш месечно, кола еднаш неделно да возат и плин да користат макс. три пати месечно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom