Не ги мешам, ти ја гледаш денешната реалност, јас ти кажувам од каде почнало. Значи пред да почне војната тие 20К во Мариопол се дел од трупите во Донбас или тогаш околу 110К. Не се одвоени. Русите со своето напредување на Југот ги одвоија. Тие 110К војска во Донбас се околу 2/3 од ефективната војска на Украина. Другото е све територијална одбрана и резервен состав. Кога зборам за одвлекување на вниманието на север, зборам за тие 110К како целина.
Значи тие 15К или 20К во Мариопол се дел од таа целина од 110К војска кога почна нападот на Русија. А зошто се стационирале баш во Мариопол, според мене е бидејќи очекувале директен напад од море. И секогаш им била отворена можност да се повлечат кон главнината. Меѓутоа Русите не напаѓаа од море, туку само ги пресекоа од главнината. Таму всушност ДНР ги даде најголемите жртви. Во меѓувреме сите се спремаа за напад на Киев (прати го наративот) како „главна цел“ на Путин, згора на тоа и Русите и пуштија патка со десетици километри колони кои се движат накај Киев и кои наводно снемале бензин (на 100тина километри од Руска граница?!?!? ), за да преку ноќ колоните едноставно исчезнат.
Буквално на северот сите градови и места каде што има и најмал отпор се заобиколени, освен Чернобил и околу аеродромот. На почетокот на операцијата гледавме како искусна армија попут Русија прави наизглед стратешки грешки, како на пример пенетрира во територија и после ги напушта возилата. И додека фокусот беше во Киев, на истокот и на југот се спремаше терен за ова што се дешава сега и буквално се спои Крим со Донбас. Во моментот кога го уништија ПВО-то буквално се повлекоа од север пошто практично веќе е и невозможно да им се прати посериозна помош на трупите во Донбас, било тоа да е храна, или пак оружје и муниција.
Дури и трапавоста што ја прикажаа Русите во првите денови на операцијата верувам дека е во склоп на нивната стратегија на обмана. Е сега се дешаваат работи попут Москва, но еднаш кажав, пак ќе речам уште еднаш. После Русија, Украина има најразвиена ракетна технологија во светот.
Нема шанса Русите да биле погрешно информирани и да си мислеле дека одма ќе ги слечат гаќите Украинците (а од друга страна спремаат офанзива на Крим, ДНР и ЛНР). Таа приказна може ќе ја верував ако зборевме за интервенција во Јужно Афричка република. Русија ја има Украина практично во двор, со 10 милиони проруси внатре во неа. Така да многу добро знаеле што и како да очекуваат. Дури и трупањето сили на север (пред почетокот на војната) служело за обмана.
Според мене, све на све, освен на Твитер, во реалноста све си тече според очекувањата. Дури и ми се чини цела таа пропаганда на Твитер и иде во прилог на Русија, пошто колку подолго трае отпорот на Украинците, толку повеќе ќе ќари Русија од цела оваа ситуација. Првин беше Донбас и Крим, сега е и Керсон, ако продолжи отпорот најверојатно ќе биде и Харков, Одеса, Николаев, Днепропетровск, Житомир и така натака.
Реално после Донбас, што ќе ги спречи Русите да се истоварат и во Лвов?