Да, во право си за се горенаведено. Моментално е тотален хаос, а алчност за пари голема. Летово се стаде рампа во дворон на гимназијана и се користеше како паркинг. Не знам по кој пропис тој простор се квалификуват ко паркинг? Вервам да е некој приватњак шо сакат да отворит паркинг на врат ќе му се обесет со триста правила и прописи за паркинг плац, ама ако е од општинава ваљда доволно е само да се заградит со рампа и терај.
Друга работа, по правило паркинг во центар секаде коштат многу. Дали мислиш дека некој ќе е спремен да ја платит таа цена ако пример се отворит катна гаража? Јас мислам пак ќе имат плачки и сензационални наслови "ПАРКИНГ ВО ОХРИД 200 ДЕНАРИ, НЕМИТ ФИСКАЛНА".
За тие шо ги спомна шо работеле Охрид а се од понастрана, едно време паркингон кај полигонон функционираше преку цела година. Цело време беше празен пошо се наплаќаше. Зш не се будали да се паркирет луѓево на паркинг плац и да платет ко можит да се паркирет по споредни улички, по тротоари. Помини во работен ден во сите споредни улички околу општина, гимназија, туристичка и види каков хаос е. То е до менталитетот на луѓето.
И Барселона и Дубровник и Сплит и ( insert random tourist city ) немет паркинг во центар на градот. Движење на возила е стриктно забрането, освен за дотур на роба и такси превоз. И за мештани и за туристи. Како таму не му сметат на никој, а овде сите се бунет?
Јас би забранила возила од горна порта до плоштад, со исклучок на дотур на роба и такси превоз. Па нека му субвенционират општинава такси превоз или било каков организиран превоз на мештаните во стариот град. Ама после како ќе организирет визити, ќе немат кај да се паркирет гостиве. Маки тешки.