Сериозно не ти е јасно зашто не отиде да погледне?
Барем ти мислев си запознен со правилата.
Како и да е, наклон до под за Челзи, поготово за господин Тухел.
Боли што изиграа перфектна утакмица и сепак не успеаа да поминат понатаму.
За вакви утакмици се живее реално.
Немам проблем со правилата, кажав и погоре. Имам проблем со тоа што топката ротираше околу раката на Алонсо, по две одбивања од неговата нога и онаа претходно на Карвахал. Дали оствари Алонсо предност со тој мининален, премининален допир, не сум воопшто сигурен. А и не знам дали ќе беше иста одлуката доколку Алонсо имаше бел дрес.
Како и да е, само споменав. Греота е да се фаќам за тоа кога голманот на Реал одбрани тоа што требаше да се одбрани, но и повеќе од тоа, а Менди имаше мозочен удар на двата дуели. Измената на Реал донесе полуфинале, измената на Челзи донесе две промашени колосални прилики на американското гомно. На крајот од денот, никој не ти е виновен што Жоргињо од три метри не знае сиротиот да упати удар и на крајот од денот никој не ти е виновен што имаш 0:3 на десет минути до крај на Бернабеу и не успеваш да се пласираш понатаму.
Канте со капитенска трака на рака ја заеба за двата гола, Реал во двата меча ги искористи максимално сите индивидуални грешки на Челзи и си дојде до целта. Следствено на тоа, Реал заслужено со Сити или Атлетико. Челзи заслужено дома и на патетични ,,ниеден пораз не се брои, вие сте нашите херои" жалопојки по интернет и медиуми.
Само, иако ќе бидам за Реал во потенцијален дуел со Сити и иако прв велам секогаш дека Реал никогаш, ама баш никогаш не смееш да го отпишеш, со Гвардиола ќе биде друга приказна. Тие ги сведуваат базичните грешки на минимум, скоро и да не постојат. Така што, среќно и се гледаме догодина.
п.с реков за бунарот прееска, ама мислев дека Челзи со далеку полоша игра ќе остане жив. Вечерва полуфиналето беше во рацете на Челзи. Сами се донесоа до бунарот и го закопаа со земја.