UEFA Champions League - Season 2021/22

  • Креатор на темата Креатор на темата LostParadise
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион на Европа за 2021/2022?


  • Вкупно гласачи
    208
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Е то е три пати ми се потрефи денес се знаеше дека ќе се сопнам на крај :D
Реал беа здробени на натпреварот пред продолженијата.
Каква само лекција му одржа во фудбал Тухел и играчите, ги сомелија буквално.
Рудигер искина, мен оф д меч.
Да му се плукнам во та среќата на Реал шо ја имаат реално. :)
 
Марчињак не се одважи ниту да погледне. Тоа е.
Сериозно не ти е јасно зашто не отиде да погледне?
Барем ти мислев си запознен со правилата.

Како и да е, наклон до под за Челзи, поготово за господин Тухел.
Боли што изиграа перфектна утакмица и сепак не успеаа да поминат понатаму.
Уствари ти сам си кажа дека ќе ве донесеме до бунарот и нема да ви дадеме вода да се напиете.
Јебига, тоа е Реал.

За вакви утакмици се живее реално.
 
Сепак уште едно се-англиско финале на крај.
 
Аиии..вака треба да изгледаат сите елиминациони двомечи ЛШ точка.
 
Moжеш да правиш тактики колку сакаш, кога имаш маестро на терен како Модриќ, се паѓа во вода. На 36 години по 120 минути утакмица со вакво темпо.

Ги гледам оние гревовите на Јунајтед, не можат ваков интезитет 30 минути да издржат на по 22-24 години.

 
Сериозно не ти е јасно зашто не отиде да погледне?
Барем ти мислев си запознен со правилата.

Како и да е, наклон до под за Челзи, поготово за господин Тухел.
Боли што изиграа перфектна утакмица и сепак не успеаа да поминат понатаму.

За вакви утакмици се живее реално.

Немам проблем со правилата, кажав и погоре. Имам проблем со тоа што топката ротираше околу раката на Алонсо, по две одбивања од неговата нога и онаа претходно на Карвахал. Дали оствари Алонсо предност со тој мининален, премининален допир, не сум воопшто сигурен. А и не знам дали ќе беше иста одлуката доколку Алонсо имаше бел дрес.

Како и да е, само споменав. Греота е да се фаќам за тоа кога голманот на Реал одбрани тоа што требаше да се одбрани, но и повеќе од тоа, а Менди имаше мозочен удар на двата дуели. Измената на Реал донесе полуфинале, измената на Челзи донесе две промашени колосални прилики на американското гомно. На крајот од денот, никој не ти е виновен што Жоргињо од три метри не знае сиротиот да упати удар и на крајот од денот никој не ти е виновен што имаш 0:3 на десет минути до крај на Бернабеу и не успеваш да се пласираш понатаму.

Канте со капитенска трака на рака ја заеба за двата гола, Реал во двата меча ги искористи максимално сите индивидуални грешки на Челзи и си дојде до целта. Следствено на тоа, Реал заслужено со Сити или Атлетико. Челзи заслужено дома и на патетични ,,ниеден пораз не се брои, вие сте нашите херои" жалопојки по интернет и медиуми.

Само, иако ќе бидам за Реал во потенцијален дуел со Сити и иако прв велам секогаш дека Реал никогаш, ама баш никогаш не смееш да го отпишеш, со Гвардиола ќе биде друга приказна. Тие ги сведуваат базичните грешки на минимум, скоро и да не постојат. Така што, среќно и се гледаме догодина.

п.с реков за бунарот прееска, ама мислев дека Челзи со далеку полоша игра ќе остане жив. Вечерва полуфиналето беше во рацете на Челзи. Сами се донесоа до бунарот и го закопаа со земја.
 
Последно уредено:
Се што сакав беше да покажат дека можат да се борат и надигруваат до крај, а тоа и те како го покажаа. Штета што не успеаа да го обезбедат пласманот.

Иначе правилата за игра со рака во напад се мењаат секоја сезона. Ваљда последно беше дека ако со следниот контакт постигнеш гол, не важи. А ако е од друг играч, важи.

Одличен натпревар во секој случај.
 
Тухел вечерва погреши само со измената Пулишиќ-Вернер. Вернер одигра на високо ниво и мислам дека при 0-3, ќе имаше уште повеќе простор да го казни Реал.

Инаку да е иронијата поголема, Виљареал само од Јунајтед загуби 2 пати сезонава :icon_lol:
 
Жоржињо бе стварно како успеа она да го промаши бре, двете леви да му беа нозете ќе погодеше од таму.
Исто и Зијек и Пулишич апсолутно ништо не допринесоа со влегувањето, тотална утка, капак на сето тоа и влегувањето на Саул, колку да се речи, од шо немаше веќе никаква опција шо понатаму, и неговиот тажен удар при крај на трибини кога ја рогна топката.
 
Овие па овие, нема нешто поодвратно од Англиски навивачи, хулигани или ватевр, пијаници глупи, зедоја меѓусебе се истепаа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom