Влез во Грција со новите услови од мај 2021

Член од
12 декември 2010
Мислења
10.518
Поени од реакции
11.482
Ова е тоа што ми требаше, значи проаѓаме за некои 10 дена. :D
Проаѓате
тој што ти рекол дека со тоа што поминал граница неможел и во продавница веројатно не му бил европски сертификатот
Пред Космос и Мега има пунктови за брз тест а во Уан Салоника во аптеката внатре прават

Sent from my iPhone using Tapatalk
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Наводно укинување на сертификатите за вакцинацирани/прележани во период од мај до август.
Со што по крајот на летото најверојатно повторно ќе се вратат мерките на сила.

Κλείδωσε η ημέρα που καταργούνται ράπιντ και πιστοποιητικά εμβολιασμού, για 4 μήνες

Πάσχα ήταν και… πάει: Κλείδωσε η ημέρα που καταργούνται ράπιντ και πιστοποιητικά εμβολιασμού, για 4 μήνες

Ништо од ова не е официјално, сеуште е само тема на муабет. Иако Министерот за здравство Плеврис тоа го спомна на самитот во Делфи.
Веќе претходно имаше ваква најава од негова страна за укинување на сите мерки до крајот на март, но ништо од тоа не се случи.

Гледам нашите медиуми готово расчистија, како демек сигурно повеќе немало да се бара никаков тест/сертификат за на граница и за низ Грција од 2ри мај, но не е така.
Погрешно протолкувано или преведено, не знам, но информацијата не им е точна, затоа што сеуште нема ништо официјално од грчките власти.

Сеуште е една голема непознаница кога и дали тоа навистина ќе се случи.

Цените на сместувањето, храната, горивото и се останато се доста покачени со што се очекува оваа туристичка сезона да биде уште послаба од ланската. Така да се е можно во однос на мерките со цел да се привлечат повеќе туристи, но останува да видиме.
Сега засега, сето ова е само шпекулација.

-----
Сега на сила се веќе постоечките мерки за влез во Грција од 11.04.2022 до 18.04.2022 согласно заедничката министерска одлука, објавена во сл. весник бр. Δ1α/ΓΠ.οικ. 20355/2022 - ΦΕΚ 1723/Β/9-4-2022

- не е потребно пополнување на ПЛФ

- Задолжителен дигитален ЕУ сертификат за сите постари од 5 (наполнети) години
* Вакцинален сертификат со важност од 9 месеци за примени две дози, за примена трета (бустер) доза нема временско ограничување
* Сертификат за прележан Ковид со важност од 6 месеци
* Негативен ПЦР (важност 72 часа) или антиген (важност 24 часа)

Мерки на сила за движење низ Грција
- задолжителна употреба на маска во затворен простор
- задолжителна употреба на двојна маска или КН95 во супер маркети, пекари, аптеки и јавен градски превоз (каде не се бара никаков сертификат, слободен влез за сите категории)
- угостителски објекти (кафичи, таверни, ресторани, ноќни клубови) задолжително приложување на валиден сертификат за вакцинација односно прележан Ковид или негативен ПЦР (важност 72 часа) односно антиген (важност 48 часа). Со негативен ПЦР/антиген дозволен е влез само во надворешниот дел на угостителските објекти.
- Во институции од јавен карактер и приватен сектор, банки, продавници, трговски центри, верски објекти дозволен е влез со сертификат за вакцинација односно прележан Ковид или негативен ПЦР (важност 72 часа) односно антиген (важност 48 часа)
- како препорака е дадено да се носи маска на отворен простор каде што има голема концентрација на луѓе. Само како препорака, не е задолжително.
****сите мерки се однесуваат и за деца со наполнети 4 години
****** на територијата на Грција важноста на вакциналниот сертификат со две дози е 7 месеци, додека со бустер доза нема временско ограничување. Сертификатот за прележан Ковид има важност од 3 месеци.
Секаде каде што се врши скенирање на сертификатот за вакцинација/прележан Ковид, задолжително е приложување и проверка на документ за лична идентификација (пасош).
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.341
Поени од реакции
16.503
https://informa.mk/2022/04/10/ohrid-vo-shok-grczija-so-ovoj-poteg-ke-gi-osvoi-site-turisti/?fbclid=IwAR1hAk8M12jSg8pVYUgHHY7JriIfpnK2r_aPM-eweU4OJ2chYhrMVUZA_sM

нема до толку да се осети во Охрид, јуни ионака е празен и да не е војната во Украина, а во јули и август малкумина одат во Грција, барем по 20 јули а кога РЕАЛНО почнува сезоната во Охрид
Автоматски споено мислење:

Мерки на сила за движење низ Грција
- задолжителна употреба на маска во затворен простор
- задолжителна употреба на двојна маска или КН95 во супер маркети, пекари, аптеки и јавен градски превоз (каде не се бара никаков сертификат, слободен влез за сите категории)
- угостителски објекти (кафичи, таверни, ресторани, ноќни клубови) задолжително приложување на валиден сертификат за вакцинација односно прележан Ковид или негативен ПЦР (важност 72 часа) односно антиген (важност 48 часа). Со негативен ПЦР/антиген дозволен е влез само во надворешниот дел на угостителските објекти.
- Во институции од јавен карактер и приватен сектор, банки, продавници, трговски центри, верски објекти дозволен е влез со сертификат за вакцинација односно прележан Ковид или негативен ПЦР (важност 72 часа) односно антиген (важност 48 часа)
- како препорака е дадено да се носи маска на отворен простор каде што има голема концентрација на луѓе. Само како препорака, не е задолжително.
****сите мерки се однесуваат и за деца со наполнети 4 години
****** на територијата на Грција важноста на вакциналниот сертификат со две дози е 7 месеци, додека со бустер доза нема временско ограничување. Сертификатот за прележан Ковид има важност од 3 месеци.
Секаде каде што се врши скенирање на сертификатот за вакцинација/прележан Ковид, задолжително е приложување и проверка на документ за лична идентификација (пасош).
овие мерки беа и од лани или нови се ???
само обична маска ставав, а самите продавачи на Скиатос ама и во септември кога бев во Пефкофори не носеа маски, немало таму Ковид, море е :cool:
лани само на ферито беше строго, секој приложуваше цертификат, а еден официр бараше маски во големата кабина каде имаше и ресторан, па одевме на отворените палуби...
 
Последно уредено:

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
овие мерки беа и од лани или нови се ???
само обична маска ставав, а самите продавачи на Скиатос ама и во септември кога бев во Пефкофори не носеа маски, немало таму Ковид, море е :cool:
лани само на ферито беше строго, секој приложуваше цертификат, а еден официр бараше маски во големата кабина каде имаше и ресторан, па одевме на отворените палуби...
Носењето на двојна маска или КН95 е на сила уште од декември 2021ва во супер маркети, аптеки, јавен превоз. Изменето е многу во однос на лани летото и строго се контролира.
Се очекува дека и ова лето ќе биде лабаво како и лани (се очекува дури и полабаво), но останува официјално да видиме.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Денешна изјава на Министерот за здравство Плеврис
Од 1ви мај до 31ви август нема да биде потребен сертификат за вакциниција/прележан Ковид/негативен тест(ПЦР/антиген) за влез во угостителските објекти и сите продавници.

За влез во Грција ќе остане на сила приложувањето на вакцинален сертификат односно прележан Ковид или негативен ПЦР односно антиген тест, но постепено ќе се преиспитува можноста за кои држави е возможно да се укине барањето на сертификат при влез во државата.

Носењето на заштитна маска во затворен простор ќе остане на сила до 31ви мај, додека од 1ви јуни обврската за нивна употреба ќе биде укината.

Учениците од 3ти мај нема да имаат повеќе обврска за селф-тест, додека невакцинираните работници ќе треба да прават само по еден селф-тест неделно.

Тој исто напомена дека за Велигден ќе останат на сила сегашните мерки.

Ова е најава, за 100% сигурност чекаме да биде објавено во службен весник кон крајот на месецот.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.762
Поени од реакции
8.022
Топ, дефинитивно ќе има поразлична сезона. Без маски, без сертификати. Уште да се укинат за влез во Грција и се се враќа во нормала, барем на 4 месеци. Да истераме летната сезона :icon_lol:
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.762
Поени од реакции
8.022
Од 1 Мај без сертификати за вакцина и со 100% капацитет во објектите. За повеќе информации ќе се обрати министерот од Грчка, @TrendS

Повели министре :icon_lol:
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Од 1 Мај без сертификати за вакцина и со 100% капацитет во објектите. За повеќе информации ќе се обрати министерот од Грчка, @TrendS

Повели министре :icon_lol:
Точно, но додека не излезе во сл. весник ништо. :)
Инаку да.
Денеска е доставен предлог од експертската комисија (Кризен штаб) и од Министерство за здравство на Грција за укинување на сертификатите за влез во Грција од 1ви мај. Дали ќе биде селективно по држави или не, ќе видиме кога ќе има официјално.
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.665
Поени од реакции
14.539
Од 1 Мај без сертификати за вакцина и со 100% капацитет во објектите. За повеќе информации ќе се обрати министерот од Грчка, @TrendS

Повели министре :icon_lol:
Пичка ти мајчина, се задавив со водава :pos:

@TrendS - Цариште
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.762
Поени од реакции
8.022
Точно, но додека не излезе во сл. весник ништо. :)
Инаку да.
Денеска е доставен предлог од експертската комисија (Кризен штаб) и од Министерство за здравство на Грција за укинување на сертификатите за влез во Грција од 1ви мај. Дали ќе биде селективно по држави или не, ќе видиме кога ќе има официјално.
Благодарам министре, бидите така.

 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.467
Поени од реакции
9.930
Точно, но додека не излезе во сл. весник ништо. :)
Инаку да.
Денеска е доставен предлог од експертската комисија (Кризен штаб) и од Министерство за здравство на Грција за укинување на сертификатите за влез во Грција од 1ви мај. Дали ќе биде селективно по држави или не, ќе видиме кога ќе има официјално.
glavni, de edno info ako moze (ne sum bil Grcija od pred Covid)

gledam opcija da letam od Svedska do Solun, pa od Solun da se vrakjam doma.
imam EU sertifikat so 2 dozi (vtora vo Septemvri 2021, ima vaznost do 9 meseci od prethodnite regulativi)

gi baraat li tie formi/listovi, koi gi vovedoa so covidot (da ostavis podatoci kade patuvas i koga bi izlegol od zemjata i slicno)?
ako gi baraat, dali moze da ja potpolnis na vlez, ili treba unapred?
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
glavni, de edno info ako moze (ne sum bil Grcija od pred Covid)

gledam opcija da letam od Svedska do Solun, pa od Solun da se vrakjam doma.
imam EU sertifikat so 2 dozi (vtora vo Septemvri 2021, ima vaznost do 9 meseci od prethodnite regulativi)

gi baraat li tie formi/listovi, koi gi vovedoa so covidot (da ostavis podatoci kade patuvas i koga bi izlegol od zemjata i slicno)?
ako gi baraat, dali moze da ja potpolnis na vlez, ili treba unapred?
Ништо не треба да пополнуваш повеќе. Укинат е ПЛФ образецот.
Од утре ќе укинат и било каков сертификат за влез во Грција. Денеска треба да искочи во службен весник.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Последната објавена министерска одлука.
Службен весник бр.Δ1α/ΓΠ.οικ.23983

На сила од 01.05 (06,00h) до 16.05.2022
Сите мерки, сертификати и се по ред НИЗ Грција се укинуваат.
СЕМ една мерка сеуште останува на сила.
Задолжително носење на маска во затворен простор (во супер маркети, јавен превоз, аптеки, пекари, бензински пумпи KN95/FFP2 или дупла маска)
Како препорака останува носење маска на отворен простор, каде што има голема концентрација на луѓе.

За влез во Грција, сеуште официјално ништо не е објавено во сл. весник, иако претходната одлука завршува денеска на полноќ. Се очекува во тек на денот да излезе новата одлука (се надевам како што кажа Плеврис, влез во Грција без сертификат).
ПС
Инаку на Евзони повеќе не бараат ништо, сем пасош (иако ниту они сеуште немаат ништо официјално добиено од државата).
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom