Помош при избор на велосипед и останата опрема (цени, совети, споредби...)

Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.036
Поени од реакции
5.938
Ok, checked, за 1.000 денари поевтино (ако воопшто го има на залиха и е таа цената) би земал поружен и потапа точак од друга земја (и би го возел назад) само пошто имал субјективно "поиздржливи" бандажи (според наводно твое лошо искуство со некој модел пред 6 години". После, кога ќе дојде време за сервис или ако имаш поголем проблем за да ја активираш гаранцијата, пак назад со возење во Врање ќе го враќаш или може и со буткање - како идат тие работи? :))
Друже,не е ова кола па да морам мал и голем сервис да правам со менување на неколку делови а што се однесува до најосновните работи кои се потрошен материјал како пакни,ланец,касета и гуми тоа сам си го средувам а и секој активен бајкер мора да ги знае тие работи.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444

Јас сум активен бајкер, па никад не ми текнало да губам цел ден на мачкање со уље кога може да го оставам во сервис кој ќе jа заврши 10 пати подобро работата од мене. Ама ти друже си спремен до Врање да отидеш со помисла дека така ќе ушпараш :D
 
Малку повеќе ги преувеличуваш работите кои се ептен прости околу одржувањето и многу малку време одзимаат.Не се работи само за 1000 денари заштеда туку за друг производител кој според мене е многу посериозен од кинескиот MAX крстен според книговодството на Агротехна.А Врање ми е блиску исто како за повеќето што е Куманово бидејки често правам тури башка ако сакам од продавницата на Capriolo доколку направам промет од 350 евра можам да си го повлечам ДДВ то само што сега за сега сум немал потреба за некоја поголема сума.
 
Последно уредено:

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Capriolo па едно брендиште со традиција, ќе помислат луѓево дека за Bianchi збориш, не за некој српски увозник на кинески точаци! :pos: Брат... Ако имаш перцепција дека возиш квалитетен бренд и дека шпараш со тоа што сам си го сервисираш точакот, а тоа те прави среќен, продолжи така :D
 
Ф

Флеш

Гостин
престанете и двајцата .... аман .... да те носи од едно место до друго . битно е колку е скупо ,оти секој нема пари да си дозволи . тоа е критеријата . парите . ме заболе за брендот искрено . возам хамачи а сум поминал 10,000 километри која една веспа не може ни 3,000 без скуп мал сервис и скуп дел оти е бренд . поентата ми е не се карајте џабе дечки
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Види Флеш, не се караме, дискутираме - тоа е поентата на форумот :)
Финтата е што и јас го мислам истото, особено ако велосипедот е наменет баш за тоа, да те однесе од едно на друго место или повремено да се рекреираш. Секако, драстично поскапите велосипеди се поскапи поради тоа што се бренд, НО првично затоа што се користат поквалитетни/поскапи компоненти и изработката е далеку поквалитетна. Да беше реакцијата дека TREK, KTM или Bianchi се поквалитетни од MAX - пеки. Ама кога некој ќе ми каже дека Capriolo биле подобар избор од практично истите велосипеди како MAX - стварно сум збунет. После тоа, главниот фактор за одлучување испадна тоа што во Врање биле поевтини (ако си ги донесеш сам, добро утро!) и затоа што името MAX било на некој од „сметководството на Агротехна“ :pos:

Купувањето точак од Македонија (наместо од Врање) има низа бенефити, како на пример: Сервис, гаранција, субвенции, цена и тн... Купувањето на точак од Врање има бенефиции од типот на: си го носиш сам со возење и сам си менуваш касета, ланец и тн. :D
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.836
Поени од реакции
17.483
Не знам за точаци на ново, ама на старо поевтини се за минимум 50-100 евра. Него како настана оваа криза, ке ти оди како подмачкан бизисот ако ги покачат бензинот и дизелот. :D
 
Ф

Флеш

Гостин
Не знам за точаци на ново, ама на старо поевтини се за минимум 50-100 евра. Него како настана оваа криза, ке ти оди како подмачкан бизисот ако ги покачат бензинот и дизелот. :D
стари точаци ебате сфе нема за мене големина 28 и нагоре .... рамот да не кажам :LOL::ROFLMAO:
 
Член од
22 август 2015
Мислења
74
Поени од реакции
34
Сервис, гаранција, субвенции, цена
Цена - разликите се минимални,
Субвенции - овој бенефит не го добиваат сите,
Гаранција - се согласувам дека ова е бенефит, иако шансите да ја искористиш се минимални,
Сервис - незнам што подразбираш со ова, може да појасниш? Пример ако купам МАХ велосипед, ќе добивам попуст на сервис на истиот кај овластен сервисер?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Субвенции - овој бенефит не го добиваат сите,
Ама, го добиваат сите во Скопје, што е голем дел од популацијата.

Гаранција - се согласувам дека ова е бенефит, иако шансите да ја искористиш се минимални,
Сервис - незнам што подразбираш со ова, може да појасниш? Пример ако купам МАХ велосипед, ќе добивам попуст на сервис на истиот кај овластен сервисер?
Гаранција и сервис се поврзани ставки. Не разбирам, како мислиш тоа „шансите се минимални да ја искористиш“?
 
Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Сите во Скопје не добиваат субвенции, лани на пример јас не добив дека биле потрошени. Во Април го купив точакот, и имам позната баш во тој сектор и ми кажа дека за годинава (2021-ва) го збрчиле фондот веќе во Февруари. А пред три години земав за двата во истата година (y)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Па нормално дека нема да добиеш, ако пропуштиш рок, утнеш некој услов или АКО ВЕЌЕ СИ ЗЕМАЛ ПРЕТХОДНО :)
 
Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Погоре напиша дека сите во Скопје добиваат, сега имало и услови. Условите беа исполнети ама снемало пари така да испаѓа дека не добиваат сите;)
 
Член од
22 август 2015
Мислења
74
Поени од реакции
34
Гаранција и сервис се поврзани ставки. Не разбирам, како мислиш тоа „шансите се минимални да ја искористиш“?
Затоа прашав на што мислиш кога ќе кажеш сервис. Еве да речеме дека возиш рекреативно, кога е убаво времето, 2 дена во неделата. Колку би било тоа, 40-50км/неделно? Значи на 2 месеци, барем еднаш треба да се исчисти ланецот и подмачка, секако зборам ако возиш стриктно асфалт, за полоши услови треба многу почесто. Дали тоа се подразбира во сервисот кој го збориш? Поголем сервис? Ако овие работи не спаѓаат во гаранција, тогаш гаранцијата е само за дефектни делови/фабрички испусти, затоа реков дека шансите да ја искористиш се минимални.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Погоре напиша дека сите во Скопје добиваат, сега имало и услови. Условите беа исполнети ама снемало пари така да испаѓа дека не добиваат сите;)
Сите во Скопје можат да аплицираат за субвенција и да ја добијат, ако се исполнети условите. Стварно не ја разбирам потребата од правење луд со сила :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom