Види Флеш, не се караме, дискутираме - тоа е поентата на форумот
Финтата е што и јас го мислам истото, особено ако велосипедот е наменет баш за тоа, да те однесе од едно на друго место или повремено да се рекреираш. Секако, драстично поскапите велосипеди се поскапи поради тоа што се бренд, НО првично затоа што се користат поквалитетни/поскапи компоненти и изработката е далеку поквалитетна. Да беше реакцијата дека TREK, KTM или Bianchi се поквалитетни од MAX - пеки. Ама кога некој ќе ми каже дека Capriolo биле подобар избор од практично истите велосипеди како MAX - стварно сум збунет. После тоа, главниот фактор за одлучување испадна тоа што во Врање биле поевтини (ако си ги донесеш сам, добро утро!) и затоа што името MAX било на некој од „сметководството на Агротехна“
Купувањето точак од Македонија (наместо од Врање) има низа бенефити, како на пример: Сервис, гаранција, субвенции, цена и тн... Купувањето на точак од Врање има бенефиции од типот на: си го носиш сам со возење и сам си менуваш касета, ланец и тн.