Македонска фудбалска репрезентација

Член од
6 мај 2021
Мислења
705
Поени од реакции
1.290
:tapp: :tapp: :tapp:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ех сеа. Убаво си пиша. Генерацијава е преценета, ама сега па демек си мислел играчки била преценета.
Па ти побара појаснување.

Не мора да пишуваш толку, јас те разбирам, се согласувам скоро со се што пиша. Не ми беше предмет на дискусија споредба на резултати, сите резултати се на страна на оваа репрезентација. Но сме имале и многу други состави кои вчера ќе одиграа многу подобар натпревар со Португалија. За повеќето што ве читам, не само овде на форум туку секаде, за восхит бил начинот на кој сме играле вчера.

Голот не го видовме.

Ако ви е тоа за восхит, во ред. Јас би рекол дека доживеавме очекуван пораз, не одигравме апсолутно ништо и не бевме достоен противник во ниеден поглед.

Без самокритика нема напред.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
23.328

Ок е да си самокритичен ама треба да си реален. Зборуваме за Македонија. Нешто кое сите го заборавија после победата со Италија и си мислеа дека станавме светски шампиони. Доделувањето дипломатски пасоши и пречекот на плоштад е потврда за тоа дека повеќето македонци се со нереални очекувања.
Секако дека ќе има напред оваа генерација и без да ги оценуваме како преценета генерација. Си има кој да ги критикува за тоа што "голот не го видовме"
Ти и уште многу други ако пишете тука и на социјални мрежи не значи дека ќе стигне до нив. Тоа си е работа на менаџерот и според мене супер си ја врши работата. Патем он вчера изјави дека сеуште не сме дораснати за вакви репрезентации и мислам дека тоа е доволна критика према играчите. Мора да се има и баланс во критиките а тие ќе дојдат само кога ќе ја согледаме целата ситуација. Кој сме, кој сме биле и какви се нашите очекувања. Ти да не очекуваше да стигнеме на 90 минути од СП?

Еве уште ова ќе те прашам и доста е од мене на оваа тема.
Како фан на Интер, кога ние сме биле поопасни како тим?
Со напаѓачи како Баџо-Роналдо-Рекоба-Виери-Заморано, или 2010та со Милито-Ето-Пандев?
Исто му доаѓа и со споредбата Христов/Кириќ - Ристовски/Трајковски.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
и да не очекуваше да стигнеме на 90 минути од СП?
Очекував да одиграме нешто со тој толку фален среден ред кој од уста не го вадиме по социјални мрежи еве веќе година и нешто. А истиот не постоеше вчера. За нападот нема што да се коментира. Имаме добра одбрана составена од 11 души и тоа е тоа.

Оваа најдобра репрезентација на сите времиња што сме ја имале, во 180 минути еднаш (со бројки, 1) им шутна во рамки на гол на Италија и Португалија. Затоа имаш Италијани што се бесеа во подрум после мечот, што секако си е нивен проблем.

И сето тоа е во ред, ако признаеме дека сме слаби, дека сме далеку. Ајде овие се јаки, ама на европското и Австрија и Украина изгледаа како да се од друга планета со нас. И сега наеднаш сме во „Топ 15 во Европа“, па херои, па дипломатски пасоши, пи*** материне.

Сега не знам, која е реалноста, дека одигравме меч за восхит, или дека бевме здробени како мали деца? Што е пореално од двете?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.432
Поени од реакции
114.103
20 секунди предходно, во истата акција, пенал над Елмас не свиреше копилето.
П од пенал немаше таму, Пепе му ја стопираше топката на Елмас а овој се закова во него. Она над Миовски е срам и скроз е нејасно како при ВАР не беше досудено.

Капа доле за момциве, според мене се надминаа себе си во овој квалификациски циклус, второ место во група за прв пат во историја, победа на гости над Германија, победа на гости во бараж против европскиот шампион Италија и повеќе од достоен финален бараж меч, подобро скоро и да не можеше. (секако пласман у Катар е подобро)

Очајно ни фали еден асален шпиц, каков и да е сепак Несторовски е измислен за овие умрениве Ристовски и Миовски и се надевам дека ќе го надмине проблемот со повредите и ќе поигра уште некоја година во репрезентацијата.

Иначе многу јаки моменти се ова за нас како нација, буквално немаше човек што вчера не беше хајпнат и возбуден ради текмата, е така треба да биде во сите спортови и да се поддржуваат нашите спортисти и во добри и лоши моменти, а не да се фрлаат дрва и камења кога губат. Али знаеме сите дека тоа нема да биде така, секое чудо за три дена што викаат стариве, од утре пола бламперти ќе продужат да не пратат спорт и да немаат поима од истото, пола кокошки што се испосликаа за на инстаграм ќе продужат да бидат мртви и болни за лајкови итн итн и ќе не нервираат нас редовните што си се нервираме и што гледаме редовно.

И добро што глуми оној Панчев со изјавите за Пандев бе? Сериозен ли е? Умрен човек све му ебам.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
23.328
Очекував да одиграме нешто со тој толку фален среден ред кој од уста не го вадиме по социјални мрежи еве веќе година и нешто. А истиот не постоеше вчера. За нападот нема што да се коментира. Имаме добра одбрана составена од 11 души и тоа е тоа.

Оваа најдобра репрезентација на сите времиња што сме ја имале, во 180 минути еднаш (со бројки, 1) им шутна во рамки на гол на Италија и Португалија. Затоа имаш Италијани што се бесеа во подрум после мечот, што секако си е нивен проблем.

И сето тоа е во ред, ако признаеме дека сме слаби, дека сме далеку. Ајде овие се јаки, ама на европското и Австрија и Украина изгледаа како да се од друга планета со нас. И сега наеднаш сме во „Топ 15 во Европа“, па херои, па дипломатски пасоши, пи*** материне.

Сега не знам, која е реалноста, дека одигравме меч за восхит, или дека бевме здробени како мали деца? Што е пореално од двете?
Абе ако ти читаш мислења на луѓе кои гледаат по 1-2 меча годишно кои мислат дека ние сме Португалија а тие против кои игравме вчера Македонија и врз основа на истите правиш критика, тогаш џабе целава дискусија.
Македонците се познати по тоа дека се стручњаци на многу теми, особено спорт. Ене на братучед ми девојкана реферати изнапишала на фејсбук за репрезентацијата, а реално, да немаше интернет немаше да може да ги наброи сите играчи. Ма нема да можеше да наброи тројца.
Има и пар ликови на форумов такви ама сигурно нема врз основа на нивните мислења да си создавам во глава дека сме биле "Топ 15".
Ете од топ 20 според ранкинг, ние единствено може да сме егал со Турција. Со сите останати би изгубиле во двомеч. Па и Унгарија и Норвешка (вон топ 15) се поквалитетни од нас во моментов. Него муабетот ми е дека не сме повеќе онаа екипа од 4ти и 5ти шешир. Сега слободно може да кажеме дека сме репрезентација од рангот на Словачка, Романија, Грција, Босна...а подобри од репрезентации како Бугарија, Црна Гора, Израел, Исланд...
Не пишував овде, освен за Интер ретко кога коментирам одредени нешта предвремено ама му кажав на брат ми, единствена шанса нам ни е да изиграме исто така пацерски како против Италија. Можеби и сосема различна дискусија ќе имаше тука ако издржевме прво полувреме без примен гол.
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.277
Поени од реакции
977
И добро што глуми оној Панчев со изјавите за Пандев бе? Сериозен ли е? Умрен човек све му ебам.
Двете најголеми наши ѕверки се плукаат по медиуми. Ете тоа сме цело општество сублимирано у нивната преписка.
После мене потоп vs Патриотот.
Едниот српскa служба другиот итаљанска мафија :свиркам:
Comp 1.gif
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Југословенска ѕвезда е Панчев и нека не кур замара, тотално е небитен на било кое спортско прашање, подвижно дно е ликот и само бламчиња извираат од него.

Нека го остави на мира најдобриот фудбалер во историјата на Македонија.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
705
Поени од реакции
1.290
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Едниот има "златна копачка еуропе" другиот само копачка...
Што не го менува фактот дека е југословенска ѕвезда, македонец-југословен.
За Македонија нема ништо напраено, освен црвен картон за пукање лакт у нос.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom