Аман со тој медиумски меур, препотентен си ко Трамп со потценувањето дека не сум доволно информиран.
1. Украина никогаш не почнала војна со Русија, ниту со Руското малцинство. Напротив, Руското малцинство во Украина беше тоа што почна сепаратистички движења (и директно и индиректно помогнато од Русијаи директно и индиректно помогнато од Русија) на што Украина мораше да одговори (како и секоја нормална држава). Истото го направи и Русија во Чеченија, не видов некој да се вмеша во тој конфликт? Лицемерие пар екселанс.
3. На сите им е јасно дека Русија е агресорот па дури и на вас поддржувачите на Русија, ама мора да се бутка некој наратив дека Украина ќе нападнела или сега по ново, дека нападнала уште пред 8 години со тоа што се справувала со сепаратистички движења. Нападот е најдобра одбрана никогаш не проаѓа на суд. Тој случајот што ти го пиша за Велешанката е строго одбрана, затоа што врз неа претходно веќе бил извршен напад(и).
И да, тој референдум во Крим беше откако Русија го окупираше Крим и си инсталира своја власт. Беше демократски колку претседателски избори во Северна Кореја.
Околу санкциите, тотално небитно е дали Нигерија ќе им стави санкции на Русија ако воопшто нема бизнис со неа. Огромен дел од бизнисот на Русија е со Европа, затоа што европскиот дел им најнаселениот. Ако овие санкции значат дека Русија ќе треба да го пресели своето население во Азија за да биде поблиску до Кина/Индија - win/win за сите.
4. Русија е опасност за сите свои соседи ако не играат по нивно оро. Грузија, Молдавија и сега најново Украина. Финска и балтичките држави имаат само негативни зборови за Русија и Советскиот Сојуз. Полска беше уништена од Германија во WW2, но 50 години под Руска чизма им направи многу повеќе да ги мразат Русите отколку Германците.
6. Океј, дур не видиме некоја реална анкета ќе остане на ова. А ова што го пиша за снегулките и шарените е целосно спротивно од концептот на демократија, но во исто гледиште со диктатура. Изгледа затоа и би живеел ти во Русија/Белорусија, а јас сум повеќе за Германија/Данска/Шведска/Холандија...
Биди си ти академик во вистински живот, но на форум не си Господ.
Со Мајдан, нато и Украина го најавија и потоа остварија почетокот на геноцидот врз руското малцинство во Донбас. Слушни ги говорите на Порошенко за што ќе им правел на нив. Кога некој ти се заканува дека ќе ти го сотре семето, наравно дека не ти е оставен избор и мораш да се браниш - тоа што го именуваш како сепаратизам. Значи тоа е реакција на претходна акција. Понатаму употребата на војска и наци батаљони против цивилно население е бесполезно да се коментира што си го окарактеризирал како реакција на секоја нормална држава. Нормална реакција ќе беше почитување т.е. спроведување на меѓународниот договор Минск 1. Ама гарантите од еу се правеа слепци. Уште тогаш Русија да организираше мировна мисија од ваков обем, ќе беше исправно.
Значи да заклучиме, Нато и Украина во 2014 го почнаа сето ова. А Русија е наивното дебилче што 8 години чекаше за мировна операција.
3. Не се занимавам со наративи, само факти. Нато и Украина се агресорот, Русија е таа која се брани. Методот на одбрана е со контра напад што те збунува дека е агресија. Русија ли носи оружје од Москва до Берлин или нато од Берлин кон Москва се шири? Русија ли убива туѓи малцинства? Русија ли не осуди нацизам во ОН? Русија ли има 100ци воени бази околу нато или САД и нато имаат воени бази околу Русија? Русија ли има био-лаборатории околу нато и сад или они имаат низ цел свет и околу Русија? Русија ли има поголемо вооружување или нато? Русија ли има 700 миљарди годишен воен буџет или САД? Русија ли има 20 носачи на авиони или сад+нато? Русија ли менува влади, прави шарени револуции и арапски пролети? Нато е "одбранбен воен сојуз" а досеа никого не одбраниле, само нападнале, ја вооружува Украина иако не е ни дел од нато, Русија не е таа што носеше оружје, инструктори, пари на границите на нато, обратно е. 100 страни може да се пишуваат факти дека сад, нато и Украина како марионета и топовско месо у случајот се агресори.
Случајот со велешанката е ист, и врз Русија веќе се извршени напади и биле планирани уште посериозни. Русија постапува строго одбранбено.
Референдумот на Крим си е демократски, зашто не би бил!? Секако западот ќе вика не е, ама тоа не го менува фактот дека тој народ така си избрал сам. Има проблеми? Протестира некој? Се буни се жали од Русија? Се бара нов референдум од населението? И тоа 8 години без вода, наци Украина им го секна каналот, со цистерни од Русија се снабдуваа со вода и пак сите про Русија си се. Тоа е злосторства против човештвото, ама ај и на тоа слепци ќе се праиме ко еу, сад и нато. Значи спремни 8 години без вода да бидат само да се тргнат од наци режимот во Украина, ама референдумот не бил демократски!? Ај важи.
Околу санкциите, не го коментирав ефектот, туку соодносот во број на оние кои ја разбираат и поддржуваат позиција на Русија према оние кои се агресори. Соодносот е 6.7 миљарди поддршка наспрема 1.3 миљарди санкции. Значи огромното мнозинство од човештвото не е на страната на агресорите сад, еу и нато и покрај страшните политички, дипломатски и економски притисоци, рамни на рекетарство. Јер они нели така ја разбираат демократијата, ако прајте ко што ќе ви кажеме демократи сте. Ако не, не сте. Ама и ние што не го оставаме светот сам да си носи самостојни одлуки, е ние најголеми демократи сме.
4. Русија била опасност за своите соседи а цел Балтик у нато!? Дај боже толку "опасни" да беа нато и сад па Русија да постави свои ракети во Мексико и Канада, во Србија, во Австрија, Финска, на Исланд итн.
6. Баш ме интересира што би прифатил ти како "релевантна анкета"? Од ББЦ? Од ЦНН? Од соросови невладини? Макар и од нив да е, ќе речеш ама тоа дека се плашат русите и на анонимни анкети да зборат против Путин, е до толку е диктатура и затоа искача 70% рејтинг. Затоа не се труди да чекаш анкета, никогаш нема да ти биде доволно релевантна јер неможеш и нејќеш да прифатиш факти. Само кога резултатот би бил негативен по Путин, за тебе би била релевантна.
6. За снегулките и шарените убаво ти пишав, тие се методологија за рушење демократија и поставување диктатура. Затоа сум за нивно неутрализирање, за да не дојде до диктатура а да може да цвета демократијата. Ако после арапска пролет, Мајдан и шарена револуција ова не ти е јасно, ниту јас ниту Господ ниту никој неможе да ти помогне повеќе од тоа за да видиш факти кои се јасни како бел ден.
За живеење во западни земји е сосема друга тема и можеш по ПП да се консултираш со мене. Поголем број денови и години живеам или сум живеел на запад (и во еу и во сад подолго време) него ли во Мк. Во Белорусија сум бил и е прекрасно и за живеење и за работа (во ИТ барем). Само во Русија не сум бил никогаш, ама веројатно во новата светска реалност по некое време, ако се отиде таму и ќе се остануе.
П.с. иначе имам постојан контакт со доволен број пријатели/колеги/познаници од животов по светов и со украинци/ки, руси/нки и белоруси/нки и отприлика добивам какви такви информации за пулсот на "обичниот човек" од тие земји по моменталните случувања.