1. Дури ни Путин до сега не го употребил името "мировна операција", ти се најде најпаметен да декларираш што е... Бог да чува... Башка војната 8 години е внатрешна, т.е., цивилна. Со директниот напад на Русија према Украина премина во надворешна.
Излези од медиумскиот меур по 1000ти пат кажувам. Да не ти го цитирам целосниот говор на Путин, но ако знаеш дипломатски речник да протолкуваш, токму тоа и го кажува. Неговите зборови беа " ние не почнуваме, ние ја завршуваме 8 годишната војна од страна на украинската армија врз цивилното население...". Војна се завршува секогаш со мировна мисија и/или мировен договор/капитулација.
Никако не е 8 години цивилна војна, ниту пак внатрешна. Врз цивилите во Донбас кои се руско малцинство 8 години пука официјалната украинска армија, заедно со официјални украински наци батаљони дел од официјалната армија.
Со самиот факт дека држава врши геноцид врз туѓо малцинство, де факто и де јуре не е внатрешен конфликт според повелбите на ОН.
2. Да имаа поголем успех кон Киев вие ќе бевте као "гледате дека Русија ја смачка Украина за 1 недела? Никој ништо не им може". Ама заверглаа, и сега одеднаш се сменија приоритетите. И btw:
https://www.jpost.com/breaking-news/article-700998
Пак ти со тарот анализите. Да беше вака ќе беше онака. Види и у хороскоп на Путин што му пишува па сподели анализа според тоа. Фактите се дека Киев не е цел засега, а од стратешки и тактички причини има соодветна количина војска и техника кои ги исполнуваат задачите да држат тензија и ангажман на војската во и околу Киев како не би биле прераспределени према исток.
Линкот што си го ставил те демантира тебе. Ти тврдиш дека русите барале а као белорусите одбивале. Тоа ти е западни медиуми пропаганда, веќе 5 пати предвидоа дека еве утре само што не влегле и белорусите. Ништо од тоа. Ниту пак русите побарале ниту пак овие имале што да одбијат.
3. Да, ти си агресорот пред судот, исто како што сега и Русија е агресорот уште од Крим (некако комфорно го прескокнуваш фактот дека Русија насилно го отцепи Крим), а особено сега откако Русија отворено ја нападна цела Украина. Дури и да ги игнорираме моето и твоето мислење, 141 од 193 земји на ОН веќе изгласаа дека Русија е агресорот.
Ако "судот" се Кацарска, Рускоска, Фатиме и остала фашистичка багра, можеби. Но, во фер судска постапка не. Зошто народот и мислам судот застана на страна на велешанката што го избоде сопругот џандарот што ја малтретирал? Она ли е агресорот или жртвата во самоодбрана? Украина и нато се агресорот, на сите им е јасно. Самоодбрана не е само да се криеш, кренеш гард и трпиш удари дур не умреш. Самоодбрана подразбира неутрализирање на заканата, најефикасно со против напад. Тоа не е агресија, тоа е одбрана. Нападот а најдобра одбрана.
Ти некако селективна меморија имаш, комфорно го прескокнуваш фактот дека Крим имаше референдум и 95.5% гласаа за влез во руска федерација. Највисоката форма на директна демократија е референдумот. И веднаш да ти одговорам, руската интервенција месец дена пред тоа беше со цел овозможување на фер и демократски референдум, јер валда не мислиш дека се будали да остават на украинска администрација да го спроведе баш откако со нивната шарена револуција бутнаа легитимна влада и инсталираа нивни Заев.
И одма ќе ти одговорам и на тоа што би пишал дека не бил меѓународно признат. Кој треба да признае или одлучи за жителите на Крим!? Вашингтон? Брисел?
Гласањето во ОН е политичка куртоазија. И Србија го "осуди" па што? Поентата е дека никој не сака јавно да поддржи странска војска у своја држава како легитимно средство. Сепак, сите западни земји и нато, војските им се 100 години активни во туѓи држави без никакво право и под лажни претексти.
А зашто не спомнеш за санкциите? Повеќе од 2/3 од светот, т.е. 6.7 миљарди луѓе живеат во земји кои не ставија санкции. Тоа што е? Осуда? Не е. Тоа значи дека светот ја разбира позицијата во која била втурната Русија и оправданоста на мировната мисија за самоодбрана како и заштита на своети цивилно население/малцинство во Украина.
4. Фашисти/нацисти има во секоја држава. Во Русија има повеќе отколку во Украина, никој не го спомнува тоа. Проблемот е ако тие фашисти/нацисти ја водат државата, а во Украина тоа не беше случајот, колку и вие да ги правите Азов дека биле главните.
Плус, постоењето на Русија (уште повеќе и на САД, ама тоа е друг муабет) е најголема закана за останатите земји во светот, така што ако некој реши да ја уништи - нема другите многу да жалат по неа.
Тие се внатрешен проблем за Русија, јер не се закана по никој друг освен за самите руси. И Русија си ги решава тие проблеми. Не се закана по малцинствата и различните групи. Тие се далеку од институциите на Русија колку што е далеку Русија од наци идеологија.
Никој не ги прави Азов главни, но не се за потценување. И не се само Азов и не е само тоа проблем и добро е што на време ќе бидат денацифицирани, јер кога веќе би станале пресериозен проблем, веќе ќе биде доцна. Ни Хитлерова Германија не станала преку ноќ, исто почнало со "потценети спорадично екстремисти".
Официјална политика на Украина е глорифицирањето на нацизмот и славење на Бандера. И во ОН само две земји не гласаа за осуда на нацизмот - Украина и САД.
Постоењето на Русија е неопходно за баланс, јер гледаме како пројде светот без тоа и со хегемонија на САД - освен за време на Трамп, постојано прават војни низ цел свет со милиони милиони цивилни жртви и куп растурени држави. Јас незнам за кого Русија била опасност? Буквално дома и дојде нато, а овие не мрдаа со прст. Русија ли мења "режими"? Русија ли "носи демократија" со бомби а изнесува нафта, дроги, артефакти итн? Русија ли фрли атомски бомби? Русија ли се приближи кон нато? Русија ли организираше арапска пролет? Русија ли го створи Бин Ладен и Ал Каеда? Русија ли беше фашистичка или антифашистичка? До утре може да се набројува, така да не, западот е опасност за другите земји, Русија (и Кина) се спасот.
5. Цените растат и кај нас и кај нив, само што кај нив ќе расте и невработеноста заради компаниите што (ќе) се повлекуваат од Русија. Џабе што им е евтин бензинот кога не можеш да пиеш бензин за да се прехраниш.
Тука се слагам и претходно пишав во пост, вистинската војна за Русија е на економскиот фронт. Веројатно ќе имаат транзициски период исполнет со предизвици, но мислам дека ќе успеат успешно да ја преструктуираат и пренасочат економијата кон Исток.
6. Де постирај ми го тоа истражување на британската агенција да го видам. Само едно реално прашање: странска агенција во авторитарна земја како Русија, ако воопшто успеале да направат некое истражување - колку луѓе можат да прашаат?
И морале снегулките и шарените да се плашеле од државата... Извини ама во демократија - НЕ! Колку и да сум против снегулки и шарени, многу поубаво ми е да живеам во демократија отколку во диктатура. Ти слободно можеш да се преселиш во Русија/Белорусија ако ти пречи што живееш во Европа.
Демократските и слободни западни медиуми веднаш ја тргнаа анкетата. Ама интернетот не заборава, сигурно негде некој ја зачувал. Како и да е, еве на статиста.ком каде месец за месец следат рејтинг на Путин можеш да провериш дека во Февруари пораснал на 71%, исто како што беше на британската анекта што ја споменав.
Снегулки и шарени ти се поопасни од странска војска. Од внатре ти го рушат ткивото, како канцер. Таа невладина армада е прокси војска, мора да се елиминира до последна метастаза за да имаш демократска, слободна, суверена и стабилна држава. Значи штом сакаш да живееш во демократска држава, предуслов е да таквите страни агенти и аѓутанти се отстранети или потиснати на секој начин.
За селење у Русија/Белорусија без секунд мислење ако знаев јазик и процедурите за признавање дипломи и искуство беа полесни.
PS: не се однесувај како професор на форум. Сигурно не си во вистински живот
Јас сум академик и се однесувам како таков. И во вистински живот.