Го слушав Скот Ритер поранешен разузнавач на Маринскиот корпус, бил и советник на ген. Шварцкопф за време на воената кампања врз Ирак.
Некои главни поенти што ги запамтив а кој го интересирта може да го гледа целото интервју.
Нема да ја окупираат цела Украина затоа што имаат ангажирано "само" 200 000 војска Русите, а мин. за тоа треба 3:1 за оној што напаѓа. Украјна има под оружје 600 000, значи Русите за таква цел ќе им требаат минимум 1 800 000, а тоа не е случај.
Главна цел што ја прокламираат - денацификација, демилитаризација , би значело војнички да ги поразат пред се силите ангажирани на исток, а тоа се некои 120 000 украинска војска.
Останува финална реализација на планот. Акциите што ги преземаат русите се да им ја сјебат логистиката. Колку ќе издржат украинските единици кога ќе почнува да им снемува, храна, вода, гориво, муниција итд.
Не може да се повлечат затоа што се фикцирани за позициите кои што ги имаат утврдено на исток од страна на Милициите на Доњетск/ Луганск + Руската армија. Тоа фиксирање би значело да ако се обидат да се повлечат одма следува напад на руските милиции и армија. За тоа време Русите напредуваат од Север и Југ на источниот фронт, полека затварајќи го обрачот.
Ангажирањето на единиците околу Киев е за да се поделат Украинските сили и нивната логистика, + нивно фиксирање на овој фронт за да не можат да им помогнат на силите на исток.
Големите градови нема да ги освојуваат затоа што за тоа немаат доволно ангажирано војска.
Тоа не значи дека украинците не се способни и во иднина да извојуваат по некоја тактичка победа, а оружјето што го добиваат значи само поголеми загуби кај русите и нема да го смени текот на војната.
Тоа е, би додал дека ова е сегашен план што не значи дека нема да се промени утре ако украинциве одбијат да се предадат и не ги прифаќаат условите кои што им ги диктираат.
Enjoy the videos and music that you love, upload original content and share it all with friends, family and the world on YouTube.
www.youtube.com