Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    681

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.330
Поени од реакции
31.194

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522

Сеуште не ми се верува дека е можно оваков дебакл да не проценат сите високи функционери и влади, посебно од Европа, кога се работеше за санкциите. Нешто што беше толку евидентно што дури и овде на форумов се предвиде.

Има инаку некои новости за контраофанзивата на украинската армија кај Керсон? Не можам да најдам никакви вести денес.
Шо е чудно незнам..... германија најпрва се излета со прекинување на новиот гасовод... најголем губитник кој е? Сепак она... функционерите си ги знаат последиците ама тие се неможни да се спротиват на политиката на 2ца 3ца од врвот кога ке одлучат да биде како што тие замислиле... чекајте да видите железото колку ке се качи во иднина....
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.491
Поени од реакции
5.995
Не те интересира, чим дремиш овде и правдаш тероризам и фашистички окупации.

Сигурно дома постер од Кадиров со калаш имаш во детската.
Автоматски споено мислење:


Дугин од мокрино, кој е најновиот датум за да пропаднат европа и америка? Да си го меморирам постот како претходниот.
Јас на форумов пред некоја година читав дека Белгија била готова, се распаѓала, дури имаше и некаква тема за тоа, месеци и години врват а Белгија никако да се распадне.
Што ќе биде на форумов ако Кремљ не ги оствари целите во Украјина, дали нема да им биде блам да постираат баш ме интересира, Kool aid друштвото :icon_lol:
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Се е тоа убаво но за нуклеарки треба доста време а ЛНГ е поскап што значи паѓа конкурентноста на Европа во однос на Азија а патем со војнава и санкцииве се нокаутираат европски компании кои губат позиции на сметка на азиски компании.
Губењето на позиции од страна на европски компании воопшто не е добра вест за нас.Не ми е јасно како и едниве и другиве ипоаднаа олку големи и непромислени кретени.За нас не вреди ни да се коментира.Самостојно делување ни е строго забрането.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.743
Поени од реакции
21.774
Ако може да потврди некој од Италија, не можев да најдам ништо во врска со ова тврдење.




 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Редно време е да се стави крај на автократи и олигарси ко Путин и мафијашите околу него кои го водат светот во пропаст. Русија ништо не произведува освен оружје а сака да ѝ парира на Америка.
Автоматски споено мислење:



Украина е преголема да падне под Руска контрола, а и во најлош случај да падне само прашање на време е кога ќе излезе од ропство. Украинците а веќе и Русите одат контра Путиниската идеа на недостижност, автократија и 30 години технолошко тапкање во место додека на телевизија им се сервира пропаганда.
Во право си.Со Елцин пијаницата кој беше мошне близок со западот, русите ги живееја своите најсветли моменти!:eek:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.759
Поени од реакции
9.882
Во право си.Со Елцин пијаницата кој беше мошне близок со западот, русите ги живееја своите најсветли моменти!:eek:
Елцин е олицетворение за русин.Пијаница и будала.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.300
Елцин е олицетворение за русин.Пијаница и будала.
Еее баш вака покажете си го вистинското лице! Одлично!
Уште да ни кажеш дека сите до еден треба да се истребат и ќе ја заокружиш сликата!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.759
Поени од реакции
9.882
Еее баш вака покажете си го вистинското лице! Одлично!
Уште да ни кажеш дека сите до еден треба да се истребат и ќе ја заокружиш сликата!
Кои ние,немам ја ние.Ја сум единка,не сум ние вие.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Една огромна нелогичност околу новите изјави на Руската армија (а пропратно со тоа и на поддржувачите на Русија на форумов) е што тврдат дека завземање на Киев воопшто не било целта на "операцијата", туку само уништување на опремата и фокусирање на Донбас. Вистината е едно од овие 2:
- ја нападнаа Украина од 3 страни за Украинската војска да биде распределена низ цела држава, а не фокусирана само на тој регион
- видоа дека многу потешко од очекувањата напредуваат кон големите градови и со огромни загуби, а и ги утепаа со санкции и цела Европа се сврти против нив, па решија да лажат пред јавноста да спасат газ колку толку

Водејќи се по нивните изјави уште од пред пола година кога почнаа да трупаат војска на границата со Украина (па дури и во Белорусија), а особено ја памтам препотентната изјава на Захарова "кажете ми кога ќе почне војната за да си го планирам одморот" сè што изјавија до сега беше лага, па дури и вреѓање на интелигенцијата, така што силно верувам дека втората опција е вистината. Дополнително, ако првата опција е вистина, излегува дека Русија свесно праќа војници да гинат за апсолутно никаква цел. Дури и во држава како Русија мислам дека ова не би поминало туку-така.
Една огромна логичност има, само треба да сакаш да ја видиш.

Прво мешаш цели со начини, па тактика со стратегија, па причини со повод, па дипломатија со компартментализација. И затоа ти е се нејасно.

1. Целта никогаш не бил Киев, а со тек на време може ќе стане, како што си кажаа русите дека секое одлагање на договор си носи последици. Целите на операцијата се миљон пати досеа кажано, нема да ги повтараме, ги знаеш и сам.

2. "Само" уништување на опремата и фокусирање на Донбас ти е точно, две од целите се тие. Но не се само тие. А тоа "само" е демилитаризацијата. Фокусот на Донбас е денацификацијата. Плус Одеса, Керсон, Харков и остатокот од бивша источна Украина каде големи проценти се руско/проруско/рускојазично население. А баш таму пак (чиста коинциденција и случајност) базите и дејанијата на нацистите. И во западна, кај Лвов итн има нацисти ама тие се проблем за полско/унгарското малцинство таму, нема руско. Значи да, две од целите се демилитаризација (уништување на опрема, т.е. воена инфраструктура) и денацификацијата (фокусот на Донбас).

3. Од вистините твои, првата е точна. Но, тука машиш у разграничување на поими. Развлекувањето на фронтот не е цел сама по себе, туку само една од многуте тактики/методи/алатки за постигнување на претходно поставената стратегија.

Стратегијата пак, е сет од многу повеќе тактики/задачи/методи за остварување на крајните цели.

Воопшто не напредуваат кон големите градови како што си навел ниту пак имале засега таква намера. Уште од првата недела откако ги опколија, ги држат така, со што им ставија капија (како у табла) да не можат силите од таму да се прелоцираат кон друг фронт. Исечени се патиштата и коридорите и со тоа им е оневозможено засилување или обнова на ресурси, а храна, нафта, оружје, муниција трошат секој ден. Зашто би влагале и војувале!? Влагаат каде има цивили држени од наци батаљоните (Мариопољ) и стратешки важни позиции за таа фаза од операцијата.

"Огромните загуби" на видео игрите и едитирани фото и видео, на терен не важат. Таму фактите велат секој ден само напред идат, нит стојат нит рикверц идат, а досега ослободената територија е отприлика големина колку Англија.

Сигурно не би лажеле ради санкциите и тоа што европа се свртела против нив. Која е логиката? Као излажаа, се помирија "само" со Донбас и уништување на све воено во Украина и сеа очекуваат да им се смири европа и да им тргнат санкции? Не биди наивен. Русија е таа која и сврти грб на Европа, не обратно. Валда не си толку чакнат да мислиш дека русите решиле да влагаат у Украина ама се изненадиле од санкциите, као не ги очекувале не биле спремни на тоа ги шокирало.

За лажење пресмешно е да се збори ако на едната страна е западот. И Кико Истина од аеродром некат нема излажано, ама овие не.

4. Дипломатските изјави се токму тоа, дипломатија. Да не очекуваше да им најават баеги пред време!? Да им испратат и планови и стратегија и тактики? Од каде си сигурен па дека знаеле и самите дипломати? Вакви операции се подготвуваат по принцип на компартментализација, т.е. сите знаат по некој мал дел, никој не ја знае целата слика. Баш со намера и да има некој тастер или служби да следат некого да го слушаат или да им е врбуван, да не пропадне све останато.

Нато и Украина дадоа ли негде изјава дека планираат напад на Донбас и Крим? И они лажеле.

5. Каква врска ти има аналогијата "ако првата опција е вистинита, тогаш русија свесно праќа да гинат за никаква цел"?

Да, првата опција е вистинита и не е цел, туку тактика. Фронтот е развлечен и потешко се брани од 3 страни отколку од 1. Целта не е никаква, туку се јасно образложени целИ, кои се од опстојувачко значење за Русија. Замисли комбинација нацисти + нуклеарно оружје. Лошо за цел свет, а не па за Русија у комшии на граница.

Во Русија не само што "поминува" туку и се бараше ова. Не случајно поддршката за операцијата е над 70% а рејтингот на Путин во ранг 70-80%. И пред да брмчиш дека е руска пропаганда, ова е од британска агенција. Го имаа твитнато, но веднаш добија заушки и избришаа. Можеби некој ако го има линкот или твитот ќе го постира или веќе може го стаил. Баш види во Гардијан денес каков текст имаат со молење, плачење, лигавење за русите да праат револуција против Путин, баш ради резултатите од поддршката за Путин и операцијата.

Ќе повторам, не навивај, ништо ќар не си. Имаш интернет, писмен си, земи информации од што повеќе извори, компарирај споредувај потврдувај и издвој ги фејк од вистинитите. Понатаму ќе ти биде полесно за анализа и нема да ти биде вака ко сеа нелогично нешто што е апсолутно логично.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Во право си.Со Елцин пијаницата кој беше мошне близок со западот, русите ги живееја своите најсветли моменти!:eek:
За задапот, супер беше Елцин! Зошто? Затоа што го донесоа на власт 96, преку својата пропаганда.

Со него и официјално умре комунизмот кој се враќаше на голема власта. Можеби тоа е единственото нешто кое го направи, несвесно, за светот и за Руската федерација. Економската трансформација, од командна во пазарна, која ја започна, ја продолжи Путин. Доста умешно и успешно.

И да, ако гледаме низ призмата на управувачот, западниот свет менува лидер по лидер. Дел имаат ограничувања во своите мандати, како претседателите, дел не, како премиерите односно претседателите на Влада. Но ако видиш подлабоко во бунарот, се менува само носителот на таа една функција, но не и системот. Така имаш сенатори и конгресмени, во САД, кои ги заседнале тие столици со децении! Војна по војна, оние си гласаат За. Ако Путиновото изигрување и менување на Уставот не е демократија, дали нивното е демократија? Да не зборувам за финесите во државите кои ги застапуваат, каде нивните партии имаат апслотувна контрола и како им се олеснува изборната трка. Тоа се трошките.

Партијата на Путин, Обединета Русија, има повеќе од 2/3 од пратениците во руската дума. Апсолутна власт, а со тоа право да го менува и надополнува Уставот. Не сум фан на менувањето на фундаментите, ама секој пишан Устав содржи правна можност и процедува за негова промена и надополнување. Што е проблемот?

Да се вратиме на Украина. Државата е уништена, Зеленски е во некој бункер, цел месец менува едни две маички, мислам дека е во Киев. Војската е одамна разбиена, отпорот е герилски. Проблемот, за Украинците, е во тоа што Русите никаде не се брзаат. И да, да сакаа можеа секоја освоена зона да ја срамат со земја, ништо нема да им промени, во очите на народот ќе бидат окупатори, а не се обврзани со ниту една конвенција да не го прават тоа (кој ќе им суди?). На самиот старт сакаа брза и лесна војна, со минимум човечки жртви, Украинците пружија отпор и сега мечката е разбеснета, очекувано и војната да се вжешти.

Ова е точка во која нема враќање за Путин. Ако отстапи во преговорите, тоа ќе бидат први знаци на слабост по 20+ години власт, а веќе претрпе доста загуби во оваа војна.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.743
Поени од реакции
21.774


Овие па одродениве што се лигават пред меџународната.




"The head of the British Foreign Office called the conditions for lifting sanctions against Russia - this is a ceasefire and the withdrawal of troops from Ukraine"

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom