Прва фаза во првиот месец од операцијата е завршена или при крај. Содржајна прес конференција на руското МО по тој повод. За објективните и ненавичите ништо ново, само потврда. За навијачите повод за уште една "победа" и нанесен тежок пораз на русите. Но, иако многумина милуваат да речат вистината е секогаш на средина, скоро никогаш не е таму. Особено кога на едната страна е пропагандната машинерија на про-западните исклучиво фејк-њуз "медиуми" во секоја форма. Со ред:
1. Најбитната информација од денес за која никој не зборува, беше официјалната потврда со 6 документи како доказ дека всушност Украина (со нато) се/ќе биле АГРЕСОРОТ/НАПАЃАЧОТ, а Русија е/ќе била ЖРТВАТА/НАПАДНАТИОТ. Од претходно изведените докази за ова (лап-топот на нато со конкретни мапи и инструкции за напад на Донбас и Крим, спремните ордени за враќање на крим, како и самото носење на 75000 војска со тешко вооружување, 8 годишното утврдување пред Донбас, константниот дотур на оружје од нато и постојаното обучување и присуство на инструктори), овие документи од денес се печатот и непобитен факт за нужноста и неизбежноста за одбрана и дефанзива (преку контра офанзива) на Русија.
Со овие информации на располагање, станува јасно дека Русија победила уште вечерта на 24.02.2022, јер секоја алтернативата на операцијава би била со далеку поголеми последици и загуби. Во стратешки контекст, елементот на изненадување и предноста на прв удар прават голем проблем кај оние што наеднаш сите планови ги кроеле за офанзива и наеднаш се наоѓаат во нужност за дефанзива.
2. Самата воена операција која има зацртани цели, се спроведува методично и детално. Демилитаризацијата е во огромен дел спроведена, денацификацијата е во тек особено во Мариопол. Донбас е околу 70% ослободен (ЛНР 90%, ДНР 50%). Украина нема да биде дел од НАТО, тоа е веќе јасно. Во преговорите прифатени се барањата за рускиот јазик и права генерално. И останува само признавање на Крим и ЛНР и ДНР. Прашање на време е кога и ЛНР и ДНР ќе бидат де факто ван Украина. Ќе остане де јуре ако не во преговори, тогаш ќе бидат како Крим или некоја слична правна форма под контрола и заштита на Русија. Со тоа се исполнуваат сите 6 точки или цели на операцијата. Сите други блебетења за окупација или анексија на цела Украина се само производ на пропаганда со разни цели. Но, и тоа е едно големо НО, руската страна кажа дека секое одложување на прифаќање на понудените точки може да донесе до дополнителни загуби (територијални) на Украина. Тука особено внимание треба да се стави на областите околу Керсон, Одеса, Харков, Дњепропетровскиот регион идр., сепак не пред целосно да се ослободи Донбас каде се сеуште утврдени оние 75к украинска војска. Очекувајте дека 2ра фаза на операцијата ќе е тоа.
3. Со оглед дека времето не е фактор за русите јер имаат целосна контрола и на воздух и на копно и на море, а веќе одамна е јасно дека нато нема да се осмели да се меша директно, очекувано е дека кога-тогаш ќе заврши операцијата, прашање само ќе биде начинот (договор или капитулација) и непотребниот број жртви.
4. Постојано употребувам "операција" јер вистинската војна се води и ќе се води на сосема друго место, т.е. повеќе полиња. Како што рече и самиот Лавров, на Русија и е објавена тотална хибридна војна. На ова се мисли пред се на еконмската. Но, не е за потценување и културолошката како и сите останати од типот на разузнавачка, политичка, медиумска, технолошка итн...
5. Е тука веќе, во однос на економската војна, работите се голема непознатица, равенка со n-та непознати и најголемиот предизвик за Русија. За војување познато е кои се русите, ама за економија немаат добар бекграунд и историја. Сега за сега ефектите од санкциите си ги осеќаат самите западњаци пред се ради енергенсите и комодотис чии цени скакаат ко на трамполина а со кои Русија нема проблем, туку напротив, на овие цени заработува 3-5 пати повеќе него ли пред операцијата. Меѓутоа несомнено и кај нив тек ќе почнат да се осеќаат ефектите од другите економски категории и подкатегории, пред се невработеност и намален извоз на неенергетски стоки и услуги.
Треба да се спомне и игранката со рубљата, за која засега немам сознанија ниту можам да изанализирам како ќе се одигра. Ако не платат во рубљи, а овојега им сврти вентил, наеба Европа ама онака сериозно наебување. Од друга страна, ако почнат во рубљи, тоа ќе биде домино ефект врз доларот, рубљата само ќе јакне експоненцијално. Одозгора на тога ако и СА и Кина стварно отфрлат долар, тогаш тешки денови за доларот и Америка. А ако не знаете, америте го сметаат секој потег за подривање на доларот како резервна светска валута или петро долар, како закана врз националната безбедност. Во некои други времиња, тоа ќе подразбираше директно "носење демократија" кај пропнентите (Либија на Гадафи идр.), но во новава реалност тешко тоа.
И за крај на оваа точка, вреди да се спомене изјавата на руското МО, дека у пракса сеуште не ни започнале русите со сериозни одговори на санкциите. За мене многу интригантно јер враќаат реципроцитетни санкции до некаде. Дали е ова најава за нешто поекстремно, као вртење на вентилот према европа и зауставување на испорака на нуклеарно гориво за нуклеарните централи на САД? Или пак може и како воена закана да се мисли? Остава многу да се мисли.
Сосема за крај, заклучок, јасно е како ќе заврши конфликтот во Украина, кога и да е тоа. Јасно е дека светската економија ќе опаѓа, инфлација ќе спиралира, немаштија ќе рипа, недостатоци на прехранбени и други производи, веројатни масовни мигрантски бранови. Се тоа ќе доведе до социјални немири кај оние кои нема да можат да купат со пари социјален мир. Европа ќе биде најголемиот губитник, тоа е на сите јасно. Кина најголем ќар. Америка засега еконоските битки ги добива но војната ќе ја загуби ако доларот биде заменет со алтернативи. Мистерија останува Русија, бар за мене. Секоја варијанта ми е еднакво можна. И да успее да ја преструктуира економијата и да си цепа. И да ги зафати тешка немаштија, криза и социјални немири. Затоа мислам дека екомоските "војници" им се поважни отколку оние на фронтот во Украина.
За повеќе кратки анализи заследете ме