Среќа си ми одговорил на време па можат и други да го видат одговорот кој беше репортиран од Гри лобито и избришен од админите на форумов кои со години го толерираат нивното однесување и бришат многу од она што не им одговара на Гриевци. На било кој форум оној Sv B ќе беше баниран уште пред 3-4 години ама тука е заштитена бела мечка што може да прави што сака.
Инаку се согласувам дека Гри се сосема добри клими, во моментов прескапи за она што го нудат но секако добри клими. Она што е проблем за нив е дека има еднакво добри, а и подобри од нив, па плукаат, навредуваат, измислуваат. Јас одговорно тврдам дека Гри лобиво тука е една од најголемите анти-реклами на брендов, со нивниот однос имаат избркано десетици ако не и стотици клиенти, а јас сум еден од нив. Три пати имам купувано клими (за мене, за моите родители, за родителите на сопругата), три пати прво одевме во салонот на Гри како прв избор, и на крајот ниту еднаш не купивме. И да, нема сомнеж дека јас не за разбирам многу во клими и дека Стрелец знае многу повеќе од мене на тематикава. Но тоа не го менува моето корисничко искуство кое го споделувам, ниту пак она искуство со висината на сметките кое ти го сподели. А тоа е најголемата болка на лобиво.