ВМРО - ДПМНЕ - Политичка Партија

  • Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување

Добра е листата на пратеници?!

  • Да

    Гласови: 39 18,8%
  • Не

    Гласови: 140 67,3%
  • Така-така (Делумно)

    Гласови: 29 13,9%

  • Вкупно гласачи
    208

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.099
Поени од реакции
9.528
@Ingvar ти си му советник на „даскалов“?

Јас пак мислев дека ако протестираат нема да имаат време за јагнешко во Миравци, и за куропецање по останати меани.
Баш го слушнав, спомна нешто у стил дека можат да се искористат потестите за дестабилизација или така нешто. Реални да бидеме, се што можеше да се изгуби веќе изгубивме, не се замарајте за самарот кога магарето отиде.
После промената на устав не може овде подобро да биде, може само полошо. Ако некој треба да осеќа чувство на вина тоа се сите шарени буљаши што го катализираа целиов овој процес.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Баш го слушнав, спомна нешто у стил дека можат да се искористат потестите за дестабилизација или така нешто. Реални да бидеме, се што можеше да се изгуби веќе изгубивме, не се замарајте за самарот кога магарето отиде.
После промената на устав не може овде подобро да биде, може само полошо. Ако некој треба да осеќа чувство на вина тоа се сите шарени буљаши што го катализираа целиов овој процес.
Јас не се сеќавам кога немало можност за дестабилизација...ама ако нека игра на сигурно, течи дневница, си лапа тендери, убо е, само на народот му горчит устата.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.217
Поени од реакции
84.129
Баш го слушнав, спомна нешто у стил дека можат да се искористат потестите за дестабилизација или така нешто. Реални да бидеме, се што можеше да се изгуби веќе изгубивме, не се замарајте за самарот кога магарето отиде.
После промената на устав не може овде подобро да биде, може само полошо. Ако некој треба да осеќа чувство на вина тоа се сите шарени буљаши што го катализираа целиов овој процес.
Наивен и детски обид да се маргинализира соучесништвото на Мицковски.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.099
Поени од реакции
9.528
Наивен и детски обид да се маргинализира соучесништвото на Мицковски.
Народот си избра, не го мешај Мицко не ве држеше дома пред година ипол да не излезете да гласате....или може од корона се плашевте.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.382
Поени од реакции
38.792
Никојпат Дпмне не биле на пониско ниво од сега. Какви куропушачки амеби се пикнати во партијата страшно. Од лепачот на плакати до Мицковски се е гној.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.791
Поени од реакции
8.500
Народот си избра, не го мешај Мицко не ве држеше дома пред година ипол да не излезете да гласате....или може од корона се плашевте.
  • Дали под народот избра, мислиш на тоа дека во 2016 Груевски и ДПНЕ победија на избори? Дека ете народот избра ДПНЕ да биде на власт и според МАЈСКИОТ ДОГОВОР, знаеш оној мајски договор со кој ДПНЕ се переше 8 години дека мора да ги вклучи ДУИ во власта иако имаа 61+ пратеник сами, ДПНЕ и ДУИ требаше да оформат влада.
  • Потоа секако го имавме и тоа дека 11 пратеника од коалицијата на ДПНЕ гласаа за промена на уставот. ДПНЕ имаше освоено 51 пратеник што значи дека 11 пратеника нивни беа потребни за 2/3 мнозинство за промена на устав.
  • Па го имаш референдумот каде што ДПНЕ не се изјаснува.
  • Па потоа ги имаш парламентарните избори 2019 каде што ДПНЕ со Министер за внатрешни работи не прави ништо на терен за да спречи поткуп, и не само тоа туку министерката за социјални работи (рашела ли беше тогаш) си дава отказ за заменичката од СДС да стане одговорна за поделбата на Ковид помошта, или поточно КОВИД ПОТКУПОТ.
  • ДПНЕ пред некој месец повторно не само што не го бојкотира пописот за шиптаризација туку и ги нарекува предавници сите кои се спротиставуваат.
  • На крајот на денот народот пак им дава власт со убедлива победа на локални избори и ДПНЕ со истата направија ШТО?

Требале да се консултираат со нивните партнери од ЕУ и НАТО за дали смееле да направат политичка криза и да има нови избори зошто притоа можело "дестабилизирачки елементи" да се вмешаат. А како тера времето тонат и тонат. Со локалниве избори ако можеа да се консолидираат и да се вратат на над 300 000 гласачи сега се повторно во слобден пад и сега се зацементирани да бидат под 300 000 гласа, борбата им е негде помеѓу 240 - 280 000 гласа.

И пак ќе си прават договори со СДС да им ги поништуваат ливчињата на третите опции за никој да не им се вмеша во слугувањето кон Калето и Брисел.
 
Последно уредено:

Сакале ние да признаеме или не, цел распад на систем ни се деси после падот на ВМРО 2016. После години планирана операција, преку воени закани(Куманово 2015) терористички напади во кои гинеа деца, протести кои беа финансирани од Грција и Сорос(да, ми текнува како се смееа сите на овој муабет) и ред други работи народот ги имаше информациите на достап на рака.
Имаме од старт уште коалиција на албанците со комуњариве и уште не им е јасно на луѓево што се случува и на каде оди работата.
 
Не нас распадот ни се случува од кога пропадна техничката влада на Кљусев се со цел да се докопаат на власт СДС за да распродадат и присвојат се во државата по примерот на тоа што се случуваше во другите земји од источниот блок за и они да си станат локални олигарси.Во истиот момент они го креираа сегашниот политички систем кој беше намерно вака создаден за со време државата да биде лесна за поткопување. ДПНЕ ( најголемиот дел од раководството) уште во старт не беше ништо повеќе туку партија која глуми опозиција, исто како и сега со Мицковски. За време на Груевски ги претворија еден краток период од 2-3 години, СДС да бидат партијата која глуми опозиција али брзо се врати стариот баланс на сили.

И неможеш да го кривиш народот дека ете СДС биле предавници а они тоа не го препознале. Кој беше на власт кажи ми? Под чија контрола беше Полицијата, Војската, Судството, Обвинителството? И они 6 години не направија апсолутно ништо за сузбивање на јавните предавства на СДС, али народот бил крив. Мислам смешни тези се тоа.

На народот му е јасно од старт кој се комуњарите и што прават. Затоа немаат победено на ниту едни избори во Македонија и тоа со масивна подршка од надвор и предавнички договори со етнички малцинства. Проблемот е што "опозиционерите" 30 години им чуваат грб само и ништо повеќе.

На крајот на денот народот/членството не го извади Македонското знаме од грбот на ДПНЕ, ниту пак го сменија статутот на партијата да го има Северна во него. Раководстовот на ДПНЕ само си го направи тоа. Народот не викаше " после Групчин мене не ме интересира", раководството на ДПНЕ го правеше тоа. Членството/народот не ги пуни ХЕРА и остатокот од Сорос дружината со пари од општински буџети во моментов, ДПНЕ го прави тоа. Членството/Народот не се фали дека биле на најновиот курс на Конрад/Сорос/Калето/ЕУ, раководството го прави тоа.

Ене ги партиските ботови сега се караат со народот зошто не ја подржувале Украина.Слики од Зеленски лајкуваат.И на крај кој ќе биде крив, народот.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.114
Поени од реакции
23.587
Никојпат Дпмне не биле на пониско ниво од сега. Какви куропушачки амеби се пикнати во партијата страшно. Од лепачот на плакати до Мицковски се е гној.
Neznam sto se bunat lugjeto. Si sakaa reformirano DPMNE. E ete de, reformirano e :toe: .
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.135
Поени од реакции
2.320
Мицко е западна инсталација за да поминат некои одлуки како што поминаа.Дур е тој лидер нема ништо од револуција.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.815
Поени од реакции
49.988
Мицко е западна инсталација за да поминат некои одлуки како што поминаа.Дур е тој лидер нема ништо од револуција.
Тука лежи заебанцијата со ВМРО. За народот се западна инсталација, за западот па се руска инсталација. Сами за себе веруваат дека се војводи и живеат во заблуда дека некако ќе дојдат на власт ако повторуваат “странски инвестиции, стандардот на граѓаните, криминалот на сдс'' и сл.
Иначе да, ради општата ситуација во Европа, секој што во моментов, од било која причина би се одлучил да протестира и да собира народ би бил оквалификуван како руски играч.
Петта година ни минимален отпор пружен кон било што наумено од говната од СДС и шиптараната нивна, сега е најмалце важно дали би се собрале да се глупираат и да крчат сообраќај.
 
J

joli1

Гостин
Баш го слушнав, спомна нешто у стил дека можат да се искористат потестите за дестабилизација или така нешто. Реални да бидеме, се што можеше да се изгуби веќе изгубивме, не се замарајте за самарот кога магарето отиде.
После промената на устав не може овде подобро да биде, може само полошо. Ако некој треба да осеќа чувство на вина тоа се сите шарени буљаши што го катализираа целиов овој процес.
Не си у право. Ова го кажувам како некој кој што имал далеку повеќе симпатии за ДПМНЕ отколку за било која друга партија.

Само сети се што се правеше СДС кога беа опозиција и спореди со тоа што ДПМНЕ прави сега кога е у опозиција. Пасивност, никаква желба за стигање до власт, комплетна отуѓеност од сфаќањата и верувањата на народот, сервилност на амбасадорите од запад, незаинтересираност, итн, сево ова е денешното ДПМНЕ, нажалост, колку и да не сакам да е така сепак е вистина ова.

Прво, никој кој себеси се смета за ВМРОвец (зборувам идеолошки, но може еве и партиски) нема да си дозволи да гласа за Гордана Силјановска. Класичен политички профитер спонзориран од Сорос која се крие под маската на мирна, невина жена која што љуби правда, само што доколку таа правда ја стигне ќе остане без фришоповите добиени у време на нејзината бивша партија СДС преку која што беше министер. Гога Сорос самостојно е одговорна за добар дел внатрешни конфликти во партијата, за незадоволството на секој еден член кој што има самопочит како и губењето на претседателските избори.

Второ, Мицковски беше најголема грешка на ДПМНЕ. Да ја предадеш цела партија на личност која што е татино дете без допирна точка со обичниот народ, а притоа истиот нема никаква харизма ниту пак цврст говор на тело како што би доликувал на еден маж-политичар е сулудост. Типот у ек на политичка кампања се губеше при држење на говор (после го пратија на часови за јавно говорење, очигледно), сите можни избори ги изгуби и воопшто сеуште не се ни разговара за промена на Мицковски.

Еве, јас лично, побргу би го гласал Груевски него Мицковски, а верувам дека и најголемите мразачи на Груевски би го сториле истото.

За мене целава ситуација е намерна. Не може да се толку надвор од реалноста и несвесни за желбите и верувањата на народот.

Ти да лижеш газ на западни амбасадори, на истите луѓе кои што ти ја бутнаа партијата од власт, на луѓето кои што пола сопартијци ти ги затворија, да кандидираш типка од структурите на Сорос (кој делумно самостојно ја руши тогашната власт) за кандидат за претседател, подобро едноставно затвори ја партијата и немој воопшто да се бавиш со политика. Не е ни чудо што мнозинството ВИСТИНСКИ патриоти излегоја од партијата или пак отидоја во Левица и покрај тоа што идеолошки припаѓаат на десницата, а не на левицата.

И за крај, не го гледам проблемот ако протестите се искористат за дестабилизација. Па цела држава е у стање на дестабилизација, ова не е ништо освен еден обичен изговор за нивната пасивност.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.217
Поени од реакции
84.129

ох, жал дури ми падна за Мицковски
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.217
Поени од реакции
84.129
Еве, јас лично, побргу би го гласал Груевски него Мицковски , а верувам дека и најголемите мразачи на Груевски би го сториле истото.
Да ме прашаше пред едно година-две, ќе речев Мицковски е бољи. Сега, не можам да проценам кој е полош.
У различни категории се идиоти овие двајца.

Како и да е, од Груевски, па преку Мицковски ја срозаа партијата и партиските патриотски идеали, ги бутнаа под тепих.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom