Баш го слушнав, спомна нешто у стил дека можат да се искористат потестите за дестабилизација или така нешто. Реални да бидеме, се што можеше да се изгуби веќе изгубивме, не се замарајте за самарот кога магарето отиде.
После промената на устав не може овде подобро да биде, може само полошо. Ако некој треба да осеќа чувство на вина тоа се сите шарени буљаши што го катализираа целиов овој процес.
Не си у право. Ова го кажувам како некој кој што имал далеку повеќе симпатии за ДПМНЕ отколку за било која друга партија.
Само сети се што се правеше СДС кога беа опозиција и спореди со тоа што ДПМНЕ прави сега кога е у опозиција. Пасивност, никаква желба за стигање до власт, комплетна отуѓеност од сфаќањата и верувањата на народот, сервилност на амбасадорите од запад, незаинтересираност, итн, сево ова е денешното ДПМНЕ, нажалост, колку и да не сакам да е така сепак е вистина ова.
Прво, никој кој себеси се смета за ВМРОвец (зборувам идеолошки, но може еве и партиски) нема да си дозволи да гласа за Гордана Силјановска. Класичен политички профитер спонзориран од Сорос која се крие под маската на мирна, невина жена која што љуби правда, само што доколку таа правда ја стигне ќе остане без фришоповите добиени у време на нејзината бивша партија СДС преку која што беше министер. Гога Сорос самостојно е одговорна за добар дел внатрешни конфликти во партијата, за незадоволството на секој еден член кој што има самопочит како и губењето на претседателските избори.
Второ, Мицковски беше најголема грешка на ДПМНЕ. Да ја предадеш цела партија на личност која што е татино дете без допирна точка со обичниот народ, а притоа истиот нема никаква харизма ниту пак цврст говор на тело како што би доликувал на еден маж-политичар е сулудост. Типот у ек на политичка кампања се губеше при држење на говор (после го пратија на часови за јавно говорење, очигледно), сите можни избори ги изгуби и воопшто сеуште не се ни разговара за промена на Мицковски.
Еве, јас лично, побргу би го гласал Груевски него Мицковски, а верувам дека и најголемите мразачи на Груевски би го сториле истото.
За мене целава ситуација е намерна. Не може да се толку надвор од реалноста и несвесни за желбите и верувањата на народот.
Ти да лижеш газ на западни амбасадори, на истите луѓе кои што ти ја бутнаа партијата од власт, на луѓето кои што пола сопартијци ти ги затворија, да кандидираш типка од структурите на Сорос (кој делумно самостојно ја руши тогашната власт) за кандидат за претседател, подобро едноставно затвори ја партијата и немој воопшто да се бавиш со политика. Не е ни чудо што мнозинството ВИСТИНСКИ патриоти излегоја од партијата или пак отидоја во Левица и покрај тоа што идеолошки припаѓаат на десницата, а не на левицата.
И за крај, не го гледам проблемот ако протестите се искористат за дестабилизација. Па цела држава е у стање на дестабилизација, ова не е ништо освен еден обичен изговор за нивната пасивност.