Добро познатиот Бруно Пасквале изјави дека би му одржал добра лекција на Ибрахимович кога би бил сеуште активен во фудбалот. После бројните сурови стартови врз противнички играчи и многуте црвени картони, тој се здоби со прекарот ’Животно’, и никогаш не се двоумел да го каже она што му е на памет и на јазик. “Кога се работи за квалитет, тука нема збор, Ибрахимович е феноменален. Но тоа е се...,“- ја започна својата изјава екс играчот на Јувентус.
“Стави рака на лицето на Даниел Десен, го зграби за врат Киелини,ги исмејува одбранбените играчи со своите потези а овие се двоумат да го научат на памет. Просто не ми се верува.“
“Ако еден Марко Ван Бастен носи лузи на нозете од мене, како и Џанлуиџи Виали, па замислете што би му направил на Ибрахимович.“
Дефанзивецот во пензија, Пасквале нема ништо подобро мислење ниту за Алесандро Дел Пиеро за кого смета дека нема толку квалитети, калку што му се придаваат.
“Немојте да ми кажувате за некоја негова величина или дека е мега ѕвезда. Што би рекле тогаш еден Лотар Матеус и Кареса? Што се тие, вонземјани во споредба со него?“
Бруно и понатаму продолжи да плука на денешната Калчо Лига и нејзините актери, вклучувајќи ги и судиите. Но, пред се на италијанските напаѓачи кои според него знаат само да симулираат.
“Сигурно дека немаме најдобри судии на светот, но вистина е и дека играчите воопшто не им ја олеснуваат работата. Па погледнете ги тие напаѓачи. Доволно е одбранбениот играч само да ги допре и тие веднаш паѓаат на земја како мртви, викаат и плачат на тревата.“
“Денешните напаѓачи се грижат само за заработка, тетоважи, ноќните клубови и шопинг. Никогаш не сум ги поднесувал глумците поради кои страдаат други, невини играчи,“- заврши Бруно во своето доста живописно излагање во врска со првенството во кое тој играл порано.