По вас која е крајната цел на Русија и како мислите дека Русија е победник во војнава?
Ја освојува цела Украина и ја контролира што добива ?
Мене ми изгледа дека ќе изгуби повеќе од што ќе добие.
Од кај да знам бе јас што и е крајната цел на Русија. Јас при очиглед дека ќе нападнат тврдев дека нема да нападнат дека ризикуваат многу па не погодив, па сега мислиш ќе погодам што им е целта Најискрено, врска немам.
Бројот на луѓе не е битен - економската моќ на државата е. Единствен моќен пријател сега и е Кина, а ни тоа не е 100% загарантирана поддршка.
Сите други светски сили стојат против Русија, а голем дел од останатите тие 2/3 луѓе се индиферентни.
Не се идниференти, само не смеат да писнат против САД...просто е. Поевтно им е да глумат „неутралност„, оти арно си знаат дека САД се злопамтило и кога-тогаш ќе им вратат на државите кои се неистомисленици (со САД). Со камата...
Copy / Paste на што ? На радар , на ракетен мотор не се копира така лесно како што мислиш. Има години и години R&D во него во најдобар случај место 100 години русите ќе го произведат за 20. Ниту пак можат да произведат така лесно мобилни телефони , треба години градење капацитети и обезбедување ресурси и производни капацитети.
Читав на реддит за Џавелиниве кои се собрани од Русиве , според процени им се потребни најмалку 3 години да имаат combat ready копија на Џавелин во овој стадиум.
Имаат Искандер како и Кинжал и Циркон, тоа со стелт е obsolete затоа што овие не ги бута ништо живо а се движат 10 пати побрзо. Џавелинот е заебан, не викам не ама нема потреба од копија...не им треба стелт крстосувачка на русите....а го имаат и буревестник.
Бројот на луѓе не е битен - економската моќ на државата е. Единствен моќен пријател сега и е Кина, а ни тоа не е 100% загарантирана поддршка.
Сите други светски сили стојат против Русија, а голем дел од останатите тие 2/3 луѓе се индиферентни.
Кина е поголем непријател на САД од Русија, а Кина без грб од Русија е пичкин дим. Додека па економијата на САД без Кина е пичкин дим и све тоа уплеткано.
Не се идниференти, само не смеат да писнат против САД...просто е. Поевтно им е да глумат „неутралност„, оти арно си знаат дека САД се злопамтило и кога-тогаш ќе им вратат на државите кои се неистомисленици (со САД). Со камата...
Не, буквално не се замараат. Што имаат да добијат од победа на Русија врз Украина? Меѓу другото, САД не претставува никакво злопамтило кон повеќето луѓе, а и се всушност помоќен пријател од Русија ако би биле принудни да изберат помеѓу двете.
Не, буквално не се замараат. Што имаат да добијат од победа на Русија врз Украина? Меѓу другото, САД не претставува никакво злопамтило кон повеќето луѓе, а и се всушност помоќен пријател од Русија ако би биле принудни да изберат помеѓу двете.
Се замарааат и тоа како, небитно што тебе лично не ти кажале. Државите/властите мислат и малку пошироко, знаат дека упадот руски нема да трае вечно и еднаш ќе заврши, а треба да се живее и после завршувањето на војната. Затоа, државите кои глумат „неутралност„ мислат и на односот кој САД ќе го имаат кон „неутралните„ после војната во Украина.
Приклонувањето на државите кон САД или кон РФ беше оставена можност и пред рускиот упад.
Тоа дека САД се нечиј „пријател„ одамна го има дефинирано Х. Кисинџер.
Не не, нема сега да дигресираме во ступидни забегувања. Сакаш геополитика да дискутираш, а основни работи не само што не знаеш туку и одбиваш да дознаеш.
Прво одбиваш да ги прифатиш фактите дека безбедноста на Русија е загрозена од ширењето на НАТО и градењето на нуклеарни бази блиску до РФ. Ова е ФАКТ!
Второ, државите не се „другарчиња“, си гледаат интерес. Кога се независни барем. Во други случаи идат поголеми држави и им прават државен удар и ставаат своја власт која не работи за интересите на државата (актуелен пример е државниот удар кој САД го направи во Украина).
Трето и многу важно (за лаиците како тебе): Русија сакаше да влезе во НАТО!
САД одбија. Делумно заради стравот од губење на приматот. Повеќе заради начинот на кој функционира значаен дел од олигархијата во САД: MIC (military industrial complex) има потреба од постојани војни но уште повеќе од страшила кои ќе се презентираат како причина за зголемување на воениот буџет.
Такво страшило прво беа Германија и Хитлер. Кога ја увидоа моќта на мотивацијата, после втората светска војна Советскиот Сојуз беше направен страшило (иако и тие првично сакаа да развиваат пријателски односи со САД). Кога пропадна СССР, САД следно страшило произведоа во Садам Хусеин - Ирак беше обвинет за спремање да употреби оружје за масовно уништување кое не го најдоа кога ја окупираа државата. Па го измислија Осама Бин Ладен (кој беше дел од нивната мрежа агенти, ама небитно е тоа сега). Гадафи и Либија следни го наебаа. Па кога Русија повторно зајакна, тогаш таман им дојдоа како ново страшило... Путин е новиот Хитлер, Путин сака да го освои цел свет, итн итн.
Ова го пишувам не само за твој бенефит, туку и за сите што не им е јасно што се случува.
За жал судејќи според речникот и односот, се сомневам дека било што ќе ти помогне да ги отвориш очите.
Автоматски споено мислење:
Ќе видиме колку ова ќе остане факт, после губењето на статусот на доларот како дејуре петровалута... А баш тоа неголемо се случува.
Викаш игнорираш ад-хоминем, а пак тераш како САМО ТИ да знаеш што се случува во светот, и мораш на сите да им објасниш за да сфатат... И демек тоа јас што го кажувам е небитно/забегување, а ти ми збориш за Садам Хусеин, Гадафи, Бин Ладен, курци-палци... Сè ми е јасно за САД, ама од старт на темава реков дека ќе се држам стриктно на конфликтот во Украина и нема да мешам. Вие про-русите од уста не ги извадивте САД и како тоа они се најлоши бла бла... Во ред е.
И неточно дека Русија сакала да влезе во НАТО, туку сакала она да биде НАТО.
The Labour peer recalled an early meeting with Putin, who became Russian president in 2000. “Putin said: ‘When are you going to invite us to join Nato?’ And [Robertson] said: ‘Well, we don’t invite people to join Nato, they apply to join Nato.’ And he said: ‘Well, we’re not standing in line with a lot of countries that don’t matter.’”
Ти го кажав мислењето за Русија. Русија за мене се дави во тоа што го постигнала за време на советскиот сојуз и сонува за него исто како што македонските србомани/бугараши сањаат за Југославија/Сан Стефанска Бугарија а со прст немаат мрднато да направат нешто подобро дома/ за себе исто и за Русија. 6 месеци имам акумулирано престој во Русија за 3 год по она што можев да го видам пресликана ситуација од Македонија само нормално дотерано за Руски услови.
Се богати само олигархијата и тешка корупција , до ниво како во Бугарија да џандар за 10 долари те пушта без проблем. Чернобил серијата на хбо точно претставува како е во Русија и до ден денес е така.
Нивото на Руската армија зимај бомбардирај до смрт срамни со земја и влагај тактика а ла грозни.
Еве јас сум против системот во Русија и сум контрирал на Јамајка и со многу други кои го бранеле или имаат надеж дека тој систем е многу добар. Но во конкретнава ситуација, Русија не ја обвинувам.
Според тебе што требаше Русија да направи, откако Украина прекрши договор за неутралност, откако САД/Камала (Берикот да не се мисли) изјави дека местото на Украина е во НАТО, откако Украина не ги испочитува договорите од Минск?
Тоа што го велам веќе 3 недели: дека ако народот во Украина сакал да остане близок со Русија, на избори ќе избереа про-руски претседател, а не про-западен со толку голем процент.
И btw "руското" население е тоа што реши да војува со Украина, не обратно.
Како што се предвидуваат тука нови светски сили, геополитички исходи и слично, еве уште еден бисер од 2016г. на најсериозниот геополитички економист на форумот, господинот Бафра Дугин.
Убаво викаат таман ние ќе влеземе ЕУ ќе се распадне Успее ли брегзит референдумот т.е ако не го наместат како Шкотскиот, како кула од карти ќе се распадне. Ако не, тогаш за 3-4 години очекувај фашистички режим низ ЕУ, протести, затварања итн итн .
Те частам пиво 2020 ако не се случи ова меморирај го постов
Па има тука навивачи кои се напаѓаат меѓусебно, ама истовремено пишуваат на темата. Типов седи од страна и само коментира за други членови, и тоа најчесто провокации веќе видени од шарените куртони во еден даден дел од Македонската историја, кога истите тие ја продаваа Македонската држава.
Ако си приметил јас имам тотално различно мислење со kikomcjuve и он исто навредува, и обратно нели. Ама знам дека не е човекот куртон иако на многумина така им личи. Едноставно има став, па макар и е погрешен. И неговата навреда е некако во ред, пошто и он трпи навреди, на база на мислење на темата.
Судејќи по мапиве од нетов, руската воена офанзива/операција во Украина тапка во место веке со денови, па и со недели и на северот и на истокот и на југот од Украина. Освен успесите во Луганскиот и делумно во Донецкиот регион/област, како и во Херсонскиот, на сите други фронтови работата е бутни ме да кинисам.
Не верувам, би рекол скоро сигурно не. Вчера имаше објава дека го Украинците го ослободиле Макарив, а уствари Русите никогаш не го ни заземаа.
Меѓу другото Руската авијација сериозно ги засили активностите и во последните 24 часа имаат извршено околу 300 мисии што е големо зголемување во споредба со претходните денови.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.