Знам дека чоколадо не е од оние неопходни производи за преживување, ама ќе го земам како пример.
Влегувам во Тинекс, сакам да си купам МИЛКА, и таа ми вика, не може, само со сметка над 800 денари, ако сакаш имаш Дорина. И како е ова дозволено? Вие ќе продолжите да купувате во истиот маркет ако ви направат нешто вакво? Јас не.
Истото е и со зејтинот. Има луѓе што го користат само тоа ЛЕ БОН, и не сакаат друго, без разлика дали е поевтино и поскапо. Акција е кога даваш нешто гратис или со купување на 2-3 производа, па тоа да следи во пакет, НО, ако истиот го има во слободна продажба. по полна цена не е проблем.
Малку оф-топик, дали е казниво ако имаш различни цени на рафт и на каса за истиот производ? Ако да, колкава е казната?
Не знам како е законски но лично,
еве чоколадото на пример,
Ако има чоколадо по рафтовите, Милка или Дорина - небитно, тогаш не ми смета одредено чоколадо - Милка на пример да се дава само на каса гратис со сметка над Х денари.
НО, ако нема чоколадо по рафтовите, и се дава чоколадо - Милка САМО со сметка над Х денари тогаш би ми сметало и мислам дека треба да се регулира тоа.
Во секој случај би престанал да идам лично во тој маркет.
Лично во некој маркети избегнувам да пазарам заради Х причини, сигурно и ако ми требало зејтин а сум бил во КАМ, и немало на полица немало ништо да купам туку само би искочил од маркетот и веќе не би се вратил. Би ги оставил помфритот и останатите работи што би ми биле во корпа/количка и фино лепо ќе си отидев во маркетот до КАМ, ќе потрошев 100 денари плус можеби а КАМ ќе изгубеше муштерија.
Е сеа ако имало Брилијант на пример а не ле бон, ќе ме заболеше ле стојко и ќе земев што има
Значи ВЕРО Тинекс и КАМ се договориле дека зејтинот ќе им е 95-100 еур. Супер. Затоа ги имаш Стокомак, Рептил, ГИГО и десетици колонијали, кои ќе речат, мене ми се исплати и по 2 евра да го продавам.
Хипотетички ако Веро, Тинекс и КАМ се договорат да го продаваат зејтинот по 300 денари литар, тогаш и Х фирма што увезува-дистрибуира зејтин ќе ти каже а па роџаче, 250 денари литар, ако нарачаш над Х литри и платиш во КЕШ одма тогаш може и по 220 денари литар да ти дадам. Ако не, здравје.
Па и гиго, рептил, стокомак ќе мора од мука да накачат цена пошто таа Х фирма ќе им го продава поскапо.
Прост пример, увезувам Х продукт
Продавниците го продаваат по 100 денари.
јас им го давам по 60 денари.
Голем дел од продавниците почнуваат да го продаваат продуктот по 200 денари.
Јас будала сум во тој случај да не ја дигнам цената на 150? Зашто? Зашто и јас како увозник да не заработам плус пари? Ако веќе маркетите се алчни и ја дигаат вештачки цената?
Просто е, зашто тој што продава на големо да нема поголем ќар ако гледа дека маркетите си играат кур и си качуваат самите цени? Па после сите ќе бидат приморани тој продукт да го продаваат по поголема цена пошто јас сум им качил цена.
Хипотетички правиме муабет,
ако КАМ, Тинекс и Веро се искурназат и почнат да го продаваат зејтинот по 100 евра, тогаш и увозникот ќе се искурнази и ќе каже зашто овие да имаат по 5000+ денари ќар од литар, ќе земам и на сите ќе им го продавам зетинот по 90 евра литар.
Па така и Гиго и Стокомак ќе мора да ја покачат цената.
Me сфаќаш што сакам да кажам.
За Основни продукти, мора државата да регулира. Иначе цените вештачки ќе се дигаат у плафон и народот ќе осети многу на своја кожа.
Не ги напаѓам КАМ, во тие 2 КАМ маркети кај што идам јас и тие околу мене имаше и зејтин и брашно.
Така да според мене, како што пишав и погоре, доколку имаат на рафт зејтин не глеам ништо против да даваат гага. Дури и добра промоција мислам дека е.
Околу другите муабети очигледно нема јас и ти да се сложиме.
Регулатива од државата мора да има, иначе буквално на сите ни се еба мајката. Цените ќе отидат во плафон, буквално нема да можеме да си ги дозволиме 50% од продуктите.
Замисли лебот да почне Жито Лукс да го продава по 100 денари. Одма сите фурни ќе го направат лебот 80-90 денари по векна. Или Млекото или било кој основен продукт.
Домино ефект ќе биде неизбежен, секој сака да има поголем ќар, а со тоа драстично ќе се дигне цената и на крај пак обичниот народ ќе страда. Нема да страдаш ти како газда, ама ќе страдаш ти како човек кога за 80% од работите ќе треба да плаќаш поголема цена, иако си газда. А нормално, и ресурсите што ти се потребни за работа ќе ти поскапат.