"
Неверојатна теорија: Украинците пратиле летало на Јарун кај Житомир, паднало на Јарун кај Загреб?!
март 11, 2022 12:18 1.4K
Фото: jetphotos.com
Како беспилотно летало од советската ера што се користи за снимање и мамка против Русите синоќа се урна кај Јарун крај Загреб, е дилема што ја поставува хрватскиот портал 24сата.хр. Рутата, се наведува во текстот, кај тие летала се внесува однапред, но она што е интересно е дека и Украинците имаат место Јарун што се наоѓа во близина на Киев.
Загрепчани синоќа по 23 часот ги вознемири експлозија.
Како што засега стојат работите, на Јарун се урна беспилотно летало за кое, како што рече стручњак за воена авијација, најверојатно станува збор за украинско беспилотно летало од типот Ту-141.
На остатоци на леталото се забележува црвена петокрака и кириличен натпис. Стручњакот за 24сата.хр вели дека е беспилотно летало од советската ера кое Украинците го ставиле во погон по 2014 година.
Се употребува за снимање, но и како мамец за тестирање и откривање на руските противвоздушни сили. Исто такво летало пред неколку денови падна во Украина по наводен поогодок од Русите.
Како што објаснува стручњакот за авијација за хрватскиот портал,
тоа е повеќе крстосувачка ракета отколку традиционално беспилотно летало, се лансира од приколка по однапред внесени рути. Не носи оружје и повеќе се употребува за снимање на терен и собирање на податоци, а слетува со помош на падобрани.
Ги погрешиле внесот на кодот Yarun – Jarun
Порталот се прашува како украинско беспилотно летало од советска ера завршило на Јарун? –
За тоа, се наведува во текстот, постои прилично неверојатно теорија. Како што објасни воениот стручњак, тоа е летало со однапред зададена рута на движење, па, покрај местото Јарун во Хрватска, место со идентично име има и во Украина, во житомирсклата област, меѓу Киев и Лвов.
Како минало покрај цела противвоздушна одбрана на НАТО?
Не е невозможно дека Украинците програмирале за снимање
и да дошло до грешка Yarun – Jarun, па леталото наместо во украински Јарун, го снимало познатото езеро крај Загреб.
Но,
ако е така, тогаш останува прилично нејасно како е можно крстосувачка ракета која лета на шест километри и со брзина до 900 км./ч. да ги мине сите радари и противвоздушни одбрани на НАТО и да падне во Загреб. "