Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
"
Неверојатна теорија: Украинците пратиле летало на Јарун кај Житомир, паднало на Јарун кај Загреб?!
март 11, 2022 12:18 1.4K
Фото: jetphotos.com
Како беспилотно летало од советската ера што се користи за снимање и мамка против Русите синоќа се урна кај Јарун крај Загреб, е дилема што ја поставува хрватскиот портал 24сата.хр. Рутата, се наведува во текстот, кај тие летала се внесува однапред, но она што е интересно е дека и Украинците имаат место Јарун што се наоѓа во близина на Киев.
Загрепчани синоќа по 23 часот ги вознемири експлозија. Како што засега стојат работите, на Јарун се урна беспилотно летало за кое, како што рече стручњак за воена авијација, најверојатно станува збор за украинско беспилотно летало од типот Ту-141.
На остатоци на леталото се забележува црвена петокрака и кириличен натпис. Стручњакот за 24сата.хр вели дека е беспилотно летало од советската ера кое Украинците го ставиле во погон по 2014 година. Се употребува за снимање, но и како мамец за тестирање и откривање на руските противвоздушни сили. Исто такво летало пред неколку денови падна во Украина по наводен поогодок од Русите.
Како што објаснува стручњакот за авијација за хрватскиот портал, тоа е повеќе крстосувачка ракета отколку традиционално беспилотно летало, се лансира од приколка по однапред внесени рути. Не носи оружје и повеќе се употребува за снимање на терен и собирање на податоци, а слетува со помош на падобрани.
Ги погрешиле внесот на кодот Yarun – Jarun
Порталот се прашува како украинско беспилотно летало од советска ера завршило на Јарун? – За тоа, се наведува во текстот, постои прилично неверојатно теорија. Како што објасни воениот стручњак, тоа е летало со однапред зададена рута на движење, па, покрај местото Јарун во Хрватска, место со идентично име има и во Украина, во житомирсклата област, меѓу Киев и Лвов.
Како минало покрај цела противвоздушна одбрана на НАТО?
Не е невозможно дека Украинците програмирале за снимање и да дошло до грешка Yarun – Jarun, па леталото наместо во украински Јарун, го снимало познатото езеро крај Загреб.
Но, ако е така, тогаш останува прилично нејасно како е можно крстосувачка ракета која лета на шест километри и со брзина до 900 км./ч. да ги мине сите радари и противвоздушни одбрани на НАТО и да падне во Загреб. "
Јас мислам дека тоа со истите називи е малце филмање, мислам можноста е огромна 2 Словенски држави да имаат слична топонимија. А може и не е Украинско леталото, можеби е Руско, на пример зошто Украинците би користеле Ѕвезда на леталото, мислиш дека не би го офарбале?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.002
Поени од реакции
83.386
Mи текна една работа.
(не ја прочитав нигде)

Кога Америка го нападнала Виетнам, во текот на војната, Хенри Кисинџер и никсоновата администрација, ја користеле стратегијата Madman, т.е. понашај се ко да си луд и ко да ич не ти е проблем да употребиш нуклеарно оружје, за советите да те остаат на раат да ги тепаш виет-конговците.


Путин можеби баш ова го прави. Можеби црпи инспирација баш од овој случај.
 

filjandecko

Komandant benzini-HAVUZ
Член од
5 мај 2012
Мислења
336
Поени од реакции
398
Јас мислам дека тоа со истите називи е малце филмање, мислам можноста е огромна 2 Словенски држави да имаат слична топонимија. А може и не е Украинско леталото, можеби е Руско, на пример зошто Украинците би користеле Ѕвезда на леталото, мислиш дека не би го офарбале?
Планот на Трамп беше, турете руска звезда на фалконите и фрлајте бомби у Кина,,па после Кина ќе ја нападне Русија а Америка ке им се смее
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Ги гледам сега погоре сиријциве, а и претходно платениците што ќе војуваат за Украина, и си мислам како може човек да биде толку испран во мозокот.. Абе ја за нашава држава нема да идам да гинам не па за таму некоја туѓа, илјадници километри далеку од дома..
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Mи текна една работа.
(не ја прочитав нигде)

Кога Америка го нападнала Виетнам, во текот на војната, Хенри Кисинџер и никсоновата администрација, ја користеле стратегијата Madman, т.е. понашај се ко да си луд и ко да ич не ти е проблем да употребиш нуклеарно оружје, за советите да те остаат на раат да ги тепаш виет-конговците.


Путин можеби баш ова го прави. Можеби црпи инспирација баш од овој случај.
Од прилика ако ги пратеше настаните и ако ја гледаше Руската страна. на 22 февруар, денот кога Путин ја даде оној познат говор, после тоа излезе некој од думата и кажа, „запамтете го овој ден, после овој ден веќе нема да е ништо исто“. И така бидна. Секој аспект е пресметан тука. Русија очигледно виде дека со политика на отстапки, нема некоја иднина и дека така на крајот ќе се приклони на самоволието на САД. Не играат ништо, јас сум сигурен дека се спремни да го искористат Нуклеарното вооружување. Тоа е на крајот и причината што го имаат, како последна одбрана да го зачуваат сопствениот интегритет. Тоа што луѓето застануваат се повеќе позади Путин во Русија, во тоа не се сомневам, имајќи во предвид како беше исмејуван Рускиот народ во 90тите години и каква ксенофобична хистерија владее сега на западот. И мислам дека ќе го истераат ова до крај.

Да речеш дека Путин е лудак и неурачунлив, е малоумно. Уште повеќе ако ги споредиме со Бајден, Псаки и Харис. Русија е влезена неспомнено all in не само во оваа војна, туку воопшто во конфронтацијата со западното самоволие. Се е тука пресметано, и жртвите и санкциите, апсолутно се. А јас мислам дека дури и канселирањето на Русите е многу добро пресметано и подршката што ќе му ја донесе тоа на Путин. Оваа хистерија полека ќе поминува, како цените на западот ќе растат. Источниот блок на НАТО се повеќе ќе почне да го крева гласот, дека они највеќе зависат од Руските енергенси и нивниот стандард највеќе ќе биде на удар. Според мене, доколку Русија ја истера оваа епизода до крај, нема да помине многу време, кога ќе почне да се осеќа црвот на раздорот во НАТО.
Автоматски споено мислење:

Здраво,
Дали знаете добар мајстор плочкар за цокле и плочки во купатило, да биде навистина направено ко што треба?
Моментално имам ново цокле кое цури од по сите ивици, самошто направено :place:
Уште некој ден, нека се подослободи малце Зеленски, па може да му се јавиш... Викаат дека бил многу сестран човекот имал многу таленти, глумец, свирач на клавир, претседател, лидер... Не се сомневам дека е и перфектен мајстор за цоклиња.
Автоматски споено мислење:

Ги гледам сега погоре сиријциве, а и претходно платениците што ќе војуваат за Украина, и си мислам како може човек да биде толку испран во мозокот.. Абе ја за нашава држава нема да идам да гинам не па за таму некоја туѓа, илјадници километри далеку од дома..
Одамна немало мапа.
 
Последно уредено:
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
Ги гледам сега погоре сиријциве, а и претходно платениците што ќе војуваат за Украина, и си мислам како може човек да биде толку испран во мозокот.. Абе ја за нашава држава нема да идам да гинам не па за таму некоја туѓа, илјадници километри далеку од дома..
Сиријците се повеќе од 10 години во војна, имаат цели генерации веќе кои не знаат ништо друго освен војна. Што му прави разлика дали ќе патролира на границата со Идлиб или низ пустината против ИСИС или ќе се бори во Источна Украина за пари. А дел од нив секако се и идеолошки мотивирани контра Американците.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Сиријците се повеќе од 10 години во војна, имаат цели генерации веќе кои не знаат ништо друго освен војна. Што му прави разлика дали ќе патролира на границата со Идлиб или низ пустината против ИСИС или ќе се бори во Источна Украина за пари. А дел од нив секако се и идеолошки мотивирани контра Американците.
Башка и во Украина ќе се борат против ИСИС и слична багра.
 
Член од
16 ноември 2020
Мислења
866
Поени од реакции
2.011
Ajde sega stvarno dajte mapa od denes da vidime sto se desavalo...
Повели една бесплатна.

 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Во сапуницата со лабораториите за биолошко оружје кои BTW беа Руска пропаганда до завчера, се умеша и светската здравствена организација со сопствен спин...

Автоматски споено мислење:

И тие Руси низ светот што го мразеа Путин, малце по малце ќе се соберат сите околу Путин...

Иначе типов по татко е Украинец, ама збори слично со Русите :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.002
Поени од реакции
83.386
Ajde sega stvarno dajte mapa od denes da vidime sto se desavalo...
Порано имаше усул и барањево го пушташе после 4-5 саат.
Сега дека си редовен муштерија и мислиш дека порано имаш право на мапа?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom