Del Boy
You plonker!
- Член од
- 28 септември 2012
- Мислења
- 12.348
- Поени од реакции
- 38.532
Малце офтопик али мора да му се оддаде почит на човекот.Мојот идол. Нема подобар и похрабар авантурист од него.
Прав едукативен јутубер, човекот е движечка енциклопедија. Обично патува сам али кога е во друштво нонстоп зборува и објаснува кој споменик е овој, кој го изградил, до толку влегува во детали шо некојпат се заборава. Овие другите само чекаат и се снимат.
Криумчареше маче од Куба во авион во гаќи, шеташе сам со камера во Мексико во региони стриктно под власт на нарко картели, и отиде во Чернобил во зона која уште е под карантин. Таму запозна и еден старец кој до ден денес уште му е пријател и го посетуваше после тоа уште 2-3 пати.
Иначе нема да ме изненади ако намерно е отиден во Киев пред да почне војната, уште кога Русите распоредуваа војска на граница. Екстремен авантурист, се надевам нема да го кошта живот некој ден.