Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    733

SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
Лично не ме интересира ниту едната ниту другата страна, но мислам дека медиумите прават преголема фама со целиот настан.
Така ги палат и украинците, и жал ми е оти навистина ги почитувам како народ. Имам неколку колеги од таму со кои соработуваме, со еден и до пред 2 месеци, и им го разбирам многу добро моментот дека не се чувствуваат како Руси, нешто што ме потсеќа на нас кога други пробуваат да ни наметнат етикети.
Проблемот е што имаат погрешни аспирации од поглед на воена безбедност, од аспект на економија требаше да се насочуваат кон ЕУ, а од воена безбедност требаше да се изјаснат дека ќе бидат воено неутрални (и на хартија да потпишат дека никогаш нема да стапат во ниту еден воен сојуз, нешто како Финска), тоа му го имам зборувано и нив кога сме разговарале за вакви теми. Имаат голема предност споредено со Македонија (поголема територија, повеќе народ, повеќе природни ресурси), но за жал се отепани економски максимално (читај грешни политики).
Мислиш воена неутралност би било доволно за Путин? Така кажал и треба да се верува? На политичар, уште повеке што потекнува од специални служби? По мене е во сила имперска амбициjа: воскресуване на СССР (не во смисла на идеологиjа). Доминациjа во Источна Европа и насекаде каде се може. И во таа идеаjа нема жалена на ресурси, човечки животи и желби. На коцка е поставил постоенето на Русиjа и целиот свет. Па мене ми личи на джихадист коj го држи во заложничество постоенето на човечеството. Само дека првиот има поjас на джехада а Путин нуклеарно оружие. Што по тебе значи: "остаjте ме да правам со Украина што сакам или сите ке одиме по гjаволите.
Му замижуваа за много нешта западниве али наj после им доjде на памет докаде се доjде со Хитлер. Не е случаен рекордниот воен буџет на Германиjа. Да се надевама да се разминеме само со нова ладна воjна.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Некој го прееба Путин со стратегијата и со целите и со комплет идеологијата. Ако некад се мислеше дека балансот ќе биде меѓу Америка и Русија, после ова баланс ќе се бара меѓи Америка и Кина. Русија испаѓа од игра ради свои грешки. Идеше Путин на фактор изненаџење да удри на Киев, и успеа у два дена да го испосере комплетниот углед на русинот низ целиот свет. И не, за русинот не е битна ни Кина ни Индија како што многу идеализираат тука, туку Европа. Фамилиите на најбогатите руси вклучително и на Путин не живеат во Индија Пакистан и Кина, него во Европа. Олигарсите не купуваат клубови и јахти во Азија него во Европа. Едно е вештачкото небо у Венишан у Макао, друго е у живо у Венеција. Го знаат тоа русите многу добро и затоа муабетите дека Кина и Индија ќе ја заменеле ЕУ за русите се маалски бајки после трето пиво.

Заглиби многу Путин и со него неправедно однесе цел народ. Украинциве искочија тврд орев (искрено не очекував) и со тоа завршува било која приказна за идеолошка победа. Лоша лоша проценка, кловновска.
Муабетов ти тргнува од сам старт со грешна премиса, т.е. дека ова е некоја желба на Путин за офанзива и експанзија и со тоа некое наводно поставување некој нов поредок што е апсолутно грешна појдовна точка. И самиот Путин нема толку врска со ова, јер без разлика кој да беше на чело на Русија, ќе реагираше слично.

Заканата од напредни офанзивни оружја и нуклеарки на територија на Украина во комбинација со нацистичка идеологија во институциите и политиката поддржани и управувани од Запад е смртна пресуда за Русија или полошо смртна пресуда за Светот јер добро знаеме што би значело напад врз нуклеарна сила со 5000+ нуклеарки.

За Русија ова не е бизнис и авантура како америчките и западните низ светот задњиве 100 години, туку неопходна превентива.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Има, Сбербанка (најголемата) и Гаспромбанка не се исклучени од СВИФТ, значи пак може легално да примаат пари, можеби само провизијата ќе биде поголема.

Виза и Мастеркард незнам дали имаат кинеска замена може да е некој проблем на краток рок, ама на долг ќе се измисли каричка со истите каракерисики и во иднина ќе и зема добар дел од колачот на америчкие компании во целиот свет.

Од преска тупете за гасот, а многу е едноставно, нема светот замена за рускиот гас, не е само еве ќе зимаме катарски и сл. а добро тие што зимале катарски до сега каков гас ќе зимаат? едносавно е, руски, само што цената за транспорт ќе биде поголема и цените уште поголеми, а русите секако ќе си зимаат парички, а главнаа цел на санкциите е да немаа пари, исто е и за се друго што извезува, едносавно е, нема замена.

Една многу инересна работа е со санкците, освен СВИФТ, забрана за прелети и сл. приватние компании најавија дека го напуштаат пазарот, што мислам дека е еуфорија, за брзо добар дел ќе се вратат, Русија сепак е голем пазар и тешко дека ќе дозвола да бида заменети од други, едносавно е, си пукаат самите во себе во сиуација кога не се повеќе главни во светот, затоа и Макаронката вика да не брзаат, после ќе треба да се враќаа.
Во ред, оди регистрирај се на било кој фриленс сајт и прими пари.

Незнам како да винсе објасни навистина.. едноставно ги немаш тие банки, немаш опција да примиш пари.

Цел нормален свет функционира со Paypal, Payoneer etc ..

Неџнам како ќе примиш пари кога овие сервиси ја имаат на блок Русија. Немој ваљда и ти да кажеш со впн дека ќе го заобиколиш ова


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Мислиш воена неутралност би било доволно за Путин? Така кажал и треба да се верува? На политичар, уште повеке што потекнува од специални служби? По мене е во сила имперска амбициjа: воскресуване на СССР (не во смисла на идеологиjа). Доминациjа во Источна Европа и насекаде каде се може.
Ова би имало некаква смисла само ако Русија покажуваше агресија пред Букурешт 2008, арно ама не е така. Се додека НАТО не ги покани Украина и Русија да влезат во НАТО, Русија не водеше никаква експанзионистичка политика. Така да тезата Путин сака да ја ибнови СССР е тешка глупост. Русија нема ни капацитет ни интерес да се врати во рамките на границите на СССР.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Имаше разни судири и разни членови фаќаа разни страни. На пример, кога се тепаа Азербејџан и Ерменија имаше тука некои за едната, а други за другата страна.
Прашањето ми е, зашто тие кои беа за Азербејџан, или Ерменија, во таа тема не беа прозивани да идат да живеат таму, ако се за нив у војната? Зашто тие кои се за Украина, на пример денес, не се прозивани, ако се за Украина - да идат да живеат таму?
Само тие кои се за Русија, у било кој конфликт, се прозивани да живеат таму, штом се за Русија.

И која е логиката, ако некој зазема страна во некој конфликт, да е рационално да го прозиваш, одма да иде таму да се пресели?
Немој да се наљутиш ама таа куртонска лоботомија барем тебе треба да ти е јасна.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Мислиш воена неутралност би било доволно за Путин? Така кажал и треба да се верува? На политичар, уште повеке што потекнува од специални служби? По мене е во сила имперска амбициjа: воскресуване на СССР (не во смисла на идеологиjа). Доминациjа во Источна Европа и насекаде каде се може. И во таа идеаjа нема жалена на ресурси, човечки животи и желби. На коцка е поставил постоенето на Русиjа и целиот свет. Па мене ми личи на джихадист коj го држи во заложничество постоенето на човечеството. Само дека првиот има поjас на джехада а Путин нуклеарно оружие. Што по тебе значи: "остаjте ме да правам со Украина што сакам или сите ке одиме по гjаволите.
Му замижуваа за много нешта западниве али наj после им доjде на памет докаде се доjде со Хитлер. Не е случаен рекордниот воен буџет на Германиjа. Да се надевама да се разминеме само со нова ладна воjна.
Истото е со двете големи сили.
И САД така викаат, демек чекај ние идиме да ги решиме „терористите“, арно ама окапуваат секаде по неколку години, бомбардираат секој што не се согласува со нив. Нели Авганистан имаше нуклеарно оружје? Нели Ирак имаше нуклеарно оружје?
Силата му е во рацете и на двете сили (читај нуклеарното оружје), и што сакаат тоа ќе прават. Наше е да се надеваме дека не се доволно големи психопати да го употребат.
Автоматски споено мислење:

Во ред, оди регистрирај се на било кој фриленс сајт и прими пари.

Незнам како да винсе објасни навистина.. едноставно ги немаш тие банки, немаш опција да примиш пари.

Цел нормален свет функционира со Paypal, Payoneer etc ..

Неџнам како ќе примиш пари кога овие сервиси ја имаат на блок Русија. Немој ваљда и ти да кажеш со впн дека ќе го заобиколиш ова


Sent from my iPhone using Tapatalk
Само ќе ги прерутираш до друга банка/сервис. Од пајонир можеш да ги пратиш на друга сметка, пример отворена во Естонија и сл.
 

SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
Ова би имало некаква смисла само ако Русија покажуваше агресија пред Букурешт 2008, арно ама не е така. Се додека НАТО не ги покани Украина и Русија да влезат во НАТО, Русија не водеше никаква експанзионистичка политика. Така да тезата Путин сака да ја ибнови СССР е тешка глупост. Русија нема ни капацитет ни интерес да се врати во рамките на границите на СССР.
Го подценуваш господинот Путин.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.441
Поени од реакции
5.163
Еве уште еден текст за Украина со наслов “Ukrajina je trebala biti smrtna zamka za Putina, ali se dogodilo sljedeće“

https://alterminfo.blogspot.com/2022/03/ukrajina-je-trebala-biti-smrtna-zamka.html

во кратки црти:
-Русија е принудена да интервенира во Украина, се работи за егзистенцијално прашање;
-повтроно се спомнуваат ракетите кои ја нарушуваат стабилноста, но овој пат авторот вели дека се работи за билатерален договор со кој САД би инсталирал свое оружје на територијата на Украина;
Ne, ništa od ovoga nije ključni razlog, već namjera da SAD, u okviru bilateralnog ugovora, ne kao NATO, rasporedi gomilu projektila u Ukrajini i tako stekne stratešku nadmoć nad Rusijom, koja bi čak i oborila 60 do 70% lansiranih nuklearnih projektila, ali bi 30% pogodilo cilj i Rusije više ne bi bilo. Lansirni silosi ruskih projektila iza Urala su bili ključni cilj. I na tu informaciju, vjerojatno provjerenu stotinu puta, Putin je bio prisiljen na ovu operaciju, inače bi sve godine vladavine pri prvom sukobu otišle u vjetar, a Ruska Federacija bi bila laka meta poput Libije ili Iraka Sadama Huseina.

...иако во текстот се говори за инсталација која би требало да се случи, во претходниот мој пост реков дека таквата инсталација е завршена, системот е пред нецели 6 месеци префрлен во Германија а антиракетни штитови во Полска (Редјиково) и Романија(близина на Констанца) кои се за одбрана од Иран (па дури и Јое Алцхајмер говори дека Русија никогаш нема да го придобие срцето на Иран, што ти е опсесија а!) се наоружани со хиперсонични проектили, па се понатаму ќе беше добро режирана претстава.

значи ако некој не ја сака Америка значи дека е Русофил или Србоман, ептен логичен заклучок. Русија никогаш не помогнала ама затоа Америка "немој бате повеќе не ми помагај, доста е".
Како сега тоа Америка не помогнала, а тоа што не ослободи од името и држава за што го сметаш за непријателски чин ли?
Не ослободи од грижата за македонска држава е сега они нека му ја мислат и нека се грижат :)
Во врска со епитетите русофил, србоман овие кои ги делат би требало да размислат затоа што во таков случај тие би биле подржувачи на нацизам и фашизам, не велам дека се или не се ама сведување на дискусија на такво ниво не води никаде.

.....
Понатаму, одење во минатото и повикување на настани од пред повеќе десетици години, при тоа истите се извадени од дадениот контекст како настанале и кој треба да сноси вина, исто така не е во ред. (се однесува на гладоморот)
Затоа што се поставува прашањето зошто некој кој бил вработен во некаква британска антисоветска агенција не ја објавил книгата тогаш како вработен туку почекал и како замислете независен експерт објавува такви конструирани работи. Во Украина никогаш не живееле само Украинци па така во тој гладомор страдале и Русите кои во тоа време исто така живееле таму, имате ли бројки колку биле Украинци а колку биле другите, за да можете да говорите дека сето тоа било насочено кон Украинците?
Целиот тој проект е од британските кујни и е насочен против Сталин, знаете зошто? Затоа што тој е последниот познат во историјата кој ги натера во глувчешки дупки. Сепретерува со пропаганда, велат војна е, ама има лек за неа, се вика вистина!
 

SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
Истото е со двете големи сили.
И САД така викаат, демек чекај ние идиме да ги решиме „терористите“, арно ама окапуваат секаде по неколку години, бомбардираат секој што не се согласува со нив. Нели Авганистан имаше нуклеарно оружје? Нели Ирак имаше нуклеарно оружје?
Силата му е во рацете и на двете сили (читај нуклеарното оружје), и што сакаат тоа ќе прават. Наше е да се надеваме дека не се доволно големи психопати да го употребат.
Автоматски споено мислење:


Само ќе ги прерутираш до друга банка/сервис. Од пајонир можеш да ги пратиш на друга сметка, пример отворена во Естонија и сл.
Се согласувам.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Не планирам симултанка да праам. Ќе кажам само криво ми е што Путин не научи да игра со soft power и да наметне ефикасно влијание како долгорочно решение во Европа за да не зависат сите работи од Америка. А пари има и тоа на претек за да прави такви работи. ЈБГ нашата словенштина од Владивосток до Карлови Вари и Гевгелија на југ, уште еднаш со генот на самоуништување во пун свој сјај.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Немој да се наљутиш ама таа куртонска лоботомија барем тебе треба да ти е јасна.
Куртони е назив за подржувачите на Грујо. Даден од самите нив за себе. Поточно од страна на Латас, за тоа како неговиот медиум бил слуга на грујовите политики.

Ја после 2011-та, кога направи некои од најголемите идиотизми за Македонија, престанав да го подржувам, така да обрати се кај други. на пример, обрати се кај себе си.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Куртони е назив за подржувачите на Грујо. Даден од самите нив за себе. Поточно од страна на Латас, за тоа како неговиот медиум бил слуга на грујовите политики.

Ја после 2011-та, кога направи некои од најголемите идиотизми за Македонија, престанав да го подржувам, така да обрати се кај други. на пример, обрати се кај себе си.
Како принцеза си, одма се љутиш.
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Го подценуваш господинот Путин.
Тоа е реалноста. Се друго е класична пропаганда. Со цел памет мислиш дека Путин би ги нападнал балтичките држави од чист мир? Тоа се веќе тешки глупости наменети за најмалоумните. Путин е лош, сака да ја окупира источна Европа. Па не е ова поствоена Европа од 1945, многу работи се сменети.
 
Член од
9 декември 2012
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.100
Во ред, оди регистрирај се на било кој фриленс сајт и прими пари.

Незнам како да винсе објасни навистина.. едноставно ги немаш тие банки, немаш опција да примиш пари.

Цел нормален свет функционира со Paypal, Payoneer etc ..

Неџнам како ќе примиш пари кога овие сервиси ја имаат на блок Русија. Немој ваљда и ти да кажеш со впн дека ќе го заобиколиш ова


Sent from my iPhone using Tapatalk
Според ова значи ќе функционираат картичките во Русија. Сигурно кога ќе се потпишува мировен договор, сите ќе бидат задоволни и ќе продолжат да работат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom