Намерно ги хушкаат/палат Украинците, целта е да се случува ова што се случува. Пропагандата денес е на највиско ниво, секој без едукација како да ја избегне - во старт ја изгубил битката за реален светоглед и оддалеку како на кукла му ги влечат конците... Гледам и по мноштвото такви овде. :-/
Да, за жал голем дел се жртва на медиумите, истото се случува и во мкд, истото се случува и таму.
Во даден момент победува таа голема сила што има поголема медиумска контрола, или повеќе пари за трошење и остварување на интересите.
Украина мораше да ја дестабилизираат западните сили, за да и предизвикаат проблеми на Русија. Не само сега, туку и во иднина, тоа ќе биде земја што ќе биде користена за дестабилизација на вниманието од реалните проблеми, и правење на кеш од страна на Американските воени контрактори.
Пример во моментов, најголемиот светски проблем е опоравување на економиите пост ковид, за САД тоа значи постепено зголемување на каматите и успорување на печатењето на кеш, а за Вол Стрит и големите корпорации тоа е загуба на пари (за брокерите и така и така, ама за компаниите милиони евра на дневно ниво).
Е заради ваквите работи гинат луѓе наоколу, правиш дестабилизација во најдобар момент, целиот фокус на светот се насочува таму, и дежурниот кривец наместо короната и грешка на политичарите во поглед на економијата, ќе биде Русија. Горивото и така и така ќе одеше нагоре, ама сега кривец е Русија. Производите за дома и така и така ќе поскапат, ама сега е проблем Русија. Струјата и така беше отидена упм поради погрешната политика на „зелените Европски политичари“ и предвремено гасење на „валканите извори на струја“, ама сега кабает ќе е Русија. Недостаток на храна имаше секако, ама сега ќе биде проблем војната....и тн и тн.