Најдобра опција моментално за домаќинства според мене моментално е , и за кој систем и јас сум заентересиран е од македонска компанија која изработи инвертер кој ги следи фазите на струјата, односно вие сте приклучени на ЕВН и имате свој систем кој е без батерии (намалена инвестиција од неколку илјади евра) системот преку ден кога има сонце има и моќност вие си пуштате бољер на пример, системот гледа дека има сончева енергија ја дективира приносот од ЕВН мрежата и бољерот ја користи моменталната произведена електрична енергија од панелите, ако има потреба за повеќе струја него произведеното, инвертерот отвара фазата да се напојува преку ЕВН мрежата.
Ова е топ опција и крати многу инвестиции. затоа што за враќање струја на ЕВН треба да се промени и броилото со посебно за таа намена, во регионот треба да има опција мрежата на ЕВН за приваќање на произведена струја ( што не случај сегде во МК) треба да се регистрите како производите и остали тракатанци што влечат иницјални инвестиции. Лугево имаат 4.2 кв систем со монтажа за 4300 еур