- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 22.435
- Поени од реакции
- 38.989
...се сложувам дека почвата нема протеини, па да мешункастите растенија би ги „извлекле од почвата“, но треба да се потсетиме дека тука е присутен процесот (фотосинтеза) во кој растенијата „создаваат храна“ со помош на неоргански соединенија, CO2, минерални соли, вода и со помош на сончевата светлина и хлорофилот (кој го има само во растителните клетки) се синтетизираат органски соединенија токму тие што ги спомнуваш „протеини“, па и јагленохидрати и липиди, не се „влечат“ од почвата!Нема во вода и почва ниту протеини па во мешункастите ги има. "Нема" многу нешто во почвата што растенијата го синтетизираат или апсорбираат и концентрираат.
... тоа е точно дека земјата (почвата) има микро и макроелементи, но тоа не значи дека истите се доволни за еднодневни потреби на човекот за да би се одвил општиот телесен метаболизам како треба, па во последно време ја нема ни таа минимална количина во почвата, ова тема ми е до толку разработена токму поради мојата хипотиреоза која успешно веќе долго време ја контролирам субклинички и без надворешна помош на внес на вештачки хормон како лекот Еутирокс,Башка, јодот постои во почвата како и многу (сите) други микро и макроелементи.
... дури и морската вода содржи многу микро и макроелементи, на пример морската сол, ќе помислиш морска вода, микроелементи во изобилие посебно јодот, но не е баш така, морската сол пред примена во домаќинството повторно се јодира, односно порано си беше доволно најмалку три оброка во текот на неделата од морски плодови и морска риба, за да би приморското население кое живее покрај Јадранското Море си ги задоволи секојдневните потреби на јодот во организмот, но во последните години токму тоа подрачје стана проблематично кај населението со појава на намалена функцијата на штитната жлезда поради недостаток на внес на јодот кој е потребен да се синтетизира тироидните хормони кои би ја завршиле „заштититата“ и функциите во телото кое би работела перфектно!
...така да не само ние сме во таа ендемска област на недостаток на јодот, туку и приморскиот дел каде би рекле „го има во изобилие“ јодот, но ете бизарна појава која укажува дека веќе тој јод не е доволно присутен во морската вода, а со тоа ни во морските риби, ниту во морските плодови иако исхраната си остана иста кај луѓето!
... еве уште нешто, спомнато е „ореовача“ како природен народен лек, нели комбинација од 40 млади ореви, 1кг мед и 1 кг ракија затворена во стаклена тегла да се постави на сонце 40 дена со повремено мешање до нејзина примена, ете да претпоставиме дека тие оревчиња пораснале со доволна количина јод со што се вградило во нивните јатки, но тие пресудни 40 дена на сонце скроз ќе го го „снема“ зошто? е па затоа што јодот каков таков е многу нестабилен и нему му пречи и светлина и влажноста, така да ние „мислиме“ дека има јод во ореовачата, ама 40 дена на сонце (светлина) тешко вероватно,
...затоа има правило на чување на јодираната сол во домаќинство, на темно суво место, а во кафана и ресторани не на маса во прозирни соларници туку во темни соларници скриени од светлина (сонце), не дека нешто ќе и' се случи на солта, ќе си биде добра, ама јод во неа тешко вероватно дека ќе остане, покрај ова правило на зачувување на јодот во солта треба да се посолува јадењата кога веќе ќе се тргнат од шпоретот, а не за време на варење и готвење, висока температура делува на нестабилниот јод и ние немаме веќе јодираност во таква посолена манџа, ете ова онака некои правила што никој не внимава токму можеби од незнаење!


не можев да најдам пример на НЕТ од содржината и јодираност директно од пакувањето на солта, па не ме мрзеше да фотнам од дома, за да ми ја разбереш поентата, јас користам исклучиво австриска сол на која верувам на Алкалоид во јодираноста и квалитетот, се друго ми се сомнителни кога се мисли за јодираноста.


... 20-30мг јод на 1кг сол, додека споредбено едноднократна доза на калиум јодит е 130 мг кој се дава во првите 2,3 ч после нуклеарна хаварија да би се неутрализирал радиоактивниот јод, така количина на калиум јодит нема ниден суплемент кој содржи јод, освен лек кој се применува како антидот при примена радиоактивен јод во медицнински цели, а и при такви непредвидливи нуклерни хаварии или експлозии од нуклеарно оружје.

... првиот датум е на јодираност 2020, вториот на пакување 2021, а третиот датум крајна примена поради губење на јодот 2023, а не поради трајноста на солта, така да би требало крајно сега 2022 да се конзумира, а не да се чека до 2023 год, за да се купи повторно сол со тазе јодираност што ќе гарантира повеќе јод во внесот со исхрана на солта, затоа се купува најмалото пакување од 250 г или 500 г, за разлика од сите што купуваат „тузланска сол“ со сомнително потекло и јодираност и килско пакување (да ве потсетам на аферата во МКД за користење штампана којзнае каде тузланска амбалажа на солта, а внатре препакуван сосема друга сол од бугарско потекло со непозната јодираност).
П.С.
... во некои ЕУ држави, веќе се донеле мерки на забрана на слободна продажба на орален лек со содржина на јод од 65- 130 мг како антидот, а со таков екслузивитет на залиха располага само државата давајќи само по потреба при нуклеарни хаварии или во онколошки оддели под контрола како антидот на радиоактивниот јод!
Последно уредено: