Јод како антидот во првиот бран на Нуклеарен напад!

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Нема во вода и почва ниту протеини па во мешункастите ги има. "Нема" многу нешто во почвата што растенијата го синтетизираат или апсорбираат и концентрираат.
...се сложувам дека почвата нема протеини, па да мешункастите растенија би ги „извлекле од почвата“, но треба да се потсетиме дека тука е присутен процесот (фотосинтеза) во кој растенијата „создаваат храна“ со помош на неоргански соединенија, CO2, минерални соли, вода и со помош на сончевата светлина и хлорофилот (кој го има само во растителните клетки) се синтетизираат органски соединенија токму тие што ги спомнуваш „протеини“, па и јагленохидрати и липиди, не се „влечат“ од почвата!
Башка, јодот постои во почвата како и многу (сите) други микро и макроелементи.
... тоа е точно дека земјата (почвата) има микро и макроелементи, но тоа не значи дека истите се доволни за еднодневни потреби на човекот за да би се одвил општиот телесен метаболизам како треба, па во последно време ја нема ни таа минимална количина во почвата, ова тема ми е до толку разработена токму поради мојата хипотиреоза која успешно веќе долго време ја контролирам субклинички и без надворешна помош на внес на вештачки хормон како лекот Еутирокс,

... дури и морската вода содржи многу микро и макроелементи, на пример морската сол, ќе помислиш морска вода, микроелементи во изобилие посебно јодот, но не е баш така, морската сол пред примена во домаќинството повторно се јодира, односно порано си беше доволно најмалку три оброка во текот на неделата од морски плодови и морска риба, за да би приморското население кое живее покрај Јадранското Море си ги задоволи секојдневните потреби на јодот во организмот, но во последните години токму тоа подрачје стана проблематично кај населението со појава на намалена функцијата на штитната жлезда поради недостаток на внес на јодот кој е потребен да се синтетизира тироидните хормони кои би ја завршиле „заштититата“ и функциите во телото кое би работела перфектно!

...така да не само ние сме во таа ендемска област на недостаток на јодот, туку и приморскиот дел каде би рекле „го има во изобилие“ јодот, но ете бизарна појава која укажува дека веќе тој јод не е доволно присутен во морската вода, а со тоа ни во морските риби, ниту во морските плодови иако исхраната си остана иста кај луѓето!
... еве уште нешто, спомнато е „ореовача“ како природен народен лек, нели комбинација од 40 млади ореви, 1кг мед и 1 кг ракија затворена во стаклена тегла да се постави на сонце 40 дена со повремено мешање до нејзина примена, ете да претпоставиме дека тие оревчиња пораснале со доволна количина јод со што се вградило во нивните јатки, но тие пресудни 40 дена на сонце скроз ќе го го „снема“ зошто? е па затоа што јодот каков таков е многу нестабилен и нему му пречи и светлина и влажноста, така да ние „мислиме“ дека има јод во ореовачата, ама 40 дена на сонце (светлина) тешко вероватно,
...затоа има правило на чување на јодираната сол во домаќинство, на темно суво место, а во кафана и ресторани не на маса во прозирни соларници туку во темни соларници скриени од светлина (сонце), не дека нешто ќе и' се случи на солта, ќе си биде добра, ама јод во неа тешко вероватно дека ќе остане, покрај ова правило на зачувување на јодот во солта треба да се посолува јадењата кога веќе ќе се тргнат од шпоретот, а не за време на варење и готвење, висока температура делува на нестабилниот јод и ние немаме веќе јодираност во таква посолена манџа, ете ова онака некои правила што никој не внимава токму можеби од незнаење!

20220305_144432.jpg20220305_144251.jpg

не можев да најдам пример на НЕТ од содржината и јодираност директно од пакувањето на солта, па не ме мрзеше да фотнам од дома, за да ми ја разбереш поентата, јас користам исклучиво австриска сол на која верувам на Алкалоид во јодираноста и квалитетот, се друго ми се сомнителни кога се мисли за јодираноста.

20220305_144409.jpg20220305_144536.jpg

... 20-30мг јод на 1кг сол, додека споредбено едноднократна доза на калиум јодит е 130 мг кој се дава во првите 2,3 ч после нуклеарна хаварија да би се неутрализирал радиоактивниот јод, така количина на калиум јодит нема ниден суплемент кој содржи јод, освен лек кој се применува како антидот при примена радиоактивен јод во медицнински цели, а и при такви непредвидливи нуклерни хаварии или експлозии од нуклеарно оружје.

20220305_144329.jpg

... првиот датум е на јодираност 2020, вториот на пакување 2021, а третиот датум крајна примена поради губење на јодот 2023, а не поради трајноста на солта, така да би требало крајно сега 2022 да се конзумира, а не да се чека до 2023 год, за да се купи повторно сол со тазе јодираност што ќе гарантира повеќе јод во внесот со исхрана на солта, затоа се купува најмалото пакување од 250 г или 500 г, за разлика од сите што купуваат „тузланска сол“ со сомнително потекло и јодираност и килско пакување (да ве потсетам на аферата во МКД за користење штампана којзнае каде тузланска амбалажа на солта, а внатре препакуван сосема друга сол од бугарско потекло со непозната јодираност).

П.С.
... во некои ЕУ држави, веќе се донеле мерки на забрана на слободна продажба на орален лек со содржина на јод од 65- 130 мг како антидот, а со таков екслузивитет на залиха располага само државата давајќи само по потреба при нуклеарни хаварии или во онколошки оддели под контрола како антидот на радиоактивниот јод!
 
Последно уредено:
...се сложувам дека почвата нема протеини, па да мешункастите растенија би ги „извлекле од почвата“, но треба да се потсетиме дека тука е присутен процесот (фотосинтеза) во кој растенијата „создаваат храна“ со помош на неоргански соединенија, CO2, минерални соли, вода и со помош на сончевата светлина и хлорофилот (кој го има само во растителните клетки) се синтетизираат органски соединенија токму тие што ги спомнуваш „протеини“, па и јагленохидрати и липиди, не се „влечат“ од почвата!

... тоа е точно дека земјата (почвата) има микро и макроелементи, но тоа не значи дека истите се доволни за еднодневни потреби на човекот за да би се одвил општиот телесен метаболизам како треба, па во последно време ја нема ни таа минимална количина во почвата, ова тема ми е до толку разработена токму поради мојата хипотиреоза која успешно веќе долго време ја контролирам субклинички и без надворешна помош на внес на вештачки хормон како лекот Еутирокс,

... дури и морската вода содржи многу микро и макроелементи, на пример морската сол, ќе помислиш морска вода, микроелементи во изобилие посебно јодот, но не е баш така, морската сол пред примена во домаќинството повторно се јодира, односно порано си беше доволно најмалку три оброка во текот на неделата од морски плодови и морска риба, за да би приморското население кои живее покрај Јадранското Море си ги задоволи секојдневните потреби на јодот во организмот, но во последните години токму тоа подрачје стана проблематично кај населението со појава на намалена функцијата на штитната жледа поради недостаток на внес на јодот кој е потребен да се синтетизира тироидните хормони кои би ја завршиле „заштититата“ и функциите во телото кое би работела перфектно!

...така да не само ние сме во таа ендемска област на недостаток на јодот, туку и приморскиот дел каде би рекле „го има во изобилие“ јодот, но ете бизарна појава која укажува дека веќе тој јод не е доволно присутен во морската вода, а со тоа ни во морските риби, ниту во морските плодови иако исхраната си остана иста кај луѓето!
... еве уште нешто, спомнато е „ореовача“ како природен народен лек, нели комбинација од 40 млади ореви, 1кг мед и 1 кг ракија затворена во стаклена тегла да се постави на сонце 40 дена со повремено мешање до нејзина примена, ете да претпоставиме дека тие оревчиња пораснале со доволна количина јод со што се вградило во нивните јатки, но тие пресудни 40 дена на сонце скроз ќе го го „снема“ зошто? е па затоа што јодот каков таков е многу нестабилен и нему му пречи и светлина и влажноста, така да ние „мислиме“ дека има јод во ореовачата, ама 40 дена на сонце (светлина) тешко вероватно,
...затоа има правило на чување на јодираната сол во домаќинство,на темно суво место, а во кафана и ресторани не на маса во прозирни соларници туку во темни соларници скриени од светлина (сонце), не дека нешто ќе му се случи на солта, ќе си биде добра, ама јод во неа тешко вероватно дека ќе остане, покрај ова правило на зачувување на јодот во солта треба да се посолува јадењата кога веќе ќе се тргнат од шпоретот, а не за време на варење и готвење, висока температура делува на нестабилниот јод и ние немаме веќе јодираност во таква посолена манџа, ете ова онака некои правила што никој не внимава токму можеби од незнаење!

Прегледај го приврзокот 323983Прегледај го приврзокот 323999

не можев да најдам пример на НЕТ од содржината и јодираност директно од пакувањето на солта, па не ме мрзеше да фотнам од дома, за да ми ја разбереш поентата, јас користам исклучиво австриска сол на која верувам на Алкалоид во јодираноста и квалитетот, се друго ми се сомнителни кога се мисли за јодираноста.

Прегледај го приврзокот 323984Прегледај го приврзокот 324003

... 20-30мг јод на 1кг сол, додека едноднократна доза на калиум јодит е 130 мг кој се дава во првите 2,3 ч после нуклеарна хаварија да би се неутрализирал радиоактивниот јод, така количина на калиум јодит нема ниден суплемент кој содржи јод, освен лек кој се применува како антидот при примена радиоактивен јод во медицнински цели, а и при такви непредвидливи нуклерни хаварии или експлозии од нуклеарно оружје.

Прегледај го приврзокот 324004

... првиот датум е на јодираност 2020, вториот на пакување 2021, а третиот датум крајна примена поради губење на јодот 2023, а не поради трајноста на солта, така да би требало крајно сега 2022 да се конзумира, а не да се чека до 2023 год, за да се купи повторно сол со тазе јодираност што ќе гарантира повеќе јод во внесот со исхрана на солта, затоа се купува најмалото пакување од 250 г или 500 г, за разлика од сите што се купува „тузланска сол“ со сомнително потекло и јодираност и килско пакување (да ве потсетам на аферата во МКД за користење штампана којзнае каде тузланска амбалажа на солта, а внатре препакуван сосема друг сол од бугарско потекло со непозната јодираност).

П.С.
... во некои ЕУ држави, веќе се донеле мерки на забрана на слободна продажба на орален лек со содржина на јод од 65- 130 мг како антидот, а со таков екслузивитет на залиха располага само државата давајќи само по потреба при нуклеарни хаварии или во онколошки оддели под контрола како антидот на радиоактивниот јод!

бијонс, не ставаат јод во солта ради радијација него ради гушавост, состојба од која многумина пателе поради недостаток на јод во минатото. Па некој решил да го вметне јодот како суплемент во солта за човекот нема проблеми поради дефициенција на јод.
 
Кој е за бизнис? Ќе направиме и ќе продаваме преку интернет крема против радијација. Налик батето што направи пари со крема против 5G.

П.С. Ако ми ја укради некој идејата, ќе му ебам пелената!
 
бијонс, не ставаат јод во солта ради радијација него ради гушавост, состојба од која многумина пателе поради недостаток на јод во минатото. Па некој решил да го вметне јодот како суплемент во солта за човекот нема проблеми поради дефициенција на јод.
... не знам што да ти напишам и како да ти објаснам и покрај моја добра волја, кога ти тоа што читаш не можеш да го селектираш и резонираш како треба, опширниот одговор околу солта во исхрана беше кон Луртц, но проблемот е тоа што ми ги извртуваш коментарите во погрешна насока, смешна, глупа и необјаслива како може така да размислуваш освен ако не е тоа намерно тролање, а тоа е само од непознавање за примена на антидот на калиум јодит во високи концентраци од 65- 130 mg за разлика од минималните количини во mcg што ги содржи суплементите и солта.

ајде прочитај, може ќе ти стане појасно, ем не ти се познати овие работи, ем се соочуваш на погрешен начин со мене, сепак ти давам шанса уште еднаш!

ice_screenshot_20220305-170741.jpeg
ice_screenshot_20220305-170836.jpeg


„...По нуклеарната несреќа во Чернобил во 1986 година, со ветар разнесениот радиоактивен облак над Европа биле изложени дури 3.000 луѓе на тоа зрачење при што развиле рак на тироидната жлезда во текот на следните 10 години.

Калиум јодит ги исполнува клетките на тироидната жлезда со јод и ја спречува жлездата од апсорпција на радиоактивен јод приближно 24 часови. Луѓето треба да земаат една доза дневно додека се изложени на радиоактивен јод додека ризикот повеќе не постои. Здравствените власти можат да утврдат кој радиоактивен изотопи се ослободуваат за време на нуклеарен настан. Доколку е радиоактивенјод се ослободува, па здравствените власти ќе советуваат кога и колку долго да се земе калиум јодит.

На тироидната жлезда и е потребен јод за да произведе хормони кои ја регулира енергијата и метаболизмот на телото. Тироидната жлезда го апсорбира достапниот јод од крвотокот, но тироидната жлезда не може да прави разлика помеѓу стабилна (редовна) јод терапија и радиоактивен јод и ќе апсорбира што може. Кај бебињата и децата, тироидната жлезда е една од
повеќето делови од телото чувствителни на зрачење.

Повеќето нуклеарни несреќи ослободуваат радиоактивен јод во атмосфера, која може да се апсорбира во телото. Кога клетките на тироидната жлезда апсорбираат премногу радиоактивен јод, тоа може предизвикуваат развој на рак на тироидната жлезда неколку години по изложеност. Бебињата и малите деца се изложени на најголем ризик.
Ризикот е многу помал за луѓето над 40. Рак на тироидната жлезда се чини дека е единствениот карцином чија инциденца се зголемува после ослободување на радиоактивен јод. Калиум јодид ја штити само тироидната жлезда што всушност е орган со најголем ризик од радиоактивен јод....“

ice_screenshot_20220305-173916.jpeg
 
Е добро де, не мора ореовача да се пие ради јод. Доволно е и ради ракијата.
Туку, не е јодит туку јодид.
 
Е добро де, не мора ореовача да се пие ради јод. Доволно е и ради ракијата.
Туку, не е јодит туку јодид.
...значи и ти ме тролаш во медицински подфорум, а се фаќаш за буква која може да се погреши нели, не било јодит туку јодид, мојот труд токму посветен на твој коментар го измоча со ова што пиша, но ова е последен пат да те цитирам или било што да ти напишам!
Ок, вие и понатаму гледајте мала голема буква, точките, а не ја читајте содржината, навистина не сакам ништо од ова да знаете, слободно игнор има кој да чита и кој го интересира, форумот го чита и други кои не се членови!
 
Па од јодит до јодид има голема разлика и не е само на едно место напишано. Сулфат, сулфид, јодат, јодид. Не знам како тоа те тролам со елементарна хемија, испаѓа стално некој те трола. Ок
 

(01.03.2022) слободен превод:

„...Таблетите од калиум јодид одеднаш се барани низ Европа, бидејќи стравувањата од труење со радијација од нуклеарен напад или несреќа се засилуваат.

Некои Европејци со кои контактираше The Globe and Mail рекоа дека истрчале да ги купат таблетите кога рускиот претседател Владимир Путин го ставил својот нуклеарен арсенал во состојба на висока готовност.

Неговата наредба дојде четири дена откако тој ги испрати своите војници во Украина, предизвикувајќи битки во неколку градови и охрабрувајќи многу земји, вклучително и Германија и Италија, да испратат воена опрема на украинската армија.

Аптека во центарот на Брисел нудеше бесплатни пакувања таблети јодид и веќе им подели околу 20 на клиентите до вторник рано попладне, во однос на една или две пред војната во Украина.

„Многу луѓе ги бараат поради војната и затоа што не им веруваат на Русите“,

Калиум јодидот е сличен во хемискиот состав на кујнската сол. Според Нуклеарната регулаторна комисија на Соединетите држави, тој „ја штити тироидната жлезда од внатрешно навлегување на радиојод што може да се ослободи во неверојатен случај на несреќа на нуклеарен реактор“ или нуклеарен ракетен напад.

Белгија, меѓу другите европски земји, обично дели таблети со јодид на секој што живее на 10 километри или 15 километри од нуклеарна централа.

Нуклеарното стравување од војната во Украина, кое беше засилено во неделата кога рускиот сојузник Белорусија гласаше да се откаже од својот статус без нуклеарно оружје, предизвика многу европски семејства да се снабдат со лекот.

Во Брисел, Фиона Фанинг, директорка за дигитална политика во приватна компанија и мајка на две деца, пишува:
„Знам дека ова звучи како апсолутно надреални, луди работи, но постои вистинско чувство на страв и треба да се подготвиме“, рече таа. „Мојот пријател отиде во пет аптеки за да ги најде апчињата, не можеше и отиде на листа на чекање за нив“.
Г-ѓа Фенинг купи и радио кое користи рачка за полнење на батеријата или може да се наполни со соларна енергија, во случај катастрофа поврзана со војна да ја уништи електричната мрежа.

Во Ставангер, четвртиот по големина град во Норвешка, Попи Калеси рече дека се обидува да најде таблети од јодид. „Аптеките се потрошија и ги дополнуваат поради војната во Украина“, рече вработен во регионалната влада.

Г-ѓа Калеси рече дека норвешката влада пред неколку години им препорачала на нејзините граѓани да состават комплет за преживување во итни случаи што треба да вклучува, меѓу другото, флаширана вода, каша и „таблети јодид во случај на нуклеарни несреќи“.

Во Естонија, членка на НАТО која ја дели границата со Русија, фармацевтскиот добавувач Магнум Медијал планираше да се наполни со јодид.

„Веќе во петокот нарачавме лек без рецепт кој содржи јод, кој е наменет за употреба пред или веднаш по изложување на радиоактивно зрачење“, рече Тимо Данилов, член на управниот одбор на Магнум.

Во Берлин, во некои аптеки веќе немаа таблети со калиум јодид до вторник.

Во едно интервју, Јорг Форбриг, директор на Централна и Источна Европа за германскиот Маршалов фонд на Соединетите држави, рече дека нуклеарната катастрофа во Чернобил во северна Украина во 1986 година сè уште е вкоренета во јавната свест. Распадот на реакторот контаминираше голем дел од Европа, достигнувајќи до Скандинавија, и испрати многу луѓе да бараат таблети од јодид.

„Значи, луѓето мислат: „Ако има борби во област како Чернобил, сигурно има радиоактивна прашина “, рече д-р Форбриг. „Тоа е нешто што Украинците го слушнаа и помислија: „Па, [Русите] имаат мали атомски бомби. Што ако фрлат еден од оние на наша територија за да ја кажат својата поента?“

Тој рече дека Украинците, исто така, веројатно ќе бидат загрижени за радиоактивните последици доколку борбите и неселективно бомбардирање околу градот Енергодар ја оштетат нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа.



Е добро де, не мора ореовача да се пие ради јод. Доволно е и ради ракијата.
Туку, не е јодит туку јодид.
ОК!
... знам дека и ти знаеш некои други јазици освен македонскиот, но не знам дали го владееш албанскиот посебно кога се работи за медицински изрази, пошто во медицината се сретнувам со студенти па и со албанскиот јазик, а и поради владеење со други јазици често ми се случуваат и вакви грешки, пази на форум ми бараш идеалност каде има неписменост, но ќе го сфатам ова на поинаков начин има такви и вакви членови со различни нивоа!
... дури ако си приметил и пишувањето на реченици на македонски јазик понекогаш ми е во обратен редослед подмет предмет или воопшто зборови, ако во моментот се префрлувам од еден јазик во друг, на пример „нова мода“ ако буквално преведеш на албански јазик ќе биде „ ре мода“, но ако сакаме правилно ќе биде во обратен редослед „мода е ре“,
Përdorimi i jodit
Jodi përdoret në mjekësi si tretësirë alkoolike e njohur si "tinktura e jodit", jodoformi perdoret si mjet antiseptik. Jodi është element biogjen. Munges e Jodit në organizmin e njeriut shkakton strumën (gushën).
Pse njerëzit marrin kalium jodur
или
Efektshmëria e jodurit të kaliumit varet nga disa faktorë, duke përfshirë sasinë e jodit radioaktiv në të cilin jeni të ekspozuar dhe gjatësinë e kohës që kalon midis ekspozimit të rrezatimit dhe konsumit të jodurit të kaliumit.
 
Последно уредено:
Зависи каде, кога, колку и како би се употребило нуклеарно оружје, има огромни разлики во видовите на намените и радиусот на дејство на атомски, хидрогенски и неутронски бомби или боеви глави. Сега за сега најопасно сценарио е како она вчера кога беше погодена НЕЦ и тоа не било која него најголемата во Европа.
 
Зависи каде, кога, колку и како би се употребило нуклеарно оружје, има огромни разлики во видовите на намените и радиусот на дејство на атомски,
... зависи и од временските атмосферски прилики, ветер, облаци при што при нуклерна експлозија, хаварија при што се ослободува покрај други радиоактивни супстанци и радиоактивен јод кој може понатака да се вдиши и да се акумулира во штитната жлезда!

Сега за сега најопасно сценарио е како она вчера кога беше погодена НЕЦ и тоа не било која него најголемата во Европа.
... токму така, „сценарио“, доколку сакале Русите да ја дигнат нуклеарната централа биди сигурен дека со еден удар ќе беше во воздух,
Инаку сите држави кои имаат нуклеарни централи ја имаат потенцијалната опасност да се случи таква хаварија и радијација со радиоактивни супстанции во атмосферата, па и радиоактивниот јод!
Во Швајцарија има четири нуклеарни централи кои произведуваат електрична енергија Аргау, (Безнау и Лајбштад), Солотурн (Гезген) и Берн (Милеберг)., па таблетите со калиум јодид се давале од Швајцарскиот национален оперативен центар за вонредни состојби, како мерка на претпазливост во случај на нуклеарна несреќа.
...кој знае што се случува со нуклерните реактори, мислиш све кажуваат, примена на осиромашен ураниум во косовските немири, па и кај нас кој го знае, ама знаеме дека има луѓе со канцерогени промени!
и комшиите може да имаат хаварија, па ние отиднавме курбан!
 
Последно уредено:
Potassium_iodate_tablets-696x529.jpg

Тука
,,...Властите во 16-те полски провинции работеле на обезбедување на залихи на таблети со ,,Калиум јодид,, и одредување на локации за дистрибуција во случај на нуклеарна вонредна состојба како резултат на руската војна во Украина.
Во Варшава се одредени над 600 дистрибутивни пунктови во разни локации како градинки, училишта и општински канцеларии. Провинцијата Масовија во која се наоѓа главниот град има вкупно речиси 1.600 такви точки, а списокот е достапен онлајн.

Мрежата ќе овозможи таблетите да се дистрибуираат брзо во случај на нуклеарна контаминација, вели гувернерот на провинцијата Константи Раџивил. Тој забележува дека акцијата се презема „во врска со војната во Украина“, каде што има загриженост за безбедноста на нуклеарните постројки и за можна употреба на нуклеарно оружје од страна на Русија....,,

...тоа за полската власт, а нашата власт уште се занимава со купување на нови количини на антиковид вакцини, иако се во тек уништувањето на непотрошени и со пројден рок во Дрисла, наместо да обезбеди барем некоја количина од вакви Јод потасиум таблети.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom