- Член од
- 20 јули 2014
- Мислења
- 3.267
- Поени од реакции
- 8.637
ОТКАЖАН Е КОНЦЕРТОТ НА РУСКИ РОМАНСИ За никого ова не е време за романси
Националната опера и балет го откажа музичкиот рецитал на руски романси, на кој вечерва требаше да настапат студенти од Факултетот за музичка уметност.
Од НОБ велат дека концертот е откажан во договор со организаторот – Здружението на руски сонародници „Чајка“.
Министерството за култура попладнето соопшти дека во договор со организаторот се одложува концертот на руски романси, најавен за вечерва во фоајето на НОБ.
„Последните вести од Украина го загрижуваат целото човештво. За никого ова не е време за романси. И уметноста е порака, затоа никој не смее да дозволи таа да биде извалкана. Убавите романси нека останат за подобри времиња, времиња во кои повторно ќе владее мирот, нема да има жртви и никој нема да се чувствува загрозен или под закана“, соопшти Министерството за култура.