Форумски легенди!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
...браво за свестраноста на членов, туку на форумов не е загарантирана анонимноста на членството?
Од тазе си членка, ја пропушти Кајгана лигата во фудбал каде што тој неколкупати прикажа пристојна игра за тимот на јузерите (се играше админи против јузери), дури еднаш и гол ми даде.
Плус мислам дека доаѓаше и на собиранки (ако не грешам, одамна беше тоа...)
Се отиде поѓаволите кога раскинаа Стеф и Мрафка, а баш ми беа најсимпатичен Кајгана пар. Уствари второ место на листа најсимпатични Кајгана парови, први ми беа НекроСтазија.
 
Од тазе си членка, ја пропушти Кајгана лигата во фудбал каде што тој неколкупати прикажа пристојна игра за тимот на јузерите (се играше админи против јузери), дури еднаш и гол ми даде.
Плус мислам дека доаѓаше и на собиранки (ако не грешам, одамна беше тоа...)
Се отиде поѓаволите кога раскинаа Стеф и Мрафка, а баш ми беа најсимпатичен Кајгана пар. Уствари второ место на листа најсимпатични Кајгана парови, први ми беа НекроСтазија.


stef bese sekogas zabegan ali koga stana "fitnes guru" pocna shouto
 
Од тазе си членка, ја пропушти Кајгана лигата во фудбал каде што тој неколкупати прикажа пристојна игра за тимот на јузерите (се играше админи против јузери), дури еднаш и гол ми даде.
Плус мислам дека доаѓаше и на собиранки (ако не грешам, одамна беше тоа...)
Се отиде поѓаволите кога раскинаа Стеф и Мрафка, а баш ми беа најсимпатичен Кајгана пар. Уствари второ место на листа најсимпатични Кајгана парови, први ми беа НекроСтазија.
Necrostazija бе кај ти текна.....
Тоа беа првиот пар шо ги упознав на собиранката у Дајмонд 2007ма летото чинам беше. Ептен кул ликови.
 
Една од најголемите форумски легенди, во овој момент на пат кон Македонија, минува низ премрежје кое ја се надевам дека глатко ќе го преживее, ама во исто време осеќам и потреба оваа легенда достоинствено да се испочитува на форумов.

Stef Angel, Stef Shef, Stef Bachatero, а од неодамна Crypto Stef денес даде изјава за бугарски медиум околу состојбата во Украина:

Стеф во видеото дава хирушки прецизна естимација за ситуацијата во Украина. На бугарски јазик. Нешто што, нас, староседелците на форумов, не не зачудува, затоа што Стеф не е само полиглот со двојно државјанство, туку е многу нешта.

Првично зачленет како Stef Angel во неговите доцни тинејџерски години, Стеф на форумов стана познат по неговата поезија. Во таа рана фаза, на темата „Ваша поезија“, има напишано еден добар том љубовни песни, неретко по цели страни исполнети само со негови дела. Еве неколку извадоци од само една страна во темата:



Да не спамирам, ако сте заинтересирани (а треба да сте, ќе научите многу) повелете на темата и прочитајте. За жал, Стеф пребрзо го живее животот за да се навраќа и да ја издаде оваа поезија, па да ужива и пошироката јавност.
Имаше, како што има секаде каде творат големи луѓе, и detractors, малцинство малициозни кои го напаѓаа неговото творештво...



Но додека тие се давеа во завист и омраза, Стеф еволуираше. Не само во неговиот content, туку и во презентацијата. По неколку пилот проби кои денес ги нема нигде на интернет, а во кои Стеф неговата поезија ја пренесе на аудио-визуелниот медиум, на Јутјуб, Стеф стана истовремено селф-хелп гуру и стенд-ап (или сит-даун) комичар и извади неколку разорувачки во критиката, но комични во презентацијата, видеа.


Овој нов начин на презентација се покажа како доста успешен, па Стеф наиде и на мејнстрим популарност, кога дел од неговите видеа беа забележани и од најчитаниот онлајн македонски медиум, Офнет:

Стеф, за разлика од многу други, не дозволи популарноста да го стагнира неговиот напредок и да влезе во магичен круг каде ќе се копира себеси за да се одржи во очите на јавноста. Наместо да ја продолжи стенд ап кариерата, реши да спасува животи. Се појавија видеа од корпулентен, високопротеински Стеф, во кои тој, преку личен пример, дава се од себе да ја внесе апатичната и флегматична машка популација во алфа зоната, kicking and screaming.


Како и во секој друг потфат, Стеф ништо не остава недоработено. Направи сајт кој сега, за жал, веќе го нема (https://motivirajse.wordpress.com/2012/10/13/вежбајте-p-h-a-t-за-да-го-стопите-салото/) и беше на добар пат да отвори студио во кое ќе штанца вистински мажи.

Ако сакате подетално да се запознаете со овој сегмент од кариерата на Стеф, има една тема, сега веќе заклучена, во која можеби се кријат некои од видеата што сум ги испуштил. Само, ве молам, игнорирајте го хејтот кој го има во изобилие. Знаете како е тоа „зад добриот коњ“ или како и да беше. Може има хејт и од мене на некои страни, кога ме изулавела љубомората.


Не можам да го сублимирам Стеф. Еве, пробав. Стеф е премногу нешта. Поет, танчер(знае румба, самба, ча-ча-ча...), психолог, психијатар, бодибилдер, полиглот, граѓанин на светот, комичар....астролог...


А денес, и крипто-експерт. Crypto Stef.

На неговиот канал ќе најдете многу совети за тоа како да се снајдете на крипто берзата, кога да купувате, а кога да продавате. Ја не се разбирам, така шо и не знам кое видео да го споделам како најдобар приказ, ама верувам дека Стеф има помогнато, како неброени пати досега, на многу луѓе, овојпат да го наполнат нивниот виртуелен паричник.

Ние, неговите фанови, некои од почеток, како @Тапетарот Петар , a други, како мене, малку подоцна, искрено сме со мислите и молитвите кај Стеф и се надеваме дека безбедно ќе стигне до Скопје. Или Софија. Сеедно.
Ако си ти нормален :pos:

Случајно ми искача нотификација за анализава и во еден здив ја исчитав сос видео сос сВе како си е ред за психонализа на член.
А се мислев дека уште е фитнес тренер таму го оставив со мислите у некоја хала у Скопје што ја изнајми. Он крипто гуру станал у меѓувреме.
Блгарскиот за честитки. Течно без заддршка. Со анализа за Украина.
 
Ако си ти нормален :pos:

Случајно ми искача нотификација за анализава и во еден здив ја исчитав сос видео сос сВе како си е ред за психонализа на член.
А се мислев дека уште е фитнес тренер таму го оставив со мислите у некоја хала у Скопје што ја изнајми. Он крипто гуру станал у меѓувреме.
Блгарскиот за честитки. Течно без заддршка. Со анализа за Украина.
Се откажа од фитнесот, станот мислам го направи теретана, а претходно доаѓаше неколку пати во Гладијатор.
Битно создаде шампион, :D некое детенце однесе и на натпревар за бодибилдинг, се надевам само дека не му даде стероиди.

Последните година-две ми излегуваа огласи на реклама 5 од неговите справи, како прав финансиски аналитичар почека да скокне цената на железото, и ги продаде :ROFLMAO:

И нормално, таков талент беше греота да не се обиде во крипто бизнисот, со Елвис Бајрам станаа колеги во рударска индустрија, а му парираше и на GP во јутјуб, и капак на се ја растури берзата со своите инзворедни квалитети.

Во меѓувреме како и секој опасен бизнисмен, дечкото си обезбедил бекап пасош, научил јазик, и киднал во земја со полабав законодавен систем, се со цел да ужива во раскошот создаден на берза :pijani:

Следна етапа го очекувам да проба да ги хакне рулетот (martingale веројатно уште не му е откриен), и апаратите, и како секој просечен мултиталент да успее во животот.

Уште еден генијалец заборавен од државата :toe:
 
Да имавте половина од амбициозноста и работливоста на Стефчо, ќе ви цутеше животот. Типот е трудољубив. Патолошки трудољубив. Нека биде и најкич и најчизи створењето у постоење, Стеф заслужуе почит. Да се трудиш да болснеш, волку конзистентно, без ронка умор, треба да си издржливо и детерминирано копиле. 99 отсто од нас ќе ја ставеа јамката на вратот по толку исмевање и други неуспеси. Овој оди напред, учи јазици, отвора канал за криптовалути, се пробива.

Секоја му чест на ликов. Најсериозно. :D
 
Може имало подобар интернет.



Стеф!
Еден од ретките сум што одржувавав континуирана комуникација со Стеф, следејќи ја неговата кариера и еволуција како личност. Тој во Одеса беше испратен на специјална должност -- тајна задача која не смеам да ја обелоденам бидејќи ќе компромитира многу познати личности од регионот а и пошироко, а и ќе ги дестабилизира безбедносните системи во цела Источна Европа. Само можам да споделам дека успешно ја заврши конспиративната мисија. И покрај интензивните крипто-заштитни ангажмани, Стеф успеа без голем напор да освои рекорден број сексуално-заводнички трофеи. Негов редовен таргет беа неколку илјади згодни Украинки и Русинки (од Одеса и околните села) кои редовно паѓаа на неговиот шарм, боди фитнес, и ноухау.
 
Kakov timeline, Stef e glaven ochevidec. Kojznae kolku se zanesuva po ova mediumsko vnimanie.
Дури не беше толку познат лапна Русинка, сега гарант ќе смота некоја старлета :D
 
Малку ќе се сетат дека Стеф беше активен член и на еден друг македонски форум кој веќе не постои - ЗаЗабава.
И таму ширеше и проповедаше :D

НекроСтазија - не е Алфа-Мобил едниот лик од дуото? :)
 
Мене страв ми беше од Стеф кога ги постираше видеата на Кајгана. Баш се прашував што се деси со ликот. Патолошки илузии на грандиозност и нарцизам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom