Не постои теоретска шанса некогаш да имаме полоша и понеорганизирана власт од моменталната.
Во моменти кога не можеа да купат, на легален начин, вакцини Филипче и баграта околу него, која се грижи за јавното здравје, ја одби руската вакцина. Кога требаше да пристигне руската вакцина, протераа руски дипломат!
Сега дебелата ни министерка заборави дека ние намеме пари да купиме униформи за нашите војници, башка тоа што касарните ни се руинирани, воениот буџет ни се зголеми кога станавме членка на нато (притоа тука губиме 100 мил евра), а сака да глумиме суперсила со економски санкции кон Русија (во моменти кога економијата мора да закрепне и секој цент е добредојден). Црна Гора плати голема економска цена. Прва изјави дека ќе праќаме војска. Дали нејзиното дете ќе го прати? Секако дека не. Нивните деца се низ универзитетите во Европа и САД и таму ќе останат да работат и живеат.
Нашата економија е на колена, навистина е, штетите предизвикани од пандемијата нема да ги санираме ни во наредните 10 години.
Досега вештачки бевме одржувани во живот, со државни субвенции и пакети помош (каде се креираа буџетски дупки кои се санираа од кредити земени од странство, со камата) кон бизнис секторот. Зголемувањето на минималната плата и скалестото зголемување на останатите плати ќе донесе нов бран поскапувања, така за неколку месеци ни тие 18.000 ден. нема да бидат доволни за подмирување на есенцијалните потреби. Влегуваме со тркало каде контролата на цените, поради инфлацијата, е излезена од контрола.
Ќе се зголемат и пензиите, што ќе доведе до нова и поголема дупка во пензискиот фонд. Голема е веројатноста дека границата за старосната пензија ќе се зголеми!
Наскоро ќе се стопли, па нема да мислиме на енергетска криза до наредната зима, до тогаш ќе се чешаме на високите сметки за електрична енергија.
Стандардот се качува и ќе се качува, а платите нема да бидат во можност да го следат тој тренд. Го немаме тој капацитет, бизнис секторот не е доволно разгранет и нема економска моќ. 95% се МСП кои работат локално или во рамките на оваа држава. Ресурсите се тие, а бродот се полни со вода.
Некако никој за тоа не е загрижен, а целиот државен врв, ден по ден, има обраќања и изјави за состојбата во Украина. Убав спин за заборавање на сите домашни проблеми.