3.
Кокаин и крек
Кокаинот и крек можат да се земат орално, преку нос (шмркање), преку инхалација на загреан чад и др. Зборот кокаин се однесува на дрога во прав (кокаин) и во форма на кристали (крек). Се прави од растението
кока, и по метамфетамините создава најголема физиолошка зависност од дрогата.
Краткорочни ефекти
Кокаинот предизвикува моќни краткотрајни чувства за набрзо да следат спротивни чувства на депресија и вознемиреност со страшна желба за повеќе дрога. Луѓето кои употребуват кокаин често не јадат и спијат редовно. Може да почувствуваат забрзано чукање на срцето и грчење на мускулите. Дрогата може да направи луѓето да се чувствуваат
параноични, лути, вознемирени и непријателски настроени.
Долгорочни ефекти
Како додаток на ефектите што веќе ги спомнавме, кокаинот може да предизвика
раздразливост,промени во расположението, параноја, гласови, халуцинации. Толеранцијата кон дрогата ја зголемува желбата за повеќе дрога. Употребата на дрогата предизвикува силна депресија која станува длабока и подлабока со секоја употреба. Состојбата станува толку сериозна што корисникот би направил се за да добие дрога, па дури би извршил и
убиство. Доколку не пронајде начин да добие дрога би можел да изврши и
самоубиство.