Дрога ( Наркотични дроги )

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ова секој на своја одговорност.
Не беше зависна дозата некако и поврзана со телесната маса на консументот.
Да не убиеш некој случајно, па на душа да го носиш. :)
Тоа е доза за коњи.
И секое магаре шо ќе ја проба, ќе умре.
 
S

smart ass

Гостин
Ова секој на своја одговорност.
Не беше зависна дозата некако и поврзана со телесната маса на консументот.
Да не убиеш некој случајно, па на душа да го носиш. :)
Скраја да е секој на своја одговорност ама земи 70 кг и израчунај колку милиграма псеудоефедрин ќе има+кофеин(спомна и енерџи),патем не верувам да убие ова ама баш ич оти рајата шибаат табли спидови па срцето им издржува(мозоко никако:)) ова е ситна риба и да кафетин се дозволени максимум 4(2+2-зборам терапевтски) а риностоп во зависност од симптомите и нивното средување...знаеш на саут парк оние 7-мо одделенци што земаат каф медицин...епа ова е тоа:)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Одам за саат време да исконзумирам природа, непипната, нечепната, грижливо растена, со многу потенција.
Моќно! Ретко квалитетна, а домашна!

П.С. Пред некој ден еден мамурлија зврчи два кафетина за глаобол. После саат, сатипол збичи уште еден. Нацицан од претходната ноќ, квалитетно почна да се губи, да му играат типките на тастатурата, да му играат сенки и бои, ѓубре се стори.
Крелето, успешно и покрај советите бапна уште еден.
Болен мамлаз. Ојде со умо, моравме да гооднесеме домче да се среди да не го видат шефојте па да го решат во невработени.

Кафетин овердоуз е лош момент. Особено со или по алкохол!

--- надополнето ---

Е ќе забраев.
Земете таблета кафетин, запалете ја. Ќе гори пола саат :)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.441
Поени од реакции
6.096
малце оф топиќ-
Еве веќе 2 месеца и неколку дена поминаја од кога го запалив последното џокле (летото на секоја друга недела правев),имав некои стереотипи дека ке продолжам со истото темпо,но ете успеав да не запалам и заклучив дека се е до контролата врз себе...Ако неможиш да се контролираш сигурно ке се префрлиш на потешки ,но тоа е исто и со сексот,ако не си ги контролираш сексуалните нагони стануваш потенцијален педофил,силувач и тако даље...
 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
малце оф топиќ-
Еве веќе 2 месеца и неколку дена поминаја од кога го запалив последното џокле (летото на секоја друга недела правев),имав некои стереотипи дека ке продолжам со истото темпо,но ете успеав да не запалам и заклучив дека се е до контролата врз себе...Ако неможиш да се контролираш сигурно ке се префрлиш на потешки ,но тоа е исто и со сексот,ако не си ги контролираш сексуалните нагони стануваш потенцијален педофил,силувач и тако даље...

Исто и јас...
Следна доза заради училишни дилеми...на New Years Eve...:pipi::smir:
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Вчера со група психонаути бевме во потрага по Аманита Мускариа. Еве го репортот: http://bit.ly/cMfMoP
И да, ја најдовме печуркава! =)

74351_1571917971398_1038982720_31575337_6843494_n.jpg
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
According to one legend, the plant was a gift from the sun god Inti who instructed the moon mother Moma Quilla to plant the coca in the moist valleys of the Andes.It was to only be used by the Incas, as they were the descendants of the gods, to give them endurance to perform their earthly functions.The other and more famous legend involves Manco Capac, the son of god and his sister-wife Mama Oello the founders of the Inca empire.Legend says that they brought the culture of agriculture and the made the coca plant a present to the Incans for their hard labor.It was considered a divine plant which satiates the hungry, strengthens the weak, and causes those who chew it to forget their misfortunes.
Малку Јужноамеркански легенди за настанување на Кока растението од кое се прави кокаин. Е сега тука не најдов ама прочитав во друго место објаснување како од производот на ова растение умира духот кај белата раса, додека таму домородното население џвакајќи кока листови не само што нема мака туку и како добри стимуланси ги фалат.


Е сега поентата ми е дека луѓето овде на овие простори ги користат психотропните супстанции за да заглупат да заборават да се смеат како зелени, не знаат за што се користат и која е нивната оригинална цел, мислат дека треба да се здрват и тоа е тоа. Не е тоа тоа плус злоупотребување на отрови од големите фармацевски компании тоа го скршува човек начисто.



Марихуаната ги заглупува луѓето затоа што ја користат поради глупа цел....
 
T

Tetro

Гостин
Деца, денеска ќе учиме за лошите хемиски дроги

1. Мета кристали и метамфетамини

Мета кристалите и метата се инхалираат, пушат или инјектираат (вшприцуваат). Малите дози се во форма на пилули.
Мета кристалот е форма на метамфетаминот која наликува на мали парчиња на стакло или светкави сино-бели камчиња.На улицата ,има имиња како “мраз“, “стакло“, “кристал“ и други. Тоа е моќна дрога која предизвикува зависност. Nаправена од човекот и предизвикува насилно, агресивно однесување како и психолошко растројство. Многу корисници пријавуваат зависност уште при првата употреба. Претставува една од најтешките дроги за лечење.

Краткорочни ефекти

Негативните ефекти вклучуваат нарушен сон, хиперактивност, повраќање, зголемена агресивност и вознемиреност. Може да предизвика намален апетит и да дојде до загуба на телесната тежина. Во поголеми дози, зема поголем замав, проследено со зголемено расправање а понекогаш и насилство. Други ефекти се несоница, конфузија, халуцинација, вознемиреност и параноја. Може да редизвика грчење до смрт.

Долгорочни ефекти

Зголемени срцеви отчукувања и крвен притисок, оштетување на крвните садови во мозокот, доведувајќи до удари, нередовни срцеви отчукувања, кардиваскуларен колапс или смрт. Може да предизвика оштетување на црниот дроб, бубрезите и белите дробови. Корисниците може да страдаат од мозочни оштетувања, намалување на меморијата а зголемување на неспособноста за апстрактни мисли. Оние кои се излечиле имаат празнини во меморијата и екстремни промени во расположението.






 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.262
Поени од реакции
84.360
Марихуаната ги заглупува луѓето затоа што ја користат поради глупа цел....
Точно.
Колку треба да си глуп, да земеш наместо да виткаш палачинки, на пример да ја арчиш за праење на сапун, облека или нетијазнамшто. Тие ваков арч што катадневно праат, се гарант заглупени до даске.
Ненормални....
и после што да им праам ја на тие панталони од хемп, или кошула?
Да сечкам со ножици ли?
како би се издробило тоа?
А сапунот од хемп? За него нема спас - неупотреблив е. Или има некој начин како да се искористи во правилна цел?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Металхамер, добар пост за кристал метот. Го гледав филмот "The Salton Sea" и филмот навистина ме наежи, убаво е прикажано колкав проблем има Американската младина со оваа дрога.
 
T

Tetro

Гостин
...........

2. Екстази (некој мислеше дека е добро да земе една?)

Екстази обично се зема орално во форма на пилула, таблета или капсула.
Земање повеќе од една за поостро дејство, обично се нарекува „судирање“. Екстази е синтетичка (направена од човекот) дрога, направена во лабораторија. Производителите обично ја мешаат со дрога по свој избор, како кофеин, амфетамин, па дури и кокаин. Екстази е нелегална дрога и има ефекти слични на халуцинатори и симуланти. Пилулите се со различна боја и понекогаш се обележени со сликички. Мешањето на екстази со алкохол е екстремно опасно и може да биде смртоносно.

Стимулативните ефекти на дрогата како екстази го онеспособува корисникот да игра за подолго време, а топлите услови или гужвите можат да доведат до екстремна дехидратација или деструкција на срцето или бубрезите.

Краткорочни ефекти

Намалено расудување,конфузија,депресија,проблеми со спиењето, параноја, повраќање,вознемиреност и др.

Долгорочни ефекти

Продолжената употреба може да предизвика долготрајни или пермаментни оштетувања на мозокот,влијаејќи на расудувањето на луѓето и способноста за размислување.

„Екстази ме полудуваше, еден ден ја гризнав чашата, исто како што би гризнала јаболко. Требаше да имам полна уста со стакло за да сфатам што се случува со мене.“







 

Kajgana Shop

На врв Bottom