Големите изгледаат дека стојат добро зошто тие малите цело време земаат кредити и добиваат грантови ( кои се повторно позајмени пари на крајот на денот) за да купуваат од големите. Тоа е корупцијата која ја спомнав која ЕУ не смее да ја прекине во ниту еден случај. Да ги покрива кредитите на дефицитарите Бугарија, Грција, Полска, Хрватска, Романија, Латвија, Литванија, Португалија итн .. и да прекине со финансиските трансфери. Тие кредити одат директно во купување на услуги и добра од големите. Ама сите мали се веќе до гуша во долгови немаат простор за земање на кредити, а штампањето на пари за да се одржи економијата само не стави во циклус на масовна инфлација што повторно е неодрживо.
Прегледај го приврзокот 322937
A за непрофитабилноста која ја споменавм ќе ја ставам следнава споредба помеѓу Волксваген и Тојота Моторс групациите, број еден и два најголемите производители на автомобили во светот. Волксваген има х3 пати помал профит од Тојота Моторс иако имаат сличен обрт . Зголеми им ги трошоците и да видиме што ќе остане и од тој мал профит. Се што ќе добиеш е загубар со обрт од 222 милијарди евра. Што ти вреди ако произведеш и продадеш и 100 000 000 коли ако на крајот на денот губиш пари на секоја кола. Како ќе ги намалат трошоците? платите ли ќе ги намалат или германската држава ќе им субвенционира енергенси/суровини или ќе дадат уште толку кредити за да се стимулира потрошувачката и со тоа уште толку ќе ја зголемат инфлацијата?
Види ги за споредба Јапонците, иако производството им опаѓа и обртот им опаѓа кај нив профитабилноста расте зошто кратат трошоци и зголемуваат ефикасност и продуктивност.
Прегледај го приврзокот 322938Прегледај го приврзокот 322939
Ова е здравиот систем по тебе? Каде што потрошувачите можат да ги купуваат продуктите само дека се задолжуваат, а произведувачите се огромни надувани балони кои се одвај профитабилни и зависат од монопол и кредити за да имаат воопшто клиенти. Што е следно, Македонија е здрава економија? каде што најголемиот дел од економијата се состои од олигарси кои опстојуваат само поради државно трошење кое е единствено можно преку континуирано задолжување?