Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    729

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Едниов сака Европа и Америка да ја унишат Русија, го гледал Капетан Америка па мисли дека америте и англичаните го спасиле светов од Хитлер и Германија, од друга страна имаш еден што сака Русија да се претвори у нова Америка, да ја нападне Украина и слично.
Колку треба да си пореметен на вакви работи да се радуваш и да ги посакуваш?
Немаат видено крвопролевање затоа.
Јас имам желба за војна, некогаш е неизбежна и е подобра од капитулација. Да речеме дедо ми, отишол во Босна да убива фашисти германци, четници, усташи, а можел да остане дома да го гледа бебето. Другиот дедо во Скопје, тешка илегала.
Некогаш мора, иначе така со уцена, ако секој мисли така, една мала група фашисти, пример НАТО, ќе го завладее целиот свет. Ајде Косово, Ајде Либија, Сирија, Турција/таму не успеа/, Украина 2014, Јемен...
Уцената е повлечи армија од своја територија и остави ги украинските фашисти да направат етничко чистење на Донецка и Луганска република.
Интересно е западот може да стави тотално ембарго на Украина, затоа што наруши примирје, за недела дена може да падне власта, сега е јасно зашто не сакаа Русија и Белорусија да држат армија по својата граница. И ние многу добро ја осетивме таа двојна политика на запад, во војната во Македонија. Огромен притисок ако ние напредуваме и мала или никаква осуда ако албанците победуваат...
Епа што стоиш на форум. Пали патиките и бори се во Доњецк. Земи смени нешто, а не да решаваш на мирен пат.. Ете кога веќе толкава желба за војна имаш.

Ах бе, лесно е во папучи и пижамчиња, седнат покрај камин, пиејќи кафенце на лаптоп да пишуваш за крвопролевање. Во војна губат сите, нема победници. Мајки губат синови, сестри губат браќа итн. Најлошото нешто што може да се случи.
Чекај малце, многу се залета... Што беше коренот на проблемот што ситуацијата волку ескалира и некој не сака да го сопре тоа?
Мислиш Украина стои зад сето ова, помизерно народот живее од пред 10 години...

Да не се истите тие луѓе што донесоа терористи кај нас и им доставуваа оружје?
Проблемот? Проблемот почна бидејќи Јанукович сереше во златни вц шолји дома, се бришеше со крпи поставени на златни закачалки, додека обичниот украинец немаше леб да јади. Украинецот реши да го мени, дојдоа слични нему.

Не реков дека сега им е подобро на Украинците, ама никогаш не треба народот да ќути додека тие што му се на власт ги грабаат до посер. Ете затоа сме на ова што сме денес, според повеќето излагања тука, оти главната максима кај нас е “ќути има полошо“ „наведната глава сабја не ја сечи“, и „ќути си, и трај си“ и „седи мирен, да видиш какви ги има“ итн....

Русите им влегоа во Крим, им го зедоа, си го присоединија. Коренот на проблемот?! Што бараат САД и Русија да се мешаат во внатрешните работи на Украина? Едните со помагање на револуцијата, другите претходно со гасот, па потоа со Крим, па на крајов со последниве случувања? И САД и Русија се мешаат во внатрешната работа на една суверена земја која сигурно постанува колатерална штета. Зошто ни САД ни Русија нема да војуваат на сопствена територија, ама САД ќе ги наведат да извршат инвазија во Украина и ќе гинат и Руси и Украинци.

Јас овде сум нарекуван прозападен и сл. што викам дека Русија не е ништо подобра од она што го практикува Западот. Значи иста пара, две лица. А кога би можел да бирам во каква држава и уредување би живеел од тие две, нормално би ја одбрал Америка, како и 99,9% овдеприсутни, ма колку сакаат нека викаат дека не е така. Споредувале ГДП, ова она, вака така ама да му дадиш избор меѓу тие две секогаш знаеме и сами кој би им бил изборот.

И ако ние оправдуваме и не оправдуваме ќе се смени нешто ?

прво и Русите не оправдуваа мешање на САД слично, па и бајаги полошо, па видоа дека со не-оправдување нигде не стигнаа па заклучија дека не-оправдувањето нигде не ги однесе, па наместо не-оправдување, решија да прават нешто, пошто е поучинковито така.
Ете добро така е. И сега харикирам, ако сум убивал луѓе јас, треба и ти да убиваш, зошто еве ти прекипело да гледаш како убивам луѓе па сега треба да почниш и ти да убиваш? Едноставно, не ве сфаќам. Ако сум против САД да прават одредени работи во светот, и ако сакам поинакво однесување од светска сила, ќе бидам против тоа и друга земја да го прави истото, а не да фрлам со дрва и камења по САД и нивното понашање, а поддржуваш земја која се стреми да стани САД и да ги применува истите средства и истите мантри на функционирање. Принцип е во прашање.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Европа е буквално Америкас бич и нема свој политика. Што сакаат Американците им прават.
Не би рекол дека е нивна бич, проблемот на Европа е демократијата. Односно тоа што ЕУ е сојуз а не една унитарна држава како САД и има многу бирократија и премногу политички интереси се испреплетуваат во надворешната политика што придонесува за голема ригидност и не можност да се приспособат брзо на гео-политичка ситуација.

Имаат слични погледи како САД нормално но можеби порано биле нивна бич сеа не би кажал има кај се косат интересите со САД.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.094
Поени од реакции
9.401

Франција со години преговара со Австралија за да им продаде на кенгурите подморници, потроши милијарди на истражување и развој на истите за на крај Америка буквално да улета и да ги ишутира како би продала свои подморници.

Америка не само што ги прислушкува и шпионира сите Европски држави (до некаде разбирливо, сила се јебига) но викиликс откри дека вршат индустриска шпијонажа во Германија во корист на приватни Американски фирми и корпорации.

И никој не смее да писне. Останатите ЕУ држави се боранија во споредба.

Освен бич не ми иде друга споредба.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.836
Поени од реакции
36.873
Не е end goal независност на Донетск и Луганск. Тоа можеше да се изведе и без 150 илјади војници од Белорусија до Крим. Целта е решение за проблемот што Русија го има со Украина.

Многу побитен факт е изјавата на Путин дека договорот од Минск е мртов.
 
Епа тоа го зборам преригидна е ЕУ за у таква ситуација да застане против САД. Затоа што надворешната политика си ја крои секоја држава засебно. Да се унитарни ќе има друга приказна вака и да кренат Французите глас, пола од ЕУ по тоа прашање ќе си наведне глава.

Што не значи дека секаде имаат исти интереси.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.472
Немаат видено крвопролевање затоа.
Епа што стоиш на форум. Пали патиките и бори се во Доњецк. Земи смени нешто, а не да решаваш на мирен пат.. Ете кога веќе толкава желба за војна имаш.

Ах бе, лесно е во папучи и пижамчиња, седнат покрај камин, пиејќи кафенце на лаптоп да пишуваш за крвопролевање. Во војна губат сите, нема победници. Мајки губат синови, сестри губат браќа итн. Најлошото нешто што може да се случи.
Проблемот? Проблемот почна бидејќи Јанукович сереше во златни вц шолји дома, се бришеше со крпи поставени на златни закачалки, додека обичниот украинец немаше леб да јади. Украинецот реши да го мени, дојдоа слични нему.

Не реков дека сега им е подобро на Украинците, ама никогаш не треба народот да ќути додека тие што му се на власт ги грабаат до посер. Ете затоа сме на ова што сме денес, според повеќето излагања тука, оти главната максима кај нас е “ќути има полошо“ „наведната глава сабја не ја сечи“, и „ќути си, и трај си“ и „седи мирен, да видиш какви ги има“ итн....

Русите им влегоа во Крим, им го зедоа, си го присоединија. Коренот на проблемот?! Што бараат САД и Русија да се мешаат во внатрешните работи на Украина? Едните со помагање на револуцијата, другите претходно со гасот, па потоа со Крим, па на крајов со последниве случувања? И САД и Русија се мешаат во внатрешната работа на една суверена земја која сигурно постанува колатерална штета. Зошто ни САД ни Русија нема да војуваат на сопствена територија, ама САД ќе ги наведат да извршат инвазија во Украина и ќе гинат и Руси и Украинци.

Јас овде сум нарекуван прозападен и сл. што викам дека Русија не е ништо подобра од она што го практикува Западот. Значи иста пара, две лица. А кога би можел да бирам во каква држава и уредување би живеел од тие две, нормално би ја одбрал Америка, како и 99,9% овдеприсутни, ма колку сакаат нека викаат дека не е така. Споредувале ГДП, ова она, вака така ама да му дадиш избор меѓу тие две секогаш знаеме и сами кој би им бил изборот.

Ете добро така е. И сега харикирам, ако сум убивал луѓе јас, треба и ти да убиваш, зошто еве ти прекипело да гледаш како убивам луѓе па сега треба да почниш и ти да убиваш? Едноставно, не ве сфаќам. Ако сум против САД да прават одредени работи во светот, и ако сакам поинакво однесување од светска сила, ќе бидам против тоа и друга земја да го прави истото, а не да фрлам со дрва и камења по САД и нивното понашање, а поддржуваш земја која се стреми да стани САД и да ги применува истите средства и истите мантри на функционирање. Принцип е во прашање.
Бачето живее и работи во Немачка, кај еуросодомитите и наци рептилијанците, може е забеган ама не е будала :icon_lol:
Многу крвожеден ми е некако со овие желби за да имало војна, за некој кој полни полици во Алди...
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.383
Поени од реакции
7.010
Не е end goal независност на Донетск и Луганск. Тоа можеше да се изведе и без 150 илјади војници од Белорусија до Крим. Целта е решение за проблемот што Русија го има со Украина.

Многу побитен факт е изјавата на Путин дека договорот од Минск е мртов.
Дај линк за ова со договоров од Минск. Прееска видов на кратко дека кажал дека Украина константно го крши и не се придржува до договорот, ама немав време подетално да видам.

Иначе вчера имаше некое инфо дека русите имале цврсти докази за масовни гробници во источна Украина, дека ќе им ги презентирале на германците на состанок. Ако испадне вистина ова, ќе имаат јак џоќер, покрај непочитувањето на договорот од Минск и реално обесправеното руско малцинство во последниве 10-тина години, за некоја интервенција.
Најтажно од се е што како што стојат работиве, Русија нема намера да се повлече од своите линии, САД и Британија колку можат повеќе додаваат бензин на огнот и ја гураат Украина во војна, ЕУ е тотално изгубена, никако не и одговара да пукне војна, никако не и одговара да воведува санкции на Русија ама пустата е пиун на САД па не си ни прашува нешто, а најтажно е што Украина која е најзасегната и ќе биде најпогодена ко да не се грижи што може катастрофа да ја снајде, од која нема со децении да се оправи. Зеленски бара состаноци со Путин, а се што треба е да испадне јавно и да каже, ќе се придржуваже до договорот што сме го потпишале, за да се смири сируацијата, а после да седнат со ладни глави да најдат решение. Овој шутраков, војна му чука на врата, земал изјавува како ќе влегувале во НАТО, бара санкции од ЕУ и САД за Русија првентивно, за после некој ден да бара средба со Москва. Епа така не се деескалира кризна ситуација.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.876
Поени од реакции
12.983
Живи ги палеа про русите во Одеса. Не оставаа таквите слики многу одговори околу прашањето дали има масовни гробници во Источна Украина со про руси или украинци со руско потекло или како било.
Им соопштил Путин на Шулц и Макрон дека ќе ги признае ЛНР и ДНР.
Автоматски споено мислење:

Да се надополнам. Било каков самит во тој случај нема да се случи. Лично очекувам полна офанзива на Украина сега кон ЛНР и ДНР.
Автоматски споено мислење:

Украинските медиуми соопштуваат дека најверојатно ќе биде прогласена воена состојба на цела територија.
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Нема потрпелива политика од Русиве никој, на какви масакри врз нивно население не одговорија, стално попуштаат и затоа им дојдоа пред врата натовци. Замислете Иран или некој сличен да ја има воената моќ на Русија, билион пати ќе имаа отворено војна со сите.
 
Член од
6 јануари 2018
Мислења
131
Поени од реакции
193
Od neutralna gledna docka, ne mu se mn jaki argumentite.
Непобитен факт е "BREAKING: Putin says Ukraine has been reduced to the level of a US 'colony' with a 'puppet regime" ..
Нема потреба од подетално објаснување
 
Kajgana Shop

На врв Bottom