Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.995
- Поени од реакции
- 5.610
Немаат видено крвопролевање затоа.Едниов сака Европа и Америка да ја унишат Русија, го гледал Капетан Америка па мисли дека америте и англичаните го спасиле светов од Хитлер и Германија, од друга страна имаш еден што сака Русија да се претвори у нова Америка, да ја нападне Украина и слично.
Колку треба да си пореметен на вакви работи да се радуваш и да ги посакуваш?
Епа што стоиш на форум. Пали патиките и бори се во Доњецк. Земи смени нешто, а не да решаваш на мирен пат.. Ете кога веќе толкава желба за војна имаш.Јас имам желба за војна, некогаш е неизбежна и е подобра од капитулација. Да речеме дедо ми, отишол во Босна да убива фашисти германци, четници, усташи, а можел да остане дома да го гледа бебето. Другиот дедо во Скопје, тешка илегала.
Некогаш мора, иначе така со уцена, ако секој мисли така, една мала група фашисти, пример НАТО, ќе го завладее целиот свет. Ајде Косово, Ајде Либија, Сирија, Турција/таму не успеа/, Украина 2014, Јемен...
Уцената е повлечи армија од своја територија и остави ги украинските фашисти да направат етничко чистење на Донецка и Луганска република.
Интересно е западот може да стави тотално ембарго на Украина, затоа што наруши примирје, за недела дена може да падне власта, сега е јасно зашто не сакаа Русија и Белорусија да држат армија по својата граница. И ние многу добро ја осетивме таа двојна политика на запад, во војната во Македонија. Огромен притисок ако ние напредуваме и мала или никаква осуда ако албанците победуваат...
Ах бе, лесно е во папучи и пижамчиња, седнат покрај камин, пиејќи кафенце на лаптоп да пишуваш за крвопролевање. Во војна губат сите, нема победници. Мајки губат синови, сестри губат браќа итн. Најлошото нешто што може да се случи.
Проблемот? Проблемот почна бидејќи Јанукович сереше во златни вц шолји дома, се бришеше со крпи поставени на златни закачалки, додека обичниот украинец немаше леб да јади. Украинецот реши да го мени, дојдоа слични нему.Чекај малце, многу се залета... Што беше коренот на проблемот што ситуацијата волку ескалира и некој не сака да го сопре тоа?
Мислиш Украина стои зад сето ова, помизерно народот живее од пред 10 години...
Да не се истите тие луѓе што донесоа терористи кај нас и им доставуваа оружје?
Не реков дека сега им е подобро на Украинците, ама никогаш не треба народот да ќути додека тие што му се на власт ги грабаат до посер. Ете затоа сме на ова што сме денес, според повеќето излагања тука, оти главната максима кај нас е “ќути има полошо“ „наведната глава сабја не ја сечи“, и „ќути си, и трај си“ и „седи мирен, да видиш какви ги има“ итн....
Русите им влегоа во Крим, им го зедоа, си го присоединија. Коренот на проблемот?! Што бараат САД и Русија да се мешаат во внатрешните работи на Украина? Едните со помагање на револуцијата, другите претходно со гасот, па потоа со Крим, па на крајов со последниве случувања? И САД и Русија се мешаат во внатрешната работа на една суверена земја која сигурно постанува колатерална штета. Зошто ни САД ни Русија нема да војуваат на сопствена територија, ама САД ќе ги наведат да извршат инвазија во Украина и ќе гинат и Руси и Украинци.
Јас овде сум нарекуван прозападен и сл. што викам дека Русија не е ништо подобра од она што го практикува Западот. Значи иста пара, две лица. А кога би можел да бирам во каква држава и уредување би живеел од тие две, нормално би ја одбрал Америка, како и 99,9% овдеприсутни, ма колку сакаат нека викаат дека не е така. Споредувале ГДП, ова она, вака така ама да му дадиш избор меѓу тие две секогаш знаеме и сами кој би им бил изборот.
Ете добро така е. И сега харикирам, ако сум убивал луѓе јас, треба и ти да убиваш, зошто еве ти прекипело да гледаш како убивам луѓе па сега треба да почниш и ти да убиваш? Едноставно, не ве сфаќам. Ако сум против САД да прават одредени работи во светот, и ако сакам поинакво однесување од светска сила, ќе бидам против тоа и друга земја да го прави истото, а не да фрлам со дрва и камења по САД и нивното понашање, а поддржуваш земја која се стреми да стани САД и да ги применува истите средства и истите мантри на функционирање. Принцип е во прашање.И ако ние оправдуваме и не оправдуваме ќе се смени нешто ?
прво и Русите не оправдуваа мешање на САД слично, па и бајаги полошо, па видоа дека со не-оправдување нигде не стигнаа па заклучија дека не-оправдувањето нигде не ги однесе, па наместо не-оправдување, решија да прават нешто, пошто е поучинковито така.