По мое, Јава, Це Шарп, ЈаваСкрипт, Питон и Пе Ха Пе.
Ама сега кој каде стои во однос на овие пет, е тоа не знам.
Сите што ги наведов можат да се користат за изработка на веб апликации.
Сите што ги наведов освен Пе Ха Пе без користење на додатни алатки, можат да се користат за изработка на десктоп апликации.
Сите што ги наведов освен Питон и Пе Ха Пе без користење на додатни алатки, можат да се корисат за изработка на мобилни апликации.
Мање више ако не ја гледаме платформата, сите што ги наведов се за општа употреба. Постојат јазици кои работат само одредена работна околина, на пример VBA кој се користи внатре во Микрософт Ексел, Ворд, Акцес, иако постои и нешто што се вика Visual Studio 6 во кое можеш да куцаш VB6(синтаксички еднаков со VBA), и да изработуваш десктоп апликации за општа употреба.
На пример софтверот Mathematica има свој програмски јазик, и овој програмски јазик се користи само во овој софтвер.
Во главно сите што ги наведов имаат сличности во синтаксата. За да изработиш софтвер не ти е доволен само програмски јазик. Ти треба и список на барања што треба да прави софтверот. За да ги содржи бараните функционалности, софтверот мора да се изработи во делови поврзани меѓу себе на соодветен начин. За да се направат делови од софтвер може да се користат библиотеки изработени од програмерот или од трети страни или се да изработи програмерот без да користи готови помагала.
Сложеноста на софтверот е независна од програмскиот јазик пошто сите се за општа употреба што ги наведов.
Јава и Це Шарп се строго типни јазици, и се погодни за изработка на обемни и сложени софтвери, како на пример софтвер за фирми(ERP(Enterprise Resource Planning)).
ЈаваСкрипт, Питон и Пе Ха Пе ти се леснотипни јазици и се погодни за софтвер со помал обем и сложеност. (Не дека нема да работи и ERP во овие јазици, само строго типните се подобри за одржување ако софтверот има сложеност од големина на ERP)