Топ 5 програмски јазици во Македонија

Член од
6 јуни 2019
Мислења
8
Поени од реакции
15
Здраво, би сакал да ве прашам ако може некој да ми каже кој се топ 5 најдобри програмски јазици овде кај нас , во Македонија?
Јас правам проект на тема Програмски Јазици и наведов 5 , ама најдобри и најбарани во САД (според тоа колку време треба да се научи,побарувачката на пазарот и целокупната продуктивност(од најпрости апликации , па се до посложени)).
Сега мене ми треба вакво нешто (листа), на јазици според овој начин во Македонија .

Фали ви однапред :) !
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
По мое, Јава, Це Шарп, ЈаваСкрипт, Питон и Пе Ха Пе.
Ама сега кој каде стои во однос на овие пет, е тоа не знам.

Сите што ги наведов можат да се користат за изработка на веб апликации.
Сите што ги наведов освен Пе Ха Пе без користење на додатни алатки, можат да се користат за изработка на десктоп апликации.
Сите што ги наведов освен Питон и Пе Ха Пе без користење на додатни алатки, можат да се корисат за изработка на мобилни апликации.

Мање више ако не ја гледаме платформата, сите што ги наведов се за општа употреба. Постојат јазици кои работат само одредена работна околина, на пример VBA кој се користи внатре во Микрософт Ексел, Ворд, Акцес, иако постои и нешто што се вика Visual Studio 6 во кое можеш да куцаш VB6(синтаксички еднаков со VBA), и да изработуваш десктоп апликации за општа употреба.
На пример софтверот Mathematica има свој програмски јазик, и овој програмски јазик се користи само во овој софтвер.

Во главно сите што ги наведов имаат сличности во синтаксата. За да изработиш софтвер не ти е доволен само програмски јазик. Ти треба и список на барања што треба да прави софтверот. За да ги содржи бараните функционалности, софтверот мора да се изработи во делови поврзани меѓу себе на соодветен начин. За да се направат делови од софтвер може да се користат библиотеки изработени од програмерот или од трети страни или се да изработи програмерот без да користи готови помагала.

Сложеноста на софтверот е независна од програмскиот јазик пошто сите се за општа употреба што ги наведов.

Јава и Це Шарп се строго типни јазици, и се погодни за изработка на обемни и сложени софтвери, како на пример софтвер за фирми(ERP(Enterprise Resource Planning)).

ЈаваСкрипт, Питон и Пе Ха Пе ти се леснотипни јазици и се погодни за софтвер со помал обем и сложеност. (Не дека нема да работи и ERP во овие јазици, само строго типните се подобри за одржување ако софтверот има сложеност од големина на ERP)
 
Последно уредено:
Z

zmej gorjanin

Гостин
Здраво, би сакал да ве прашам ако може некој да ми каже кој се топ 5 најдобри програмски јазици овде кај нас , во Македонија?
Јас правам проект на тема Програмски Јазици и наведов 5 , ама најдобри и најбарани во САД (според тоа колку време треба да се научи,побарувачката на пазарот и целокупната продуктивност(од најпрости апликации , па се до посложени)).
Сега мене ми треба вакво нешто (листа), на јазици според овој начин во Македонија .

Фали ви однапред :) !
Како мислиш најдобри? :)

Пред се за што најдобри, за што би ги користел?

Ако мислиш најбарани бекенд програмери, тогаш тоа се Јава и .NET(ова е фрејмворк, C# е јазикот) пред се ради образовниот систем, како што е пајтон во Aмерика, но и поради тоа што поголемите фирми ги користат најчесто во некои нивни системи, поради тоа и ги викаат enterprise languages. Е сега и конкуренцијата е најголема тука.

Исто и ЈаваСкрипт, можеби ко јазик е на прво место поради фронтенд фрејморциве.

Ако мислиш што е трендинг, тогаш дефинитивно пајтон.
 
Последно уредено од модератор:

Значи и C# е еден од најбараните за работа кај нас, бидејќи многу мислев со што да почнам да учам т.е. јас поправилно да кажам едно почни , друго застани ( почнав Пајтон , па потоа JavaScript, и сега се двоумам C++ или C#).Симнав некоја апликација и почнав со туторијали , ама ми се гледа тежок малку(С++), , ама со напор нели ништо не е тешко,НО за С# ми се допаѓа бидејќи многу работи се направено со Unity3d.

Мислење за ова? Предлог ?
Фала :) !
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Хм, не сум сигурен дали ја сум правиот човек да ти дава совети за C# и .NET, ја ти давам инфо според тоа какви луѓе имам во фирма. Jас сум фулстeк PHP/Vue/jQuery девелопер, од неодамна почнав и со Node, најдобриот совет кој можам да ти го дадам е почни со тоа што највеќе ти прави ќеиф и не гледај што е најбарано, едно време и go беше ко најбаран па еве ја не сум сретнал проекти во go периодов. Ако не знаеш која технологија би ја избрал, тогаш гледај вака на работите, за да ја работиш оваа работа треба да имаш страст за неа пошто нормално ќе поминуваш саати и саати со код, за почеток све она што ти е интересно да го чепкаш и да си праиш проектчиња, учи го/работи го, па макар и Ruby да е. Создади ја основата, понатаму изучувањето на нови технологии ќе ти биде полесно.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Здраво, би сакал да ве прашам ако може некој да ми каже кој се топ 5 најдобри програмски јазици овде кај нас , во Македонија?
Јас правам проект на тема Програмски Јазици и наведов 5 , ама најдобри и најбарани во САД (според тоа колку време треба да се научи,побарувачката на пазарот и целокупната продуктивност(од најпрости апликации , па се до посложени)).
Сега мене ми треба вакво нешто (листа), на јазици според овој начин во Македонија .

Фали ви однапред :) !
Еве ти анализа дури и по плати.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.387
Поени од реакции
3.594
Здраво, би сакал да ве прашам ако може некој да ми каже кој се топ 5 најдобри програмски јазици овде кај нас , во Македонија?
Јас правам проект на тема Програмски Јазици и наведов 5 , ама најдобри и најбарани во САД (според тоа колку време треба да се научи,побарувачката на пазарот и целокупната продуктивност(од најпрости апликации , па се до посложени)).
Сега мене ми треба вакво нешто (листа), на јазици според овој начин во Македонија .

Фали ви однапред :) !
1. Rust
2. Go
3. F#
4. Elixir
5. PHP
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
1. Rust
2. Go
3. F#
4. Elixir
5. PHP
Ај прочитај пак

Здраво, би сакал да ве прашам ако може некој да ми каже кој се топ 5 најдобри програмски јазици овде кај нас , во Македонија?
За МК не ќе да се овие „топ 5 најдобри“.

---
Ако сакаш да најдеш некоја средина за топ X барани програмски јазици, направи статистика помеѓу вебовите на вработување, кариера, ИТ кариера и линкдин. Погледни ги сите огласи, стави ги во табела, пример стартни со 10/12 јазици па почни да бараш нзс. Според отворените работни позиции, ќе имаш некоја претставата за тоа кој се најдобри/најбарани 5 програмски јазици во Македонија. Мое мислење, јава, пајтон и c# се полн погодок.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Апликација напишана во јазикот кој е во изумирање (ако не е и умрен) продадена за ~ 28 милијарди долари.

Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Процентот е толку голем заради wordpress сајтови. Дури и тие да не се бројат(а треба да се бројат) пак ќе е најкористен.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ко што еден од коментарите напомена:

Not all PHP websites are run by WordPress, but all WordPress websites use PHP
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Z

zmej gorjanin

Гостин
Прегледај го приврзокот 322530

А еве кај вика дека биле парите :)
Прегледај го приврзокот 322531
И? За што ти е иконографиков?

Sql е покористен од PHP како web серверски јазик?

Кој курац се Статиста? Пајтон програмери од Индија да не гласале на анкетава?

Screenshot from 2022-02-18 22-42-21.png

Најголемите порнографски и коцкарски платформи го користат PHP. Вклучувајќи ги Pokerstars и Pornhub ко лидери. Не е само WordPress. Ете имаш и Shopify, Magento, Prestashop, Opencart (на Нептун сајтот им е правен во Opencart) ко e-commerce платформи/фрејмворци све built with PHP. На Фајзер сајтот им е правен во Ларавел.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom