TheTrooper
Психијатриски случај
- Член од
- 27 април 2009
- Мислења
- 6.830
- Поени од реакции
- 6.384
Целта на НАТО е држење на безбедноста во Европа. Русија да не беше тоа НАТО на големо ќе правеше екскурзии низ исторчниот блок. Тој НАТО држи мир на Балтикот и добар дел од источниот блок.Просечен Холанѓанин, Данец, Норвежанец или било кој од западна Европа верувам дека е спремен да му се намали стандардот и да отиде да војува со Русија се со цел да им се покаже кај им е местото и да се жртвува за Украина. Не го сфаќам постоењето на НАТО кога веќе единствена земја што може да парира на тој воен сојуз е Кина која економски го освојува светот и за 30тина година ќе има приближно висок стандард и ќе биде прва економија во свет..
Зошто да ја нападне. Доволно е да ја задуши, да ја оптерети на сите фронтови. Едно пристаниште нема Русија од каде што може во зима да излезе брод без да мора да поминува низ НАТО територија. Извозот вон природните ресурси им е занемарлив. Економијата им е помала од таа на Италија,а мора да разместуваат стотици илјади војници на сите граници за да може да ја присилат Украина, барем на хартија да се откаже од членство во НАТО. И тоа на сите им е јасно дека би било само привремено, како што НАТО немаше да оди ни метар подалеку на исток од Германија.И која е финалната цел на НАТО, да ја нападне воено пошто веќе не е моќна? Треба глуп да е Европјанинот да ризикува високоразвиените градови да му бидат бомбардирани или полошо некоја нуклеарка да му се фрли.
Русија има стагнација 2014, пад 2015 и 2016 и економски раст кој што е половина од тој што им беше пред санкциите се до 2020 кога како и цел свет имаа пад. Еве како им се движи вкупниот БДП. Европа за тој цел период бележи раст, а бидејќи Европа има многу поголема стартна позиција, секоја година што Русија нема значително повисок пораст од западот значи дека заостанува се повеќе и повеќе. 1% на Германија раст додава нова вредност колку 2.5-3% раст на Русија.Економски Русите си ја насочуваат трговијата со енергенси кон Азија, си прават воден коридор со кршење на мразот на север каде на земјите од источна Азија ќе им е поисплатливо отколку низ Суецкиот канал. Обострано е раскрстувањето, Русија има раст на економијата после падот 2014та заради санкциите и веќе има раст и не стагнира. Константо им се зголемува извозот на храна.
Времето тече и за Русија како и за Европа. И Балотели имаше огромен потенцијал, па ора ниви по Сериа Б. Инаку потенцијал како потенцијал, Русија и те како го има тоа никогаш не било спорно.На далечниот исток веќе имаат ЛНГ, купувачи ќе се Кореа и Јапонија кој имаат удел во проектот покрај Холандија.
Не им е се така црно. Не дека сум русофил и секако планирам да се иселам во некоја западна земја ама тие имаат делеку поголем потенцијал во наредните 100 години отколку Европа.
Русија е таа што анектира делови од туѓи држави и што распоредува масовни војски на своите граници.Мене тоа ме плаши Амерот заради свои интереси да не предизвика војна во Европа и така што сме ние на Балкан утепани и уште поутепани ќе сме. Ние сме насочени кон Европа и пре би гледал наши интереси и на Европа, според проценките факинг Индонезија ќе има поголема економија од Франција и Германија заедно во 2050, како изминува време се повеќе од кур нема никој да ги удара Европјаните. 21 век ако не настане голема војна источна и југоисточна Азија ќе имаат поголема економија од ЕУ и САД заедно.