vidovme kolku se zajakna pozicijata i edinstvoto na nato... pickite ustaski prvi se otkazaa od vojna so rusija.Русија е веќе поразена, нејзината долгорочна позиција е запечатена. Ова се само последни трзаи на ранет ѕвер кој може само да ти направи штета дур умира. Под ѕвер што умира мислам на Русија со амбиција да се биде супер-сила или да проектира некоја моќ подалеку од своите граници.
Јас тоа што го кажувам зборам за период од 20-30+ години, не за денес или утре. Ќе се повлече Украина од барање за членство во НАТО. Ќе ги интегрира сепаратистите од Донбас и ќе го пушти Крим. Урааа, Русија извојува победа така што го сопре НАТО на самата граница каде што таа е најтенка, а местото од каде што е историското јадро на Русија денес е најантируски регион во околината.
Таа Украина веќе никогаш нема да биде поблиску до Русија ниту милиметар од што е сега. Со анектирање на Крим никогаш проруска опција нема да дојде на власт, јазикот руски и културата руска масовно се отфрлаат, а Русија станува суштински непријател. Згора на тоа Донбас ќе стане најзаостанатиот и најскапан дел од Украина без никаква перспектива, а центарот на моќта е веќе префрлен на запад од земјата. Една нова слична турбуленција налик на онаа од 91ва и ете ја Украина во НАТО и ЕУ.
Да не збориме дека Финска и Шведска сериозно во моментов размислат за членство во НАТО. Згора на тоа, Русија му даде нова смисла на НАТО и поддршката во јавноста за НАТО и за цврст настап кон Русија е на рекордни нивоа на западот.