Кому му фали Конте нека си пушти Тотенхем - Вулвс. Во овој момент почнува.
@Syn не измислувај дека овој период лани сме играле најдобар фудбал.
Изгубивме од Сампдорија, нерешено со Рома и Удинезе и побееди против Јувентус, Кротоне и Беневенто со поширока клупа и посериозен тим.
Башка што Конте немаше потреба да мисли на ЛШ затоа што заврши 4то место во група со Борусија Менхенгладбах и Шахтјор.
Серијата на Интер (Конте) почнува од 14/02 и трае до нерешениот со Наполи на 18/04.
Ja тешко дека измислувам друже, малце си во заблуда не дека беше ова пред 4 години па да не памтиш.
Поразот од Сампдорија дојде во 16то коло, нерешеното со Рома во 17то коло значи уште во прв дел од сезона. Сфаќам, сакаш да ги претставиш работите другачие за да доловиш поента ама во конкрентниов случај си грешка. Сезоната само почна покасно ради претходната па нешто се буниш и го гледаш месецот кога се играни натрепварите, а не кое коло е.
Во 18то коло беа победени Јуве дома 2-0, рутински, и почна нова серија на добри резултати која кулминираше со победа против Милан од 0-3, во 23то коло, дел од сезоната каде што сме моментално, во меѓувреме и Фиорентина беа победени во гости пред овој дуел со 0-2, така да далеку од тоа дека ова бил лесен распоред за Интер, ама Интер играа шампионски фудбал, или, играа најдобар во Италија, небитно.
Да, беа 2 пати појаки од сеа, али поентата ми е дека во овој дел од годината екипа што освоила лани титула, газела на терен, Интер во моментов мислам дека игра далеку од оној идеален фудбал за нив, нападот на крај краева не им е синхорнизиран воопшто моментално, односно, играа добро до паузава, после паузата се доста послаби, и играта и резултатите тоа го говорат. Венеција падна едвај, а дојдоа без 8-9 играчи ради ковид, пораз од Милан, нерешено со Наполи уз лоша игра, со Емполи вадење во купот у 90та минута. Факт е дека моментално Интер се малце паднати и ја немаат онаа супериорност до паузата кога и даваа многу голови и играа убав фудбал.
Сите џокери се искористени, ако Интер сакаат титула инстантно треба да си ја подобрат играта и да се вратат на она што го играа до Декември, уз пут да не си дозволуваат киксови со помали екипи и до Јуве пожелно е да бидат 4 бода пред вториот зашто сезонава со топ 4ката имаме лоши резултати годинава, 3 нерешени, една победа и еден пораз, ако ги додадеме и таланта тука, уште 2 нерешени плус. Не сум убеден ко лани што бев дека лесно доаѓаме до титула во овој дел од сезоната, каде после Милан на сите ни беше јасно колку е саат, едноставно доминантни бевме во однос на конкуренцијата.