Не не викам дека цените почнаа да растат поради зголемување на минималецот. Цените почнаа да растат одамна, со години веќе секој кој што нема барем 5-10% покачување на годишно ниво, не тапкаше во место туку осиромашуваше. Тоа што ти го викам е дека со покачувањево на плати нема да го решат проблемот а тоа е дека цените растат и растат. Колкав и % да ги дигнат платите, цените ќе рипнат толку + 10/20% профит за препродавачите.
Ваква светска инфлација и економски распад кога имаш, најлесно со истата се справуваат земји кои можат самите барем да ги покријат најосновните намирници, енергенси и суровини ( нормално колку повеќе произведуваш сам толку подобро). Ако можеш да одржиш стабилна цена на храна ( брашно, зејтин, јајца, млеко, месо), гориво, електрична струја и топлина, за огромен дел од луѓето оваа криза која сега се случува и ќе станува само полоша ќе поминеше далеку по-неприметливо. Да увозните добра ќе продолжеа да раснат али тебе секој ден не ти треба да купиш кола или компјутер, храна/струја и превоз ти се потребни секој ден. Ние во моментов ги увезуваме сите овие работи, и тоа масовно ги увезуваме.
Јас не ти викам дека сум против покачувања на плати, ти кажувам дека се прави фама околу решение кое нема да го реши проблемот, дека целото покачување на минималец е само мачкање на очи. Си прогласија "победа" против сиромаштијата и си купија 2-3 месеци мир да може да крадат на раат. Се што прават е буквално само да купат уште некој месец за крадење и ништо повеќе.
Никој не ни збори што се планира со земјоделците и цената на гориво, ѓубриво и пестициди. Со овие цени на истите следната година на пазар цените ќе мора да бидат минимум х2 а прашање е колку и од помалите воопшто и ќе се нафатат да насадат нешто. ЕВН ене веќе ти кажува дека е во дебел минус, а цената на струјата на берзите расте и расте, а ние купуваме масовни количини во моментов дека производството е опаднато драстично. Јавен превоз малтене немаме, ниту пак имаме масовен товарен транспорт. Ако цените на горивата продолжат да раснат како сега нема да ти се исплати да идеш на работа подалеку од населбата каде што живееш.
Али касно е сега
- Земјоделски задруги и земјоделски стопанства не се организираат за еден месец
- Расадници за семенски материјал не се прават за еден ден
- Фабрики за пестициди и ѓубриво не се отвараат за еден месец
- Термоцентрали, хидроцентрали, нуклеарни централи не се градат за еден месец
- Железница не се прави за еден месец
- Централно греење, Шумски стопанства не се градат и организираат за еден месец.
- Ефикасни институции и правна држава не се прави за еден месец.