Добро сеа вие лудило ќе глумите. ДА имаше игра со рака, земено во предвид дека Коуто признал иначе јас со очи такво нешто не видов. Ама НЕ немаше пенал и покрај тоа. Разберете го ова и не глумете ретардираност.
И не ми објаснувај за Милан шо како, мене битно убо ми е, убо ми било, најубо од сите кои не навиваат за Милан ами навоваат за кој и да било друг тим последниве 20 години. Во овај период Милан практично доминира на фудбалските терени, не прајме муабет за една утакмица или за една полусезона, јас ти прам муабет за две децениска светска фудбалска доминација. То е Милан, пример за како треба да изгледа фудбалот, Милан создава играчи, ги прави легенди, Малдини, Барези, Шевченко, Руи Коста, Кака, Пирло, Гатузо ..... то збора за големината на тимот. Титулите зборуваат за големината на тимот, однесувањето, стилот, гордоста. Тие се мерила за квалитет и за почит. А не пола сезона.
Ова е за Милан накратко, а Интер не постои. Интер за мене е тим како Сампдорија, како Болоња и поразот од Интер за мене е ист како онај против Емполи или Палермо. Со мала разлика шо повеќе ретардирани инфантилни испрдоци за некаква имагинарна доминација че слушнам. Јас така ги доживувам Интер, а тебе и другите како навивачи на второкласен тим потполно ве разбирам. И имате право да му се радувате на победата над актуелниот светски и европски супер шампион, тие моменти се максимумот за екипи како Интер и др.
Чао, пријатно.
П.С. Димче не напинај брат со снимката. Ти кажав имаше снимка на стримот шо го гледав, некоја си кинеска телевизија секогаш на неа гледам Милан редовно го дават има двајца водители едното паше има дрес од 93-94 негде Mediolanum пиши на него. Ако некој гледаше на стрим нека потврди, снимка не можам да најдам и немам време сеа да барам оти ти досадваш. Сакаш вервај сакаш не вервај, немам корист да те лажам.
Иначе на клипчето шо го кладе појол Џилардино требаше да падни 2 чекори порано или ич да не паѓа. Таман не ја допре топката одбранбениот, чис пенал ќе беше. Најглуп е вака ко ќе паѓа, ама му свират судите, пенали помалце ама слободни му дават за безвеза, а слободен + Пирло = прекрасен гол.